ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТА ЗА 2016 ГОДИНА

Категорија Документи

ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТА НА

НАЦИОНАЛЕН СОЈУЗ НA СЛЕПИТЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ЗА 2016 ГОДИНА

          Согласно со усвоената Програма за работа на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија за 2016 година број 01-511/1 од 24.08.2015 година,согласно со Финансовиот план на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија број 01-512/1 од24.08.2015 година,  согласно со Статутот на Национален сојуз на слепите на Република Македонија број 01-70 од 28.02.2011 година, согласно со Законот за инвалидски организации на Македонија (Сл.Весник на РМ број 89 од 18.07.2008 година),како и неговите измени и дополнувања (Сл.Весник на РМ бр.59/2012 и 23/2013 од 14.02.2013 година, согласно одлуките и напатствијата за работа дадени од страна на Извршниот одбор како раководен орган на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија, согласно препораките за работа дадени од страна на Надзорниот одбор, согласно одлуките донесени од страна на Собранието на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија како највисок орган на управување, согласно упатствата за работа на Статутарните Комисии и работни тела од постојан и привремен карактер во изминатата 2016 година се реализирани голем број на активности и остварени голем број на цели  кои се поврзани со прашањата, потребите и проблемите на слепите и слабовидни лица на целата територијата на Република Македонија.Националниот сојуз на слепите на Република Македонија во изминатата 2016 година организираше и спроведе бројни трибини, тркалезни маси, поднесе иницијативи за измени и дополнувања на позитивните законски прописи, како и усугласуавње и хармонизација на законодавството на Република Македонија со Европското законодавство, а се со една единствена цел што подобро утре на секое слепо и слабовидно лица во Република Македонија.

            Согласно со Статуот на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија број 01-70 од 28.02.2011 година каде се одредени јасно целите на дејствување Националниот сојуз на слепите на Република Македонија претставува  национална инвалидска организација која е чадор организација во која членуваат 17(седумнаесет )  општински или локални  и меѓуопштински здруженија на слепи лица кои дејствуваат на локално ниво која на целата територија на Републиката и брои 2550 (според податок од октомври 2016 година ) слепи и слабовидни лица членови на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија.

            Националниот сојуз на слепите на Република Македонија е формиран уште во далечната 1946 година односно на 06.јуни 1946 година заедно со тогашното Министерство за социјални грижи е формиран иницијативниот одбор за основање на Здружение на слепи во Македонија.Подоцна на 14.јули 1946 година во Земун се одржува и првото основачко Собрание на Здружението на слепите на кое се избра и централен одбор на ова здружение.На истото сите присутни се запознаа со принципите на оваа организација, принципи кои и денес сеуште важат.Иницијативниот одбор ја започнува својата работа како Главен одбор.И првата конференција или состанок на Главниот одбор, се одржува на 30.август 1946 година.На истата се разгледаа задачите кои произлегоа од Основачкото Собрание на Здружението на слепите.

            Националниот сојуз на слепите на Република Македонија во изиминатата 2016 година го одбележа големиот 70 годишен јибилеј, 70 години Визија за Светлина, 70 години Ништо за Нас-Без нас, 70 години Светлина на патот на слепите лица, 70 години Симбол на постојаниот стремеж и непребол за достоинствен живот, 70 години Темел во современата македонска држава.

Националниот сојуз на слепите на Република Македонија е една од ретките организации во Република Македонија која може да се пофали со така голем јубилеј.

Националниот сојуз на слепите на Република Македонија претставува единствен легитимен претставник на повеќе од 2550 слепи и слабовидни лица од целата територија на Република Македонија, организација од особен јавен интерес, непрофитна, непартиска, доброволна, национална инвалидска организација.

Националниот сојуз на слепите на Република Македонија согласно решение на Министерството за труд и социјална политика на Република Македонија број 10-5305/2 од 14.10.2009 година се стекна со статус на инвалидска организација, а согласно решение број 10-12345/20 од 29.09.2009 година на Министерството за труд и социјална политика на Република Македонија се стекна со статус на национална инвалидска организација.

Националниот сојуз на слепите на Република Македонија (НССРМ)  е формиран  во далечната 1946 година, веќе од 70 години дејствува како национална инвалидска организација, невладина, непартиска, непрофитна организација од особено општествено значење.

НССРМ е единствен легитимен претставник на повеќе од 2550 слепи и слабовидни лица во Република Македонија.

НССРМ е единствена невладина и непрофтина национална  инвалидска организација-чадор организација која ги застапува правата на лицата со оштетен или целосно загубен вид во Република Македонија преку своите 17 општински и меѓуопштински здруженија на слепи лица-членки на НССРМ.

            Вистинската улога на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија  е всушност координирање на работата на општинските и меѓуопштинските  здруженија на слепи лица на сите полиња на дејствување.Националниот сојуз на слепите на Република Македонија  всушност воспоставува потесна соработка помеѓу своите здруженија на слепи лица-членки на НССРМ,но меѓудругото  остварува и  меѓународна соработка како и соработка со државни органи и институции на системот во земјата,меѓудругото остваруваме и соработка со невладиниот сектор во земјава и во странство како и веќе  7 (седум)  децении односно уште од далечната 1946 година од самото свое основање  па се до ден денешен постојано се грижи за унапредување на правата на слепите и слабовидните лица на целата територија на државата.

            Во однос на нашето основање во далечната 1946 година значајно е да се напомене работата на првиот претседател и основач на Сојузот на слепите  на Република Македонија Димитар Дерменџиев кој претставува неуморен борец за достоинството и за правата на слепите и слабовидни лица, борец за националните права на македонскиот народ помеѓу двете Светски војни и учесник во НОБ, и доследен борец за слободна, самостојна и независна држава Македонија, а нам ни останува да ги следиме постулатите кој тој ги поставил на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија како единствен пат по кој треба да се движи НССРМ.Националенниот сојуз на слепите на Република Македонија претставува Светлина на патот на слепите лица, главен двигател и водич во остварувањето на нивните компензациони права и бенефиции.Овде велиме дека станува збор за компензациони права, затоа што тоа не се права како позитивни законски прописи во својство на позитивна дискриминација, тоа се компензациони права за загубен вид.

            Националниот сојуз на слепите на Република Македонија во годината која измина 2016 година активно работеше на промоција на активностите во рамките на одбележувањето на 70 годишниот јубилеј, 7 децении Визија за Светлина, 7 децении Светлина на патот на слепите лица, 7 децении Симбол на постојан стремеж и непребол за достоинствен живот, 7 децении Ништо за Нас-Без Нас, 7 децении Темел во современата македонска држава.

            Националниот сојуз на слепите на Република Македонија во својата заложба да се преструктуира во модерна организација која ќе му пружи можност на секое слепо и слабовидно лице да се занимава со спорт, култура, шах, рекреација, да земе учество во активностите за збогатување на социјалниот живот на слепите лица во зависност од нивните интереси и можности, како и барања и потреби.

            Наша мисија за унапредување и за достоен живот на слепите лица во општеството се остварува со постојано промовирање на проблемите,интересите и потребите на слепите лица во општеството како и преку спроведување на нашите активности од најразличен вид како спорт и спортски активности, шах, рекреација, култура и културен живот, образование и едукација, оспособување за посамостоен живот, информирање, забава и слично.

            Промоцијата односно укажувањата за проблемите и потребите на лицата со целосно или делумно оштетен вид се одвива преку локалните медиуми, националните медиуми, гостувања по телевизиските и радио станици ширум земјата, печатените медиуми, електронските медиуми, преку Звучното списание "Панорама" и Браевото списание "Наш Збор" како и преку звучното списание "Зрак" кое го издава Браевата  библиотека "Ратко Пајдаков" која функционира во рамките на Здружението на слепи лица на општина Велес-членка на НССРМ.

            Националниот сојуз на слепите на Република Македонија својата промоција за јавноста ја одвиваше и преку својата официјална интернет страна www.nssrm.org.mk

            Официјалната интернет страница на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија минатата 2016 година беше промовирана и како прва онлајн аудио библиотека за сите, односно сите аудио книги се достапни на истата во верзија на читање-слушање без притоа да можат да се симнат и да се злоупотребуваат авторските права.Вакви системи на аудио книги се широко развиени во развиените држави, додека во нашата држава за прв пат е достапна онлајн аудио библиотека за сите.

            Станува збор за прва онлајн аудио библиотека, но истовремено и главен информатор за активнотите на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија и неговите здруженија на слепи лица членки.

            Здруженијата-членки на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија на општинско и меѓуопштинско ниво меѓусебно се надополнуваат во своите активности и меѓусебно потесно соработуваат со цел остварување на едно организационо единство кое одговара на веќе воспоставените принципи на ефикасност, ефективност, навременост и рационалност, точност во работата како и на интересите на слепите и слабовидните  лица од целата територија на Република Македонија.

            Националниот сојуз на слепите на Република Македонија (НССРМ) претставува национална инвалидска организација.Националниот сојуз на слепите на Република Македонија претставува чадор организација која е составена од 17 (седумнаесет) општински и меѓуопштински здруженија на слепи лица-членки на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија согласно Статутот на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија број 01-70 од 28.02.2011 година.

Националниот сојуз на слепите на Република Македонија исто така ги поддржува и помага и Културното уметничко друштво "Билјана" како и Радио аматерскиот клуб "Видик" при Здружение на слепи и лица со оштетен вид на град Скопје како и Шаховскиот клуб "4-ти Ноември" и Културно уметничкото друштво "Караѓуле" при Здружението на слепи лица на општина Битола.

