Здружението на слепите лица од Кочани го одбележа - 15 Октомври Меѓународниот ден на слепите лица

3Здружението на слепите лица од Кочани и годинава активно учествуваше во одбележување на 15 Октомври Меѓународниот ден на слепите лица.На предлог и донесената одлуката на Извршниот одбор на здружението од Кочани одбележувањето се одржа на самиот ден во Благоев град со зедничка средба на членовите од Реѓионалната организација на слепите лица од Благоев град НР Бугарија.

Од здружението од Кочани на Меѓународна средбата присуствуваа 20 члена. После поздравните говори на претседателите , претседателот на Сојузот на слепите на округот на Благоев град НР Бугарија господинот Борислав Лазаров пред присутните ѓи афирмираше преземаните активности на сојузот ставаќи акцент на проектите кои треба да се во тек, поставување на тактилни патеки во центарот на градот.

Во знак на Меѓународниот ден на слепите лица се продифилира по главната улица на Благоев град со белото стапче за препознавање од учесниците во сообраќајот . На средбата се реализираа и активности кои се дел од спортки игри натпревар во табла и игра со која за прв пат се сретнаа нашите членови ШОУ – ДАН.По завршување на работниот дел на средбата,присутните членови на манифестацијата се дружеа разменувајќи искуства . Од настаните споделивме убави мигови кои ќе ни остават сеќавање и продлабочување за понатамошна меѓународна соработка.

Секретар- Гордана Велкова

View the embedded image gallery online at:
http://nssrm.org.mk/index.php/685-kocani26#sigProGalleria091f9cee64