Тркалезна маса на тема „Договорот од Маракеш“

1Националниот сојуз на слепите на Република Македонија во рамките на одбележувањето на 15.октомври Меѓународниот ден на Белиот стап-Симболот на слепиот човек-признат од Организацијата на Обединетите Нации одржа тркалезна маса под наслов Договорот од Маракеш-придобивки за лицата кои не можат да читаат стандарден печат.

На тркалезната маса се обратија Претседавачот на Националното координативно тело за имплементација на Конвенцијата за правата на лицата со инвалидност на Обединетите Нации при Владата на Република Северна Македонија г-дин Спасе Додевски кој ги истакна заложбите на оваа Влада за подобрување на секојдневието на лицата со инвалидност, но потенцираше и за активностите кои ова тело ги презема и за одлуките на Владата за спроведување и ратификација на овој Договор.
На тркалезната маса се обрати и Заменик Министерот за труд и социјална политика на Република Северна Македонија г-дин Ѓонул Бајрактар кој истакна за заложбите и конкретните активности на МТСП во овој поглед.
На тркалезната маса Догоцорот од Маракеш-придобивки за лицата кои не можат да прочитаат стандарден печат говореше и секретарот на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија М-р.Стерја Димов.На истата се свое излагање имаше и втората потпретседателка на Европскиот сојуз на слепите-организација која на Европско ниво обединува 42 земји од Европа г-а Барбара Мартин Муњоз.
Тркалезната маса со свое обраќање ја збогати и г-а Катерина Бигович советник за меѓународни односи на Сојузот на слепите на Црна Гора.
Ексклузино присутните учесници имаа можност и да ги погледнат двата видео спота кои беа изработени во рамките на кампањата за подигнување на свеста за пристапни книги за лицата кои не можат да го прочитаат стандардниот печат 
Правото на читање е основно човеково право.Слепите лица не сакаат да читаат тоа што им се нуди и тие, како и сите други граѓани сакаат да имаат можност за избор што да читаат.
Тркалезната маса беше збогатена со поддршката на Заменик народниот правобранител на Република Северна Македонија г-а Васка Бајрамовска, со присутни претставници на Министерството за култура,пријатели и соработници на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија.

View the embedded image gallery online at:
http://nssrm.org.mk/index.php/682-nssrm28#sigProGalleriadb9e1af1d6