Значајно да се напомене е дека КУД "Билјана" и КУД "Караѓуле" се единствени културно уметнички друштва во Македонија, а на целиот Балкански полуостров има уште едно културно уметничко друштво во кое членуваат како вокални солисти и инструменталисти потполно слепи и слабовидни лица. Националниот сојуз на слепите на Република Македонија како чадор организација согласно Статутот на НССРМ број 01-70 од 28.02.2011 година е составена од следниве 17 општински и меѓуопштински здруженија на слепи лица-членки на НССРМ   и тоа:

1. Здружение на слепи и лица со оштетен вид на град Скопје
2. Здружение на слепи лица на општина Битола
3. Здружение на слепи лица на општина Прилеп
4. Здружение на слепи лица на општина Велес
5. Здружение на слепи лица на општина Штип
6. Здружение на слепи лица на општина Кавадарци
7. Здружение на слепи лица на општина Куманово
8. Здружение на слепи лица на општина Кочани
9. Здружение на слепи лица на општина Охрид
10. Здружение на слепи лица на општина Струга
11. Здружение на слепи лица на општина Тетово
12. Здружение на слепи лица на општина Струмица
13. Здружение на слепи лица на општина Свети Николе
14. Здружение на слепи лица на општина Гевгелија
15. Здружение на слепи лица на општина Неготино
16. Здружение на слепи лица на општина Кичево
17. Здружение на слепи лица на општина Македонски Брод


            За широката мрежа на наши здруженија-членки говори и самиот преглед кој укажува на тоа дека нашите канцеларии и нашиот стручен кадар им е достапен на слепите и слабовидни лица ширум Републиката на најнепосреден можен начин.

            Членувањето во Националниот сојуз на слепите на Република Македонија се класифицира во три групи во зависност од оштетувањето на видот.

  • Група А –Оштетување од 100 %(потполно слепило-амурозис)
  • Група Б-Оштетување на видот од 99%-97%.
  • Група Ц-Оштетување на видот од 96%-90%.

Овој извештај содржи сумарен преглед на реализираните и покренатите активности во 2016 година кои се конкретно превземени од страна на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија, за што веќе пишувавме и во месечните извештаии кои НССРМ ги доставува.

На почетокот на овој Годишен Извештај за реализирани програмски активности за 2016 година  на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија сакаме да истакнеме дека истиот не  е сеопфатен, но во глобала односно генерално ги опишува главните активности кои Националниот сојуз на слепите на Република Македонија преку своите органи и тела ги има преземено за подобрување на животот на слепите и слабовидните лица во Република Македонија во текот на 2016 година.

Овој извештај ги опфаќа позначајните активности кои Националниот сојуз на слепите на Република Македонија ги има преземено во текот на календарската 2016 година, а за нашите подетални активности во 2016 година пишувавме во месечните извештаи.

Националниот сојуз на слепите на Република Македонија преку своите 17 општински и меѓуопштински здруженија на слепи лица-членки на НССРМ уште од најрана возраст па во текот на целиот живот презема активности и мерки за подобрување на животот на оваа категорија на граѓани односно презема мерки од пронаоѓање на слепите и слабовидните лица преку центрите за социјална работа, па се до нивно упатување за оставрување на позитивните законски прописи, упатуавње на школување, обезбедување на публикуваните материјали, учебници, лектири, учебни помагала во техники достапни за слепите лица како Браево (Релјефно) писмо, аудио издание (ЦД), итн, па се до вработување, професионална рехабилитација, едукација, стручно оспособување, итн.

Националниот сојуз на слепите на Република Македонија обезбедува разни курсеви и обуки за слепите и слабовидни лица од целата територија на државата.

Наша најзначајна активност е промоција на слепилото односно на слепите лица како лица со најтешка категорија на инвалидност во општеството и континуирано работење на полето на подигнувањето на јавната свест за проблемите и потребите на оваа категорија на граѓани.

Нашата перцепција е Македонија да биде земја без бариери и без предрасуди за слепите и слабовидните лица за што можеме да напоменеме дека преку постојаното присуство во медиумите и преку постојаното говорење за проблемите, решенијата на проблемите и позитивните примери во најголема мера со влијае врз јавната свест за оваа категорија на граѓани.

Комплетно менување на пошироката јавна свест како и следењето на светските трендови во однос на компензационите права на слепите и слабовидните лица и нивната имплементација во наши услови на живеење и делување, лобирање за изменување и дополнување на позитивното законодавство во однос на подобрување на животот и самостојност движење и независен живот за слепите и слабовидните лица ширум целата територија на Република Македонија.Само со следење на Европските и Светските текови на модерното живеење и модерната и напредна технологија во однос на тифло-технички помагала ќе допринесеме за што понезависен и посамостоен живот на слепите лица.

Националниот сојуз на слепите на Република Македонија е единствен легитимен претставник на слепите и слабовидни лица во Република Македонија.НССРМ како организација надлежна за работа и остварување на правата и бенефициите на слепите лица како лица со најтешка категорија на инвалидност.

            Меѓу позначајните активности од административно-технички карактер се комплетно администрирање на барањата на слепите лица и нивно комплетирање, изготвување и доставување за(остварување на правото на посебен додаток за слепило, остварување на правото на помош и нега од друго лице, остварување на правото на постојана парична помош, социјална помош, детски додаток и слично,остварување на правото на 6(шест)  бесплатни повратни карти со автобус во меѓуградскиот сообраќај во рамките на територијата на Република Македонија, понатаму остваруавње на правото на бесплатен превоз во меѓуградскиот сообраќај со железница, остварување на правото за слободна карта во градскиот превоз со јавното сообраќајно претпријатие Скопје(ЈСП Скопје), остварување на правото на повластен паркинг на ЈП Паркинзи на општина Центар и на ЈП Градски Паркинг Скопје, остварување на правото на повластено минување на патарина на наплатните рампи ширум државата односно ослободување од наплата на јавна такса за користење на јавен пат,најразлични потврди за повластено осигурување на моторните возила, потврди за во мобилните и фиксни оператори ширум земјата, како и повтди наменети за кабловските оператори за повластени пакети за слепи лица,средување на документи за ослободување од јавна давачка радиодифузна такса и уште многу други работи од административен карактер.

            Како значајна новина која Националниот сојуз на слепите на Република Македонија веќе со години ја бараше е воведувањето на позитивен законски акт со кој се донесе Програма за рефундирање на средства платени како царински давачки, данок на додадена вредност и акциза за набавка на патнички автомобил за лица од повеќе категории на инвалодност меѓу кои и спаѓаат лицата со најтешката категорија на инвалидност потполно слепите лица (Службен весник на Република Македонија бр.6/16 и Службен весник на Република Македонија бр.120/16).Напоменуваме дека ова беше децениска заложба на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија која конечно по повеќе годишни напори и заложби од наша страна се оствари.Значајно да се напомене овде дека станува збор за компензационо право и дека тука на возилото се гледа како на неопходна потреба на секое потполно слепо лице за обавување на најосновите животни потреби, одење до работа, до здравствена установа, до било која институција за било кое негово барање и боли која негова потреба.

            Националниот сојуз на слепите на Република Македонија постојано се залага да Република Македонија го потпише Меѓународниот договор склучен помеѓу Светскиот сојуз на слепите и Свестката организација за интелектуална сопственост т.н. Маракеш Договор потпишан  во 2013 година во Мароко, со кој на оваа категорија на граѓани им се дава основното права Право да читаат.Согласно истиот договор кој Националниот сојуз на слепите на Република Македонија постојано се залага и апелира до сите институции на  системот да преземат мерки и активности да  го потпишат и ратификуваат им се овозможува на оваа категорија на граѓани како лица со најтешка категорија на инвалидност да имаат достапност до сите публикувани материјали, книги на техники достапни ним, како електронски книги, Брајово (Релјефно) писмо, аудио книги и слично, односно сите издавачки центри сите печатени материјали ќе треба да овозможат д абидат достапни во техники достапни за слепите и слабовидните лица како задолжителен примерок.

            НССРМ постојано се залага за зголемување на правата и бенефициите на слепите лица за што напоемнуваме дека не станува збор за одредени бенефиции туку исклучиво за компензациони права кои се цивилизациска придобивка на модерниот свет за лицата со најтешката катгорија на инвалидност-слепилото.

            Организираме спортски активности во Шах и Гол-Бол на локално, национално, регионално и меѓународно ниво како државно првенство во Шах и Гол-Бол како и меѓународни натпревари во Шах и Гол-Бол.Во последните години организираме и традиционални фудбалски турнири за слепи лица.Традиционалниот фудбалски турнир заслепи и слабовидни лица во 2016 година се одржа во градот Прилеп традиционално во организација на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија со Здружението на слепи лица на општина Прилеп-членка на НССРМ.Традиционално фудбалскиот турнир се одржува по повод Денот на Републиката, Денот на независноста на 08.09.2016 година.На истиот учествуваа екипи во фудбал за слепи и слабовидни лица од Струмица, Скопје, Прилеп, Тетово.

            Традиционалниот фудбалски турнир се одржува во траење од еден ден и истиот е со цел развивање на овој спорт кај слепите лица и преземање на активности во рамките на одбележувањето на Денот на Независноста 08.09.2016 година.

            Збогатување на културниот живот со посета на театри, кина, музеи, изложби, советувања, семинари, конгреси, тркалезни маси,концерти и слично на локално, национално и меѓународно ниво.

            Значајно да се напомене е дека на локално ниво нашите оштински и меѓуопштински здруженија на слепи лица-членки на НССРМ имаат одлична соработка со културните институции низ земјата кои во секоја прилика им излегуваат во пресрет и им обезбедуваат слободен влез за оваа категорија на граѓани, но значајно да се напомене е дека и Националниот сојуз на слепите на Република Македонија има одлична соработка со културните институции низ државата кои за странските гости на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија претставници на Сојузите на слепи лица низ светот секогаш обзебедуваат слободен влез а се со една единствена цел промоција на македонската историја и традиција низ вековите.

            Органзирање на рекреативни активности како екскурзии за слепи лица еднодневни и дводневни на некој од познатите култуни и историски центри низ земјата, како и организирање на најразлични семинари и натпреварувања за слепи и слабовидни лица ширум Републиката.

            На локално ниво здруженијата организираат една или повеќе екскурзии во текот на годината во зависност од планот на активности на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија.

            Националниот сојуз на слепите на Република Македонија организира традиционални натпреварување на државно ниво како највисоко ниво, како и меѓународни семинари и советувања на најразлични теми.

