Во посета на Рилски Манастир во НР Бугарија

4Здружението на слепите лица од  Кочани во соработка со Територијалната организација на слепите лица од Благоевград  НР Бугарија на ден 09.06.2019 година во присуство на повеќе членови организираше еднодневна екскурзија до Рилскиот Манастир сместен во подножјето на планината Рила во НР Бугарија. Пред манастирот бевме дочекани од туристички водич кој ни објасни за настанокот и опстојувањето на Рилскиот манастир до денес.

Овој ден ќе остане да се памети помеѓу членовите од убавото дружење,радоста, чуството од убавините на манастирот опкружен со манастирските конаци ,убавата природа, чистиот планински воздух и дуканчиња полни со сувенири кои можеа да се купат за успомен од посетата на манастирот  која со нетрпеливост ја очекуваа членовите. Спомените ќе останат врежани во сеќавања за поминатите мигови кај секој од нас, а дел низ неколку фотографии.

View the embedded image gallery online at:
http://nssrm.org.mk/index.php/662-kocani24#sigProGalleria5828f78244