Уредување на дворот во Здружението на слепи лица на град Неготино

1По иницијатива на секретарот на Здружението на слепи лица на град Неготино Даниела Петрова ,а во соработка со групата од Free Hikers кој беа дел од оваа акција на чело со организаторот Бојана Андонова и ЈП Комуналец  Неготино,  кој ни овозможија успешно да ја реализираме нашата иницијатива , а воедно и дел од нашите членови кои беа дел од оваа акција и кои се почуствуваа да и тие можат да помогнат и бидат од корист за уредување на дворот во Здружението.

На оваа акција имаше околу 20 луѓе кои успешно со песна го завршија денот а воедно и го исчистија сметот од дворот.Најпрво беа исечени непотребните дрва од страна на ЈП Комуналец а покасно кога дојде екипата несебично ја продолжија акцијата со чисење на дворот.Кон акцијата ни се придружија и комшиите кој со работа кој со кафенце а на крајот и со оро се заврши оваа акција на која имаше ѓубре од 3 полни тракторски  приколици .Оваа акција е за поздравување па се надеваме дека и понатаму ќе имаме подршка од страна на совесни сограѓани за да им овозможат на овие лица поубава и почиста околина каде што се во секојдневието.