            Организирање на курсеви за работа со персонален компјутер за слепи и слабовидни лица со говорна синтеза, организација на Курсеви за ориентација во просторот, курсеви по јазици, курсеви по готварство, курсеви по масажа,  и слично.За нашите членови на месечно ниво дистрибуираме и изготвуваме и комплетно редактираме Брајово(Релјефно) списание "НАШ ЗБОР"  и Звучно списание"ПАНОРАМА" изработено на аудио цд  како и радио емисија на Македонското радио која се емитува 4(четири)  пати месечно "ПАНТАРЕИ".

            На годишно ниво изданијата на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија излегуваат на месечна основа, а за време на летниот период во месеците јули и август излегува двоброј на обете изданија.

            Националниот сојуз на слепите на Република Македонија своите изданија ги дистрибуира до заинтересираните членови од целата територија на државата, но и до заинтересирани слепи и слабовидни лица како и институции и библиотеки за слепи лица од Србија, Хрватска, Косово, Бугарија...

            Аудио материјалите за слепи лица меѓудругото се достапни и за пошироката македонска и светска јавност која е заинтересирана за активностите на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија и мерките кои ги рпезема во грижа за заштита и унапредуавње на правата и бенефициите на лицата со најтешката категорија на инвалидност токму слепите и слабовидните лица преку официјалната интернет страна на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија која воедно е и прва и единствена онлајн аудио библиотека во државата www.nssrm.org.mk

            НССРМ преку текот на целата година се залага за зголемување на фондот на аудио книги за што имаме потпишано и Меморандум за соработка со Министерството за култура на Република Македонија, Министерството за труд и социјална политика на Република Македонија, приватните национални и локални тв и радио медиуми, Форумот на оратори на Правниот Факултет во Скопје, како и Националнито радиодифузен сервиз Македонската радиотелевизија.Во однос на збогатувањето на фондот на аудио книги НССРМ постојано се залага самостојно од свои средства за издавање и снимање на аудио книги.

            Националниот сојуз на слепите на Република Македонија во соработка со Министерството за труд и социјална политика на Република Македонија во рмакиите на проектот "400 аудио книги за лицата со оштетен вид " изработи и сними аудио книги на аудио цд за слепите и слабовидните лица.Аудио книгите се достапни во НУБ Свети Климент Охридски во Скопје, во Државното училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид Димитар Влахов во Скопје, Кисела Вода како и во просториите на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија.Преку овој проект во повеќе наврати во изминатата 2016 година се снимија голем број на аудио книги за слепи и слабовидни лица.

            Националниот сојуз на слепите на Република Македонија согласно својот задолжителен примерок за заинтересираните слепи и слабовидни лица од целата територија на државата на нивно барање им се изработуваат дупликати од истите аудио книги на аудио цд и им се дистрибуира на домашна адреса, додека за оние кои знаат да работат на персонален компјутер и за помладите истите се достапни на интернет страната на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија www.nssrm.org.mk

            НССРМ како главни свои цели ги има:

  • Откривањето,упатувањето на школување, описменување на Брајово(Релјефно)писмо, рехабилитација, вработување, приспособување на работните места;

  • Обезбедуавње на тилфо-технички помагала за самостоен живот и работа на слепите лица, помагала кои им служат на слепите лица и со чија помош во некоја мера го надополнуваат изгубениот вид и го поедноставуваат секојдневниот живот, работа и ориентација во просторот и средината во која живеат;

Во овој дел значајно да се напомене е дека Националниот сојуз на слепите на Република Македонија во изминатите четири календарски години 2013, 2014, 2015, 2016 година добива наменски средства за набавка на тифло-технички помагала за слепи и слабовидни лица согласно Одлука на Владата на Република Македонија за распределба на средства од игри на среќа и забавни игри.За календарската 2016 година согласно Одлуката за набавка на тифло-технички помагала објавена во Службен Весник на РМ број 2 од 08.01.2016 година, за Националниот сојуз на слепите на Република Македонија беа предвидени и доделени наменски средства во износ од 500.000,00 денари.

Националниот сојуз на слепите на Република Македонија како и секогаш така и овој пат по спроведената интерна анкета по здруженијата на слепи лица-членки на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија за тоа кои помагала се најпотреби за членовите за слепите и слабовидните лица оваа година согласно добиениот износ на доделени наменски средства и согласно добиените донации од правни лица за потребите на слепите и слабовидните лица од целата територија на Република Македонија набави и распредели помагала согласно одлуката за процентуална распределба на тифло-технички помагала.

Би сакале да напоменеме дека овие акции и проекти се остваруваат благодарение на одличната и плодна соработка со Министерството за труд и социјална политика на Република Македонија и со Владата на Република Македонија и дека ова е прв пат од осамостојувањето на Република Македонија во 2012 преку Министерството за здравство, потоа од 2013, 2014 ,2015 и 2016  година Министерството за труд и социјална политика на Република Македонија ја препозна оваа добра идеја и му префрла наменски средства на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија за набавка на тифло-технички помагала, но ова наиде на добар прием и кај дел од бизнис заедницата.

Повторно апелираме дека Националниот сојуз на слепите на Република Македонија бара набавката на тифло-технички  помагала за слепи и слабовидни лица да биде регулирана со Правилник за медицински и дурги ортопедски помагала и истата да оди на товар на Фондот за здравствено осигурување, како кога станува збор за очни протези и слично.

  • Превенција на слепилото;

Во оваа активност на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија во текот на календарската 2016 година продолжи  проектот кој е  Американска донација и со кој се опфаќаат   деца од предшколска возраст на кои им беа обавени превентивни здравствени прегледи на сетилото за вид, а се со цел подигнуавње на јавната свест за ризиците од здравствени проблеми со очите, превентивни мерки, како и локација и упатување на понатамошно лекување на дечиња кои имаат проблеми со видот.Ова е одличен проект кој нашите Американски партнери го препознаа како иновативна идеја.

  • Законска регулатива за правата и бенефициите на слепите лица како права и бенефиции согласно важечките законски прописи како и предлагање на нови законски прописи во однос на бенефиции при вработување, школување, паричен надоместок за помош и нега од друго лица, паричен надоместок за слепило, итн.

  • Развој на нивната духовна и телесна култура (Во овој дел спаѓа производството и дистрибуцијата на книги и друга стручна литература на Брајово (Релјефно) писмо, како и на книги и друга стручна литература во Звучна техника и во дигитална форма, повеќенаменски списанија кои опфаќаат теми од областа на култура, спорт, образование, информации,антропологија,медицина и слично,понатаму музички литературен и радио аматеризам, спорт, шах и рекреација за слепи лица, како и радиоемисија комплетно редактирана од страна на НССРМ );

  • Промоција на проблематиката на слепите лица во општеството

  • Помош на слепите лица при образование

Националниот сојуз на слепите на Република Македонија преку својата издавачка дејност и преку својата Брајова и Звучна библиотека им нуди сервисни услуги на своите корисници на материјали достапни на Брајова и Звучна техника, на стручна литература, списанија итн...

  • Информирање и издавање на списанија, учебници,учебни помагала, публикации, стручна литература и слично

Од најголема помош е издавањето на списанија и стручна литература за лицата со оштетен вид во земјата.Националниот сојуз на слепите на Република Македонија за промоција ан своите активности во земјата но и во странство ги издава Браевото списание "НАШ ЗБОР" и Звучното списание "ПАНОРАМА".Интернет страната на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија функционира како прва онлајн аудио библиотека за сите во земјата.Тоа значи од 2016 година заинтересираните членови слепи и слабовидни лица имаа можност да слушаат најпознати дела и класици, како и нобеловци во литературата.На интернет страната на  Националниот сојуз на слепите на Република Македонија објавени се аудио книги кои се донација до Министерството за труд и социјална политика, потоа книги од продукцијата на Македонската радио телевизија, аудио книги кои ги има снимено Националниот сојуз на слепите на Република Македонија, но и аудио книги од Браевата  Библиотека "Ратко Пајдаков " од Велес која функционира во рамките на Здружението на слепи лица на општина Велес-членка на НССРМ.

Интернет страна на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија нуди информации во однос на тоа со кои книги на Брајова техника располага нашата Брајова библиотека и кои книги можат читателите да ги изнајмат за читање.

Меѓудругото интернет страната на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија функционира и како главен информатор за активностите на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија на истата се објавуваат и известување, конкурси, објави, повици и слично...

Најголема помош во издавањето на аудио материјали но и материјали на Брајова (Релјефна) техника за целата држава дава и Браевата  библиотека "Ратко Пајдаков" од Велес во чија продукција се издадени бројни дела од македонски автори.Браевата библиотека "Ратко Пајдаков" покрај стручна литература, книги, на месечна основа го издава и Звучното списание "ЗРАК"кое се дистрибуира до сите заинтересирани слепи и слабовидни лица.Звучното списание "ЗРАК" е достапно и на интернет страната на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија како прва онлајн аудио библиотека во земјата.

  • Меѓународна соработка и меѓународни активности за слепи лица

  • Организирање на спорт,шах и рекреација на слепи лица

  • Обезбедување на тифло-технички помагала на слепите лица

Националниот сојуз на слепите на Република Македонија постојано се залага да обезбедуавњето на тифло-технички помагала за слепите и слабовидните лица биде согласно Правилник за медицински и други помагала при Фондот за здравствено осигурување на Република Македонија што би значело дека со одредена динамика во зависност од болеста и потребите на очите преку одредена партиципација од страна на слепите и слабовидните лица, би се набавувале тифло-техничките помагала преку Фондот за здравствено осигурување на Република Македонија.

Тифло-техничките помагала за слепи и слабовидни лица Националниот сојуз на слепите на Република Македонија ги набавува и согласно одлука на Извршниот одбор како орган на управување им ги распределува согласно процентуалната застапеност на здруженијата ан слепи лица-членки на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија согласно нивниот роцент во вкупниот број на членови.Во однос на тифло-техничките помагала е направен значаен напредок во нивна набавка за потребите на слепите и слабовидните лица од целата територија на Република Македонија.

