Петогодишна традиционална средба повод патрониот празник Петровден на градот Кочани

2Здружението на слепите лица од Кочани по повод   патрониот празник на градот Кочани Петровден  12 Јули , по пети пат ја одржа традиционалната средба на која беше организиран шаховски турнир со претставници од здруженијата на слепите лица  од  повеќе градови на Р.Македонија. Средбата се одржа на 06.07.2019 год. во Кочани.

Поканети  и присутни на средбата беа претседателот на Националниот сојуз на слепите Жарко Селковски ,претседателот на  Спортската федерација на слепите Коце Димов  како и членови и  секретари  од  здруженијата ч ленки на   НССРМ.  На средбата   беа   поканети  и претставници    од  организацијата на слепите лица од   Република   Бугарија   со кои имаме  повеќегодишна погранична соработка.

Настанот беше проследен од телевизиските медиуми на локалната телевизија за која  гостите дадоа изјави исполнети со имресии за настанот .