Честитки за Рамазан Бајрам

Здружението на слепи и лица со оштетен вид ,Скопје и годинава на своите членови им го честита големот муслимански празник, Рамазан Бајрам.Во здружението беа собрани поголем дел од членовите со муслиманска вероисповед на кој им беа поделени  пакетчиња  ролати и баклава.Сакавме да ја испочитуваме трдадицијата и доделувањето на благите работи,со упатената добра мисла , веруваме дека ке им донесе здраје среќа и многу радост на нив и нивните фамили.Рамазан бајрам ,е празник на кој се слави духовното и телесното прочистување,затоа празникот започнува со молитва како духовна димензија и како една од четирите основни димензии во муслиманството покрај,моралната солидарната и здравствената.Во муслиманството се верува дека секој човек во себе носи добрина,милост и љубов.

Тоа треба да го почитуваме и секогаш да ги истакнуваме нашите добри особености,така ќе градиме подобра иднина за нас и нашите генерации.

Секретар

Коцева Алтана