  • Програма за помош на подоцна ослепените лица

 

ОРГАНИЗАЦИЈА И РАЗВОЈ

 

            Националниот сојуз на слепите како органи на управување ги има:

  • Собрание на Национален сојуз на слепите на Република Македонија
  • Извршен одбор на Национален сојуз на слепите на Република Македонија и
  • Надзорен одбор на Национален сојуз на слепите на Република Македонија.

Претставува највисок орган на управување на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија.Собранието го сочинуваат претставници од Здруженијата на слепи лица-членки на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија и тоа:

  • 3 претставници од Здружение на слепи и лица со оштетен вид-СКОПЈЕ и
  • По 1 претставник од другите Здруженија на слепите лица-членки на НССРМ и тоа:
  • 1 претставник од Здружение на слепи лица на општина Битола
  • 1 претставник од Здружение на слепи лица на општина Прилеп
  • 1 претставник од Здружение на слепи лица на општина Велес
  • 1 претставник од Здружение на слепи лица на општина Штип
  • 1 претставник од Здружение на слепи лица на општина Кавадарци
  • 1 претставник од Здружение на слепи лица на општина Куманово
  • 1 претставник од Здружение на слепи лица на општина Кочани
  • 1 претставник од Здружение на слепи лица на општина Охрид
  • 1 претставник од Здружение на слепи лица на општина Струга
  • 1 претставник од Здружение на слепи лица на општина Тетово
  • 1 претставник од Здружение на слепи лица на општина Струмица
  • 1 претставник од Здружение на слепи лица на општина Свети Николе
  • 1 претставник од Здружение на слепи лица на општина Гевгелија
  • 1 претставник од Здружение на слепи лица на општина Неготино
  • 1 претставник од Здружение на слепи лица на општина Кичево
  • 1 претставник од Здружение на слепи лица на општина Македонски Брод

Претставниците на Собранието ги избираат Здруженијата на слепите лица за мандат од 4 (четири) години со можност за реизбор.Мандатот на Собранието на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија како највисок орган на управување и раководење во овој состав е со мандат 2013-2017 година.

2. Извршен одбор на Национален сојуз на слепите на Република Македонија

Со одлука Собранието на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија како највисок орган на управување и ркаоводење го утврдува бројот на членовите на Извршниот одбор каде што бројот на претставници не може да изнесува помалку од 5 (пет) ниту повеќе од 9 (девет).

Собранието од својот состав ги избира членовите на Извршниот одбор со јавно гласање и мандат од 4 (четири) години со можност за реизбор.Извршниот одбор од своите редови избира Претседател и Потпретседател со времетраење на мандатот од 4 (четири) години.

Претседателот и потпретседателот на Извршниот одбор се истовремено и Претседател и Потпретседател на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија,но и Претседател и потпретседател на Собранието на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија,  каде Претседателот на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија  се јавува во својство на управител на националната инвалидска организација.

3.Надзорен одбор на Национален сојуз на слепите на Република Македонија

            Надзорниот одбор е самостоен орган кој го избира Собранието.Надзорниот одбор го сочинуваат 3 (три) члена кои треба да бидат слепи или сечулни лица кои треба да бидат стручни со мандат во траење од 4 (четири) години.Претседателот на Надзорниот одбор го избираат членовите на Надзорниот одбор на првата конститутивна седница од своите редови.

Покрај овие органи Националниот сојуз на слепите на Република Македонија за одредени прашања од витален карактер за организацијата има и свои постојани и повремени комисии како и работни тела.

Постојани работни комисии на Национален сојуз на слепите на Република Македонија се:

  • КОМИСИЈА ЗА ЕКОНОМСКО-СОЦИЈАЛНИ ПРАШАЊА И ВРАБОТУВАЊЕ
  • КОМИСИЈА ЗА КУЛТУРА И ОБРАЗОВАНИЕ
  • КОМИСИЈА ЗА ОПШТЕСТВЕНА АКТИВНОСТ НА ЖЕНИТЕ
  • КОМИСИЈА ЗА СПОРТ,ШАХ И РЕКРЕАЦИЈА
  • СТАТУТАРНО-ПРАВНА КОМИСИЈА
  • РЕДАКЦИСКИ ОДБОР
  • КОМИСИЈА ЗА МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА
  • КОМИСИЈА ЗА НАУЧНО-ТЕХНОЛОШКИ РАЗВОЈ

Во извештајниот  период за 2016 година Собранието на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија кое на број се состои од 19(деветнаесет) делегати ја одржа својата редовна годишна седница на 20.02.2016 година(сабота) во деловните простории на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија на адреса ул."11 Октомври" бр.42 А Скопје каде ги усови годишниот извештај за реализирани програмски активности  на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија за 2015 година, Годишниот финансов извештај за 2015 година на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија, ја усвои  Програмата за работа на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија за 2016 година, го усвои Финансовиот план за 2016 година на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија,  како и годишната завршна сметка на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија за 2015 година.

1.Редовна годишна седница на Собранието на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија

Редовната годишна седница на Собранието на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија се одржа во деловните простории на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија на 20.02.2016 година.На истата за точки на дневниот ред беа следните:

1.Разгледување и усвојување на записникот од редовната годишна седница на Собранието на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија одржана на ден 20.02.2015 година.

2.Годишен извештај за реализирани програмски активности на НССРМ за 2015 година.

2.1.Годишен финансов извештај за 2015 година за реализирани програмски активности на НССРМ.

2.2.Предлог програма за работа на НССРМ за 2016 година.

2.3.Предлог финансов план за работа на НССРМ за 2016 година.

3.Тековни прашања.

Собранието на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија во новиот состав брои 19(деветнаесет) члена избрани од редот на здруженијата на слепи лица-членки на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија од кои тие доаѓаат.

Имено од Здружението на слепи и лица со оштетен вид на град Скопје, како најголемо здружение и најбројно се делегираат 3 (три)претставника во Собранието на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија, додека од останатите Здруженија на слепи лица –членки на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија кои се општински или меѓуопштински односно Прилеп, Кичево, Велес, Битола, Охрид, Македонски Брод, Струмица, Кавадарци, Гевгелија, Кочани, Куманово, Неготино, Свети Николе, Тетово, Штип   и Струга делегираат по 1 (еден ) претставник во Собранието на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија како највисок раководен орган на управување.

Мандатот на делегатите на Собранието на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија изнесува 4(четири) години, со можност за реизбор.

Мандатот на овој состав на Собранието на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија е за периодот 2013-2017 година.

Извршен одбор на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија

Извршниот одбор како едно раководно тело на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија  е составен од 9(девет) делегати или членови кои имаат мандат од 4(четири)години.Бројот на членови на Извршниот одбор на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија како орган на управување и како извршен орган е утврден согласно одлука на Собранието на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија и согласно одредбите на  Статутот на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија број 01-70 од 28.02.2011 година.

Извршниот одбор на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија во текот на календарската 2016 година одржа  5(пет) редовни седници.

Извршниот одбор на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија во состав со мандатен период 2013-2017 година во текот на 2016 година ги одржа следните седници:

-20.02.2016 година (шеснаесетта редовна седница од јавен карактер),

-02.07.2016 година (седумнаесетта редовна седница од јавен карактер),

-12.09.2016 година (осумнаесетта редовна седница од јавен карактер ),

-28.11.2016 година (деветнаесетта  редовна седница од јавен карактер).

- 26.12.2016 година (дваесетта  свечена новогодишна  седница од јавен карактер).

На седниците на ИО на НССРМ се одлучуваше за Програмата за работа на НССРМ за 2017 година како и за Финансискиот план на НССРМ за 2017 година.

Оваа година како повремена работна група при Националниот сојуз на слепите на Република Македонија заседаваше и Иницијативнот одбор како телоз адолжено за организација и реализација на активностите согласно планот за активности за одбележуавње на големиот 70 годишен јубилеј на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија.

Иницијативниот одбор на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија како работно тело е составен од три члена од кои 2 (два) претставник на Извршниот одбор и 1 (еден) претставник по службена должност секретарот на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија.

Надзорен одбор на Национален сојуз на слепите на Република Македонија

Надзорниот одбор кој брои 3(три) члена или делегати избрани од страна на Собранието на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија како највисок раководен орган е одбор за контрола на целокупното материјални-финансиско работење на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија. Надзорниот одбор на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија  од своите редови избира Претседател на Надзорен одбор на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија за период од 4 (четири) години со можност за реизбор.

Надзорниот одбор на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија одржа свои состаноци  во календарската 2016 година меѓу кои и:

-12.02.2016 година,

-12.09.2016 година.

-26.12.2016 година.

Во текот на календарската 2016 година повеќе работни состаноци одржаа и постојаните и повремени комисии при Националниот сојуз на слепите на Република Македонија.Овие Комисии своите редовни годишни состаноци  на кои се усвоија поединечните програми за работа на Комисиите, кои програми ја сочинуваат Годишната програма за работа на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија, се усвоија поединечните планови за работа и календари за спортски, рекреативни, шаховски, културни активности и семинари.

Свои состаноци одржаа:

v  Комисија за научно-технички развој на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија.

v  Комисија за економско-социјални прашања и вработување на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија

v  Комисија за општествена активност на жените при Националниот сојуз на слепите на Република Македонија.

v  Комисија за култура и образование на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија

v  Редакциски одбор на  Националниот сојуз на слепите на Република Македонија

v  Статутарно-правна Комисија на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија.

v  Комисија спорт, шах и рекреација на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија

v  Комисија за меѓународна соработка на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија

Главна цел на расправа на сите комисии, работни тела при НССРМ (кои можат да бидат од постојан или повремен карактер) е работи од својот делокруг на работа и промоција и интензивно делување за успеси на полето на кое делуваат.

Делувањето на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија е резултат на одлуките и заклучоците на неговите комисии и раководни органи.

Значајно да се напомене е дека комисиите и работните тела се составени од сручни лица во својата област, станува збор за проефсионални работни тела кои предлагаат програма за работа и мерки и активности кои кои треба да го насочат Националниот сојуз на слепите на Република Македонија, тие му предлагаат свои програми во поединечните области кои потоа Извршниот одбор како една Годишна програма и план на активности ги усвојува и му ги предлага на Собранието на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија како највисок орган на управуавње и раководење.Важно да се напомене е дека Програмата за работа е постојано отворена за нови идеи и нови содржини.

За што поуспешно извршување на работите и работните задачи НССРМ има своја стручна служба која врши работи од административен, технички и информативен како и логистички карактер.

Работата на Стручната служба при НССРМ се одвива во текот на целата календарска година без прекини и сите административни, стручни и технички работи се извршувани навремено и комплетно како подготовка на материјали за работа на комисиите, за седници на Извршниот одбор и на Собранието на НССРМ, понатаму изработка и спроведување на донесените  одлуки и заклучоците на раководните органи, изготувавање на донесените одлуки, изготвување на записници од седеници на комисиите и раководните органи,помош во нивно имплементирање, изработка на неопходни програми за работа, планови за работа и извештаи за работа, како и проекти на најразлично ниво, понатаму изработка на аудио и видео материјали, изработка на рекламен и пропаганден материјали, изработка на материјали за државните организации, институции на системот и органи на власта и комуникација со истите, соработка и комуникација со Европскиот сојуз на слепите, Светскиот сојуз на слепите како и Балканскиот консултативен комитет чии членка е и НССРМ, понатаму администрирање и архивирање на документацијата како и вршење на неопходните административни,книговодствени и сметководствени работи, вршење на културна, информативна и издавачка дејност во Брајова и Звучна техника, давање на потребната стручна помош и поддршка на слепите лица.

Националниот сојуз на слепите на Република Македонија како што веќе претходно напоменавме на својот платен список од месец февруари 2016 година и во текот на календарската 2016 година има 17 вработени лица на неопределено време со полно работно време стручни во својата област како дефектолози, економисти, правници, информатичари, итн.Односно од месец февруари 2016 година бројот на вработени на Стручната служба на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија од 16 се зголеми на 17 лица.Лицето кое беше вработено согласно објавените критериуми на огласот беше распределено за работно место и работниз адачи во Здружението на слепи лица на општина Свети Николе-членка на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија.Покрај овие 17 стручни лица Националниот сојуз на слепите на Република Македонија во Здруженијата на слепи лица-членки на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија кои имаат помал број на членови или помал обем на работа има и стручни лица кои делумно ги исплаќа како во Здружението на слепи лица на град Кочани, Гевгелија, Неготино, Македонски Брод, Струга...

Националниот сојуз на слепите на Република Македонија е членка на:

  • Националниот совет на инвалидските организации на Македонија
  • Националното координативно тело за еднакви права на лицата со инвалидност во Република Македонија
  • Балканскиот Консултативен комитет
  • Европскиот сојуз на слепите
  • Светскиот сојуз на слепите

Стручната служба на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија се состои од 17 лица на платен список на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија.Поделен во технички кадар (Работник за одржување-курир-домар, Работник за одржуавње на хигиена-кафеготвач), и административен кадар ( благајник, референт, соработник, стручен сорабтник како административни лица по здруженијата на слепи лциа-членки на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија, обучувач-наставник по музичка теорија и педагогија (музичко воспитување)  за Дневен центар за деца со оштетен вид од предучилишна возраст  и Реха Центар бидејќи знаеме дека слепите се докажани професионални музичари и републички секретар на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија како лице задолжено за координација на активностите на највисоко ниво помеѓу здруженијата на слепи лица и помеѓу институциите на системот.

Националниот сојуз на слепите на Република Македонија ги има централизирано ците работни места по здруженијата на слепи лица во својата чадор организација, а распоредени за соодветно место и работни задачи согласно Правилникот за систематизација на работни емста и работни задачи  по здруженијата на слепи лица-членки на НССРМ и согласно своите квалификации.

Овој делокруг на работа е доста обемен и доста специфичен, а неговото успешно извршување овозможува успешно развивање на организацијата во изминатите веќе 70 години односно 7 децении постоење и сестрана  грижа за слепите и слабовидни лица.Впрочем и целта на НССРМ е НИШТО ЗА НАС-БЕЗ НАС.НИЕ СМЕ ТУКА МЕЃУ ВАС.НССРМ е Светлина на патот на слепите лица.7 децении-Визија за Светлина, 7 децении-Светлина на патот на слепите лица, 7 децении-Симбол на постојан стремеж и непребол за достоинствен живот, 7 децении Темел во современата македонска држава.

Националниот сојуз на слепите на Република Македонија како организација со статус на национална инвалидска организција постојано се грижи за унапредуавње на правата и потребите на слепите лица во согласност со реaлните можности на општеството.

Навремено е извршен редовниот годишен попис на основни средства, ситен инвентар и попис на благајната на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија.

Во овој дел би напоменале дека и оваа година согласно програмските активности на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија се одржа редовната годишна средба на претседателите на здруженијата на слепи лица-членки на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија и вработените лица стручни соработници, секретари, референти, администратори, по Здруженијата на слепи лица со Претседателот на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија.На овие средби се разговараше за тековните активности кои ги преземаат Здруженијата на слепи лица-членки на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија, потоа за активностите кои ги презема Националниот сојуз на слепите на Република Македонија, како и за идни активности кои треба да се преземат.Овие средби се од доста значаен карактер токму поради унифицирање и усогласување на активностите на здруженијата на слепи лица-членки на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија со оние активности на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија.На оваа средба се одржа и предавање за стручните лица кои се дел од службата на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија во однос на воведување на компјутерски програм за евиденција на членството, но и се изработи планот за активности кои треба да ги преземат здруженијата на слепи лица-членки на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија а се со цел одбележување на големиот 70 годишен јубилеј наНационалниот сојуз на слепите на Република Македонија. 

На оваа средба им се дадоа и насоки и упатства за работа на вработените лица како и сите имаат можност да ги споделат своите искуства.

СОРАБОТКА СО ИНСТИТУЦИИ НА СИСТЕМОТ

Најголемиот дел од активностите на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија се сведува на кореспонденција и комуникација со институциите на системот  во нашата земја на делување односно Република Македонија и претежно најголемиот дел од нашата соработка и интензивно и макотрпно работење се одвива во Република Македонија.Мораме да забележиме дека во изминатата 2016 година Националниот сојуз ан слепите на Република Македонија ја интензивира соработката на меѓународен план на секое поле како културно, образовано, размена на искуства и мислење како и позитивни законски прописи.

Националниот сојуз на слепите на Република Македонија всушност ги опфаќа сите оние дејности на државата кои се наменети за оваа специфична категорија на граѓани, лицата со најтешка категорија на инвалидност односно слепите и слабовидните лица, почнувајќи од нивно препознавање, до упатување на школување, помош при нивното образование и едукација, печатење на материјали, учебни помагала и стручна литература, стипендирање на таленитирани студенти на Факултет, помагање при процесот за наоѓање на работа, приспособување на работната средина и на условите за работа, адаптација на работното место, помош и упатување за остваруавње на позитивни законски прописи, збогатување на културниот и социјалниот живот, спорт, шах, рекреација, забава, организирање на спортски анстани, на културни манифестации, дефилеа, изложби и слично.

Изминатата 2016 година беше исполнета со исклучително напорна работа за што со поголемо внимание да гледаат институциите на системот на слепите и слабовидни лица на територија на државата.Овде би сакале да нагласиме дека ние не сме присутни само на 15.октомври-Светскиот ден на Белиот стап-Симболот на слепиот човек-признат од Организацијата на обединетите нации само на 15 Октомври туку НИЕ СМЕ ТУКА-МЕЃУ ВАС секојден, постојано.Одиме во истите театри, кина, музеи, одиме на истите културни и спортски манифестации, одиме во истите здравствени установи, како лојални граѓани на оваа држава.

Нашата активност е воглавно насочена кон оставрување на правата на слепите лица во однос на образованието, едукацијата, вработувањата, професионалната рехабилитација, социјалните права и личните права како еден вид на позитивна дискриминација или компензациони права за оваа категорија на граѓани.Овде мораме да напомене дека не станува збор за некој вид на дополнителни права или пак за некои привилегии само станува збор за основните човекови права кои секаде во светот се признати како компензациони права и кои се цивилизациска придобивка на модерниот и развиениот свет.

Исто така нашата активност е насочена кон враќање на загубените компензациони права од минатото како и воспостановување на нови кои одговараат на овие нови модерни текови.

Националниот сојуз на слепите на Република Македонија Ви се обраќа со молба до сите Вас  да секој ден за нас биде како  15 Октомври-Светски ден на Белиот стап-Симболот на слепиот човек-признат од Органзиацијата на Обединетите нации.Затоа што не постоиме само на  15 Октомври, тука сме постојано секој ден, заедно.Ги посетуваме истите театри, музеи, кина, одиме во истите кафулиља, ресторани, ги слушаме истите песни, се радуваме на победите и плачеме на поразите заедно со целата нација, подаваме рака секому кој ни ја пружа.Затоа што подадената рака е многу повеќе, Затоа што подадената рака е насмевка на нашето лице.

Овде напоменуваме дека не станува збор за позитивна законска дискриминација во однос на слепите и слабовидните лица како лица со најтешка категорија на инвалидност-слепилото, тука станува збор за остварување на компензациони права кои се придобивка на модерниот и цивилизиран свет и станува збор за права кои лицата ги добиваат токму поради причини што им е оздемено сетилото за вид.

Како значајна новина во остварување на правата на слепите и слабовидните лица кога станува збор за компензациони права би сакале да напоменеме дека во соработка со Министерството за труд и социјална политика на Република Македонија и Владата на Република Македонија по речиси две децениски залагања на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија повторно се воведе едно претходно загубено компензационо право, кое беше загубено на почетокот на новиот милениум, а станува збор за право на набавка на автомобил под повластен услови односно право на набавка на автомобил за потполно слепи лица ослободен од царински давачки, акциза и данок на додадена вредност.Ова претставува значаен исчекор во остварување на компензационите права на слепите и слабовидните лица како лица со најтешка категорија на инвалидност и тука станува збор за значаен напредок во мобилноста, самостојното живеење, и непречено движење во непосредната физичка околина на слепите и слабовидните лица во Република Македонија.

Националниот сојуз на слепите на Република Македонија денес со гордост слободно обзнанува дека не е нескромно ако кажеме дека сме една од најстарите институции во државата и една од ретките институции во државата која може да се пофали со 70 годишен јубилеј.

            70 години Мисија и Визија за Светлина, 70 Години Светлина на патот на слепите лица, 70 години традиција, работа, симбол на постојан стремеж и непребол на слепите лица за достоинствен живот и рамноправна положба во општеството, 70 години Темел во современата македонска држава,  како единствен легитимен претставник на повеќе од 2550 слепи и слабовидни лица на целата територија на  Република Македонија.

Со значителни напори на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија се остварени голем број на компензациони права за слепите и слабовидни лица на територија на Република Македонија.По повод оваа констатација мораме да напоменеме дека Националниот сојуз на слепите на Република Македонија е лидер во покренувањето на иницијативи за промена или пак за зголемување на компензационите права и донесување на нови законски и подзаконски акти.

НССРМ како најголема национална инвалидска организација чиј основен делокруг на работа се лицата со најтешката категорија на инвалидност-слепите лица постојано се стреми за остваруавње и унапредување на бројни компензациони права признати со меѓународни конвенции и договори.

Националниот сојуз на слепите на Република Македонија како организација лидер во остварување на компензационите права изминатата година на огромно задоволство на сите слепи и слабовидни лица од целата територија на државата овозможи преку измена и дополнување на позитивните зкаонски прописи Законот за социјална заштита на Република Македонија да се овозможи набавка на патнички автомобил по повалстени услови за оваа категорија на граѓани за што претходно веќе напоменавме.

Националниот сојуз на слепите на Република Македонија покрај задржување и унапредување на постојаните позитивни законски прописи во државата, покрај враќање на веќе загубените компензациони права, постојано се залага и за следење на трендовите во високо развиените земји на западноевропското општество и за развиениот слух за проблемите и потребите на слепите лица во овие земји.Националниот сојуз на слепите на Република Македонија успеа да се избори за компензационото право со кое се ослободува придружникот на слепото лице при болничко лекување од наплата на трошоци поврзани со престојот,но сеуште реагираме до институциите на системот да воведат ослободување од наплата на јавно осветлување за слепи лица-носители на семејно домаќинство, понатаму ослободување од наплата на надомест за ангажирана моќност на сметките за електрична енергија од 33,33% како и еден од најгорливите проблеми на слепите лица-проблем кои е особено значаен во модерното општество на 21 век и со кој бараме целата набавка на тифло-техничките помагала да биде регулирана со Правилник за медицински помагала преку Министерството за здравство на Република Македонија.Станува збор за исклучително скапи тифло-технички помагала токму поради фактот дека се однесуваат на мала категорија на граѓани на кои им се неопходни и на кои значително би им го подобрило квалитетот на живот и самостојното живеење.Овие помагала треба да бидат секојдневие на слепите лица и истите бараме да се набавуваат односно заменуваат на  одреден временски интервал.

Сметаме дека потребата од воведување на нови законски можности постојано ќе се развива со развивањето на модерниот свет па оттука и потребата за што посамостојно живеење и движење на слепите лица.Постојано бараме да набавката на тифло-технички помагала која засега се одвива преку Националниот сојуз на слепите на Република Македонија и преку донации да биде уредена со Правилник за медицински и други помагала како би можеле слепите лица да имаат што поголем пристап и достапност до овие помагала.Со тоа би се овозможило да помагалата како звучни топломери, звучни апарати за мерење на крвен притисок итн да бидат подостапни за слепите лица затоа што она што за видните претставува основна можност за проверка на крвниот притисок за слепите претставува бариера.Со тоа би се овозможиле по одредени критериуми да се набавуваат во одреден временски интервал одредените тифло-технички помагала.

Во однос на набавката на тифло-технички помагала мораме да забележиме дека изминатата 2016  година Националниот сојуз на слепите на Република Македонија благодарение на донацијата на наменски средства за набавка на тифло-технички помагала за слепи лица од страна на Министерството за труд и социјална политика на Република Македонија,а на задоволство на крајните корисници-слепите лица од целата територија на државата,беа набавени тифло-технички помагала согласно барањата и потребите на крајните корисници слепите и слабовидните лица по спроведената анкета по здруженијата на слепи лица-членки на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија.

Националниот сојуз на слепите на Република Македонија во изминатата 2016 година за потребите на слепите и слабовидните лица набави и распредели повеќе видови на тифло-технички помагала, меѓу кои за прв пат и табла и шило за брајово (релјефно) пишување.

  Напоменуваме дека поради самиот факт што станува збор за мала категорија на корисници истите се исклучиво скапи и се набавуваат со претходна резервација па Стручната служба на НССРМ за однос на набавката и преземањето како и подготовката на целата неопходна документација имаше работа во однос на тифло-техничките помагала речиси половина од календарската 2016 година.За потребите на слепите лица се набавија најнеопходните помагала кои беа избрани по претходна анкета како членовите по здруженијата на слепи лица-членки на НССРМ.

Напоменуваме дека овие наменски средства се добиени од Министерството за труд и социјална политика на Република Македонија согласно одлука на Владата на Република Македонија објавена во Службен Весник за набавка на помагала за слепи лица.Се надеваме дека ваквата практика ќе продолжи и во иднина.

Националниот сојуз на слепите на Република Македонија преку целата година активно се залагаше за што поголема присутност на неговите активности во печатените и електронските медиуми ширум земјата.Всушност наша главна цел и мисија е создавање на услови за што посамостоен и понезависен живот на слепите лица, а со цел унапредување на нивната положба во општеството и надминување на сите стереотипи и бариери со кои секојдневно се соочуваат слепите лица за што можеме слободно да констатираме дека во последните години е забележан значаен напредок.

Сите овие активности се водени под мотото односно паролата на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија "НИШТО ЗА НАС-БЕЗ НАС" и "НИЕ СМЕ ТУКА МЕЃУ ВАС".Изминатата 2016  година сите промотивни активности беа збогатени со мотото "70 години-Визија за Светлина" .Националниот сојуз на слепите на Република Македонија изминатата 2016  година може да се пофали со значителен допринос во промоцијата на проблематиката на слепилото во секојдневието.Па по повод ова одржаа бројни тематски прес конференции, изјави за печат, соопштенија за печат, гостувања во радио и телевизиски емисии од најразличен вид,стории во печатените и електронските медиуми како и многубројни кампањи.

Националниот сојуз на слепите на Република Македонија во рамките на одбележувањето на 15 Октомври Меѓународниот ден на Белиот стап-Симболот на слепиот човек-Признат од организацијата на Обединетите нации одржа нива пригодни настани и промоции.

НССРМ на 15 Октомври се приклучи кон апелот на милиони слепи лица ширум целиот свет за одбележување на овој ден.

Одбележувања на Меѓународниот ден на Белиот стап се одржаа сите општински и меѓуопштински здруженија на слепи лица-членки на НССРМ.Изминатата 2016 година здруженијата на слепи лица-членки на НССРМ на најразличен начин го одбележаа денот на Белиот стап, почнувајќи од промоции на тифло-технички помагала, изложби комбинирани со тркалезни маси, конференции на најразлични теми и проблеми на локално ниво, како ориентација во просторот, вработуавње на инвалидизираните лица, модерната технологија и слепилото во 21 век, итн.Исто така по повод големиот 70 годишен јубилеј на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија и по повод 15 октомври Меѓународниот ден на Белиот стап-Симболот на слепиот човек-признат од Организацијата на обединетите нации, здруженијата на слепи лица-членки на НССРМ поделија на свои пригодни манифестации благодарници за заслуги на слепите лица на локалните власти, невладиниот сектор, помагатели, бизнис заедницата, спонзори, донатори и слично.

На 15 октомври 2016 година по повод двата значајни датуми, големиот 70 годишен јубилеј на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија и Меѓународниот ден на Белиот стап, Националниот сојуз на слепите на Република Македонија на свечен настан додели Благодарници за заслуги за слепите и слабовидните лица во Република Македонија и за несебично помагање во афирмација на правата на слепите и слабовидните лица на бизнис секторот, невалдиниот сектор, институции на системот, донатори, естрадни уметници, глумци, пеачи, водители, медиумски куќи, новинарии соработници...

Се доделија и повеќе златни плакети за исклучителен допринос за слепите лица, како и плакети за заслуги.

Златни плакети по повод големиот 70 годишен јубилеј добија:Д-р.Елизабета Канчевска Милевска-Министерка за култура на Република Македонија, М-р.Никола Груевски, Г-дин Диме Спасов Министер за труд и социјална политика на Република Македонија, Г-дин Спиро Ристовски, Заменик министер за образование и наука на Република Македонија, Н.Е. Д-р.Ѓорге Иванов, Претседател на Република Македонија, г-дин Селковски Жарко, претседател на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија, г-дин Димитар Дерменџиевски, прв претседател и основач на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија, неуморен борец за правата на слепите лица, како и за независна, самостојна и суверена држава Македонија.

Плакети за соработка добија:Г-дин Коце Димов, претседател на Националната спортска федерација на слепите на Македонија, Д-р.Горанчо Јаќимов, директор на Државното училиште за рехабилитација на деца и малдинци со оштетен вид Димитар Влахов од Скопје, Комерцијална Банка АД Скопје како лидер и  иноватор во воведувањето на нови системи за слепите и слабовидните лица, како и Сојузите на слепите на Република Косово, Србија, Црна Гора, Албанија и Бугарија.

Во соработка со Црвениот крст на град Скопје, а со поддршка на Интернационалната компанија Роше Македонија Националниот сојуз на слепите на Република Македонија имплементираше проект под наслов "СПОДЕЛИ СВЕТЛИНА" кој опфати три таргет групи за интервју, родители на слепи деца, самоите слепи лица и стручни лица кои работат со слепи лица.Врз база на нивните одговори согласно интервјуата се изработи Прирачник за потребите на лицата со оштетен вид во Република Македонија кој како еден систематизиран акт ги содржи сите реални потреби на лицата со оштетен вид во Република Македонија, во рамките на Прирачниот како втор дел од истиот е изработен и документ Како при средба со слепо лица како брошура за лицата вработени во јавните институции, приватниот сектор, здравствени работници итн да имаат можност да прочитаат како при средба со слепото лице, како да го водат, техники на движење и слично.Истиот прирачник е изработен и на Брајово писмо и беше промовиран во Македонскиот Народен Театар.

Исто така во изминатата 2016 година сп поддршка на Лајонс Дистрикт Македонија се изработи и водич на слепи лица на брајово писмо.Истиот беше промовиран по повод 15 октомври 2016 година во Државното училиште за рехабилитација на деца и малдинци со оштетен вид Димитар Влахов во Скопје.

Претставници на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија беа на свечен прием кај Н.Е.Д-р.Ѓорге Иванов Претседателот на Република Македонија по повод големиот 70 годишен јубилеј на која средба му беше доделена и златната плакета на Претседателот за особени заслуги и несебично помагање на слепите лица.

Значајно да се напомене е дека нашата соработка со Црвениот крст на град Скопје, Униеврзитетот на Југоисточна Европа и странските партнери и донатори како УНДП и УНИЦЕФ продолжува и се продлабочува и понатаму.

Така во соработка со Црвениот крст на град Скопје, УНДП и Универџитетот на Југоисточна Европа изминатата 2016 година поточно во септември 2016 година започнавме две годишен проект за изработка на материјали на Брајово писмо, држење на обуки за Брајово писмо, како и отварање на дневен центар за лица со оштетен вид.Во рамките на проектот НССРМ го помогна вработувањето на слепо лица во центарот.

Во соработка со УНДП и УНИЦЕФ започнавме два проекти кои че се имплементираат во 2017 година.Станува збор за анкетирање на слепите лица, нивно пронаоѓање, држење на обуки и  изработка на нови проекти од обалста на социјалната инклузија.

Во изминатата 2016 година Националниот сојуз на слепите на Република Македонија имплементираше или започна со имплементирање на низа проекти од корист за сите слепи и слабовидни лица како лица со најтешка категорија на инвалидност.

Можеме да забележиме дека Националниот сојуз на слепите на Република Македонија како една најголема инвалидска организација во Македонија која се бави со потребите и проблемите на слепите лица како лица со најтешка категорија на инвалидност  беше доста присутен во јавноста изминатата 2016 година преку интервјуа, гостувања во емисии, изјави за печат, промоции и слично.

Националниот сојуз на слепите на Република Македонија присуствуваше не многубројни конференции, трибини, тркалезни маси, советувања, академски предавања, семинари, настани организирани од домашни и меѓународни партнери и слично.

Националниот сојуз на слепите на Република Македонија како член на Балканскиот консултативен комитет кое е тело на Европскиот сојуз на слепите по повод големиот 70 годишен јубилеј на НССРМ ја имаше честа да ја организира годинешната 24та редовна седница на Балканскиот Консултативен Комитет кој НССРМ како домаќин за претставниците на повече од десет балкански земји го организираше во текот на месец јуни 2016 година во хотел Арена Тетекс, Попова Шапка, Тетово.

Овој тип на меѓународни конференции ни овозможува преку богатото искуство на повеќе Балкански држави да ги примениме и пренесеме позитивните законски искуства од овие држави во нашата.

Дваесет и четвртата редовна седница на Балканскиот консултативен Комитет беше одржана во три дена и на истата присуствуваа претставници на повеќе балкански држави меѓу кои:Србија, Црна Гора, Албанија, Косово, Босна и Херцеговина, Турција, Бугарија итн...

Претставници на највисокото раководство на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија заедно со претставници на сите национални инвалидски организации-членки на Националниот совет на инвалидските организации на Македонија беа на средба кај Н.Е.Претседателот на Република Македонија Д-р.Ѓорге Иванов по повод 03.декември 2016 година-Меѓународниот ден на лицата со инвалидност.Средбата се одржа на 30.11.2016 година.

Претставници на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија зедоа активно учество и во одбележуавњето на 03 декември 2016 година Меѓународниот ден на лицата со инвалидност од страна на академската заедница односно Филозофскиот факултет при Универзитетот Свети Кирил и Методиј од Скопје.Оваа конференција се одржа на 02.12.2016 година.

Изминатата 2016 година на 03.декември 2016 година по повод Меѓународниот ден на лицата со инвалидност Националниот сојуз на слепите на Република Македонија како членка на Националниот совет на инвлаидските организации на Македонија организираше еднодневна конференција на тема Постигнување на 17 цели за одржлив развој за да ја градиме иднината која ја посакуваме.На истата конференција имаше обраќање и на Министерката за труд и социјална политика на Република Македонија Д-р.Фросина Ташевска-Ременски, како и на претседателите или претставниците на Националните сојузи.Од страна на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија излагач беше М-р.Стерја Димов, секретар на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија којво своето излагање говореше за застапувањето и претставуавњето на слепите и слабовидните лица во Република Македонија.

Националниот сојуз на слепите на Република Македонија, во соработка со КУД Билјана при Здружение на слепи и слабовидни лица на  град Скопје-членка на НССРМ организираше и спроведе традиционален целовечерен концерт на слепи инструменталисти и вокални солисти по 46ти пат во Домот на Армијата на Република Македонија на 03.12.2016 година со почеток во 19.30 часот.На истиот концерт присутната публика имаше можност да види изведби на слепи инструменталисти и вокални солисти кои заедно со естрадни уметници од македонската естрада изведуваат традиционални македонски композиции.Овој концерт беше концерт на домашни изведувачи, за разлика од оној кој НССРМ го организираше по пвоод големиот 70 годишен јубилеј на НССРМ 70 години Визија за Светлина во градот Охрид,на 24.09.2016 година каде покрај домашни изведувачи имаше и настап на слепи и слабовидни лица од соседните земји како Албанија, косово, Бугарија, Црна Гора, Србија итн...

Во рамките на одличната соработка со Владата на РМ и Министерството за труд и социјална политика на РМ беа објавени резултатите по оглас за вработување на 300(триста) извршители на неопределено време инвалидни лица со кој на голем број на наши членови ќе им се реши уште еден најгорлив проблем во животот егзистенцијалното прашање како и финансиската независност и самостојност.Се надеваме дека оваа наша соработка ќе продолжи и понатаму како и дека ќе се зајакне свеста кај приватниот сектор за оваа категорија на граѓани.Овде мораме да напоменеме дека НССРМ даде значаен допринос во однос на распоредувањето на слепите лица на работни местра согласно нивната школска подготовка.На овој оглас по завршуавњето на сите процедури под однос на жалби се вработија 50 (педесет) слепи и слабовидни лица,а а вкупниот број на пријавени слепи и слабовидни лица на огласот беше околу 130 лица.Апелираме оваа практика да продолжи и во иднина и напоменуваме дека од осамостојувањето на државата ова е прв пример на оглас за вработување на инвалидизирани лица. Во текот на изминатата 2016 година дел од лицата со инвалидност кои не беа распределени на соодветни работни места согласно нивната школска подготовка се распоредија на работни места согласно нивните квалификации.Напоменуваме дека сеуште има одреден број на лица кои чекаат да бидат распределени на соодветни работни места.

Оваа мерка придонесува за поквалитетен живот на секое слепо лице бидејќи истото се чуствува како корисен граѓанин на ова општество и дел од заедницата за која придонесува.

Се одржаа и јавни расправи по однос на  измени и дополнување на  повеќе закони.Мораме да напоменеме дека од суштинска потреба е креирање на еден законик како  еден систематизиран приказ на состојбите на лицата со инвалидност и дека треба да дава повеќе права и бенефиции кои би биле систематизирани во истите.Односно еден Законик за сите права за лицата со инвалидност за да се избегне колизија на закони.

По повод ова прашање во потесна соработка со Министерството за труд и социјална политика на Република Македонија и центрите за вработување на Агенцијата за вработување на Република Македонија, како и здруженијата на слепи лица голем дел од слепите и слабовидни лица ја искористија мерката за самовработување на лицата со инвалидност односно мерката за финансиска поддршка во текот на изминатата 2016 година па креираа успешни и одржливи бизниси.

Меѓудругото сите невработени инвалидизирани лица, активни баратели на рбаота кои се вклучија во мерката добија Обуки за меки вештини од областа ан претприемништвото, потврда за завршена обука за претприемништво, експертска поддршка од ментор, административна поддршка од Центарот за вработување на соодветно место на живеење, 270.000,00 денари за набавка на опрема и материјали, како и можност за дополнителна финансиска добивна од 92.000,00 денари по лице за најмногу две дополнителни вработувања.

Имено во изминатата 2016 година Националниот сојуз на слепите на Република Македонија  изработи на Брајова (Релјефна) техника повеќе книги и стручна литература.

Во соработка со Здржението на слепи лица на општина Велес-членка на НССРМ се одржа првиот квиз натпревар за слепи лица во Република Македонија каде на еден мошне интересен начин беше прикажана потребата од достапност на амтеријалите на брајова и звучна техника или како електронски запис, односно од достапност на материјалите на техника пристапна за слепите лица како лица со најтешка категорија на инвалидност.Односно квиз натпреварот беше замислен како натпревар помеѓу два тима на натпреварувачи, едниот видни лица, сечулни лица, и другиот тим тотално слепи лица.Па кога стануваше збор за прашање напишано на црн тисок слепите натпреварувачи не можеа д аго прочитаа за да го одговорат но кога стануваше збор за аудио формат на прашање слепите лица беа еднакви со видните лица.Целта на овој квиз беше да се истакне потребата од достапност на публикуваните материјали за техники достапни за слепите и слабовидните лица.

Во рамките на нашето ресорно Министерство за труд и социјална политика на РМ и благодарение на соработката со Министерството за клултура на РМ, Националниот сојуз на слепите на Република Македонија, двете Министерства и Државното училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид Димитар Влахов од Скопје, Македонска радио телевизија, Канал 5 Телевизија, Сител Телевизија, Алсат-М Телевизија, 24 Вести Телевизија, Спортско радио, Сити Рдаио и Клуб ФМ и Клубот на оратори "FORUM ORATORES" по  потпишаниот  Меморандум за меѓусебна соработка за зголемување на фондот на аудио книги во одделението за слепи и слабовидни лица при Народната и Униеврзитетска библиотека Свети Климент Охридски од Скопје се изработуваат постојано нови наслови на аудио книги.Оваа е еден од најзначајните меморандуми за соработка со кој на слепите и слабовидни лциа имс е олеснува пристапот до стручна литература, белетристика, и најразновидни дела и со која ќе им се овозможи и олесни пристапот до информации.Со ова истите ќе имаат поголем број на  дела изработени на техника достапна на слепите и слабовидни лица.Благодарение на овој Меморандум кој беше потпишан во календарската 2013 година и во текот на изминатата календарска 2016 година се снимија голем број на дела изработени на ауди техника за потребите на слепите и слабовидните лица во рмаките на проектот на Министерството за труд и соцојална политика на Република Македонија.

Националниот сојуз на слепите на Република Македонија потпиша и Меморандум за соработка со Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија и со Комерцијална банка АД Скопје по повод потесна соработка помеѓу овие субјекти.Имено НССРМ упати претставка преку ХКЧП до НБРП и до Комисијата за заштита од дискриминација поради процедурите кои беа отежнувачки за слепите лица па согласно тоа Комерцијална банка АД Скопје прва од сите деловни банки пристапи кон олеснуавње на процедурите за слепи лица при подигање на готовина, кредит, водење на интернет банакрство достапно за слепи лица, а во иднина согласно меморандумот материјалите треба да бидат испечатени на Брајова(Релјефна) техника како и да се озвучат банкоматите.Се прават напори и соработка да овој пример го следат и другите деловни банки.Овде мораме да напоменеме дека засега само Комерцијална Банка АД Скопје ги има олеснето процедурите за слепите лица во формати достапни ним и истата одржува обуки за електронско банкарство за заинетресираните слепи лица, додека кон другите деловни банки во Република Македонија активна е тужбата сеуште.

Комерцијална Банка АД Скопје како банка лидер во земјата по повод 15 октомври 2016 година Меѓународниот ден на Белиот стап-Симболот на слепиот човек-признат од Организацијата на Обедиентите Нации во две свои експозитури во Кисела Вода во Скопје и во општина Центар, Скопје постави тактилни патеки за непречено и самостојно движење на слепите лица.

Ова е прва приватна компанија во земјава, банка да воведува вакви новини во своето работење.

НССРМ во изминатиот период активно се залага за укинување на спорните и дискриминаторски одредби во измените и дополнувањата на Законот за социјална заштита на Република Македонија кои беа објавени во Службен весник на РМ број 116 од 04.08.2014 година со кои правото на додаток за слепило и правото на помош и нега од друго лице се врзува за просечен нето годишен приход остварен во претходната година.Напоменуваме дека слепо лице е лице со најтешка категорија на инвалидност и дека кога станува збор за состојба како слепилото не смее да се третира и врзува со просечен годишен нето приход.Овие одредби се дискриминаторски по повеќе аспакти.Апелираме за што поскоро враќање на претходното законско решенија и негово унапредување кон што подобра социјална заштита на правата на слепите лица, а не нивно уназадување.

НССРМ јавно учествуваше во развивањето на дискусии по промена на законите од оваа област.НССРМ активно зеде учество во повеќе дебати организирани со Министерството за труд и социјална политика на РМ како и со Делегацијата на Европската унија во РМ, со невлаидни организации и со амбасади.

НССРМ во овој аспект во изминатата 2016 година се залагаше и за примена на веќе позитивниот законски акт правото на додаток за слепило да го следи зглемувањето на трошоците за живот кои се објавени од страна на Државниот завод за статистика на Република Македонија, ова треба да се однесува и на правото за помош и нега од друго лице.

Како значајна новина која Националниот сојуз на слепите на Република Македонија ја има постигнато на општинско ниво е соработката со градот Скопје и отварањето на нова фитнес и фискултурна сала за инвалидизрани лица во рамките на Средното електро техничко училиште на град Скопје Михајло Пупин во Скопската населба Автокоманда.Оваа спортска сала беше отворена на 10.09.2016 година по повод 13.ноември од страна на градоначалникот на град Скопје г-дин Коце Трајановски кој е добитник и на плакета по повод 03.декември Меѓународниот ден на лицата со инвалидност.

 Во изминатата година остваривме повеќе средби со Претседателот на Владата на Република Македонија г-дин Никола Грувески, со претставници на Владата на РМ, Министерот за труд и социјална политика на РМ г-дин  Диме Спасов,повеќе средби со Министерката за култура на РМ г-а Елизабета Канчевска-Милевска, ,со Министерот за здравство на РМ г-дин Никола Тодоров ,со Министерката за труд и социјална политика на Република Македонија Д-р.Фросина Ташевск- Ременски, со претставници на МТСП,  со директорот на Националната и универзитетска библиотека Свети Климент Охридски од Скопје, невладиниот сектор, Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов, Претставници на Комерцијална Бакна АД Скопје, претставници на НЛБ  Тутунска Банка АД Скопје, претставници на Стопанска Банка АД Скопје, претставници на Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија,  повеќе средби со Делегацијата на Европската Унија, националните инвалидски организации, здруженија на граѓани, приватниот бизнис сектор и јавните претпријатија како ЈСП Скопје, општина Кисела Вода, Народниот правобранител на Република Македонија, Уставниот суд на Република Македонија, Комисија за заштита од дискриминација,Градоначалникот на град Скопје г-дин Коце Трајановски,градоначалникот на општина Гази Баба г-дин Тони Трајковски,со градоначалникот на општина Пробиштип,градоначалникот на општина Демир Хисар,  со Претставници од Македонскиот олипмиски комитет и Агенцијата за млади и спорт на РМ ,Шаховската федерација на РМ-чии претставници го сочинуваат организациониот одбор за Шаховската Олимпијада за слепи и слабовидни шахисти во Македонија во 2017 година, претставници на политичките партии во земјата,Државниот архив на Република Македонија, Лајонс клубовите ширум земјата, и многу други.

Во Република Македонија гости на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија во месец јули 2016 година во градот Охрид, беа претставници на највисокото раководство на ИБЦА Меѓународната Браева Шаховска Асоцијација во рамките на подготвителните активности за организација на Шаховската олимпијада за слепи и визуелно хендикепирани лица во Македонија во Охрид, од 18.06-29.06.2017 година.

Претставниците на највисокот раководство беа во инспекциски надзор над подготвителните активности и над спроведувањето на организационите активности за оваа олимпијада каде се очекуваат претставници слепи и слабовидни шахисти од повеќе од 80 земји од целиот свет.

Покрај НССРМ како чадор организација-и нејзините членки оставарија многу средби и состаноци со претставници на локалната власт како и бизнис групи во рамките на нивните активности и надлежности на локално ниво.

Активно се бориме за остварување на што повеќе законски решенија за компензациони права на слепи и слабовидни лица на целата територија на Републиката за што поголема пристапност на институциите до слепи лица, за што поголема еднаквост и еднаквост третман на слепите лица, еднакви права и законски прописи кои ќе ги штитат интересите на оваа категорија на граѓани, а со цел позитивно да влијаат на решавањето на најразличните проблеми со кои оваа категорија на граѓани се соочуваат во секојдневието.

Само со доследна примена на Конвенцијата за правата на лицата со инвалидност ќе оствариме еднакво и рамноправно општество за сите.

Постојано бараме финансирање на образование на кадри-перипатолози односно специјалисти за ориентација во простор и мобилност за слепи лица, потоа бараме отварање на Национален рехабилитационен центар каде би се згрижувале сите лица кои подоцна во животот ослепеле но и оние кои се слепи од мали нозе се со цел учење на вештини за готвење, плетење, везење, кулинарски способности, работа со компјутер, административни работи, масажа, ориентација во простор за што посамостојно и понезависно живеење.Овде слепите лица во имале можност во текот на календарската година да престојуваат одреден број на денови.

Овде би сакале да напоменеме дека веќе една година  работи Центарот за масажа во Државното училиште за рехаблитација на деца и младинци со оштетен вид  "Димитар Влахов" во Скопје, Кисела Вода кој беше отворен благодарение на плодната соработка со Лајонс клубот "Свети Пантелејмон".Во овој центар слепите и слабовидни ученици во стручното медицинско училиште на насока-физиотерапевти имаат можност преку практична настава да се оспособат за самостојна работа.Центарот е отворен секоја среда и сабота од 10.00 часот наутро до 13.00 часот попладне.Масажит се изведуваат под надзор на стручни лица доктори на медицина.Центарот обезбедува спортска, рекреативна, и медицинска масажа.

Изминатата 2016 година на ова поле имаше значаен напредок имено почнаа со работа три програми за едукација на возрасни лица кои беа одобрени и потпишани од Министерот за образование и наука на Република Македонија.Мораме да напоменеме дека првата акредитација за програма беше добиена во месец септември 2015 година бидејќи станува збор за обемна процедура и огромна документација за изработка, како и истата вклучува вклучување и заедничка работа на повеќе институции на системот.

Потоа бараме отварање на Дом за слепи лица кои не би ги згрижувал само старите и изнемоштени слепи лица туку сите оние кои по некоја игра на судбината останале сами да се грижат за себе, одве станува збор за дом за слепи лица без разлика на нивната возраст.

Националниот сојуз на слепите на Република Македонија уште еднаш го подвлекува значењето на консултација со стручни лица, слепи и слабовидни лица  во скеоја област за сите прашања кои се однесуваат на слепилото или од кои се засегнати слепите и слабовидните лица, затоа што Ништо за нас-Без нас.

Во изминатата 2016 година во месец декември во соработка со Црвениот крст на град Скопје, НССРМ, Универзитетот на Југоисточна Европа и УНДП се отвори првиот дневен центар за лица со оштетен вид кој функционира во зградата на Црвениот крст на Република Македонија, во централното градско подрачје, како центар за поддршка на слепи и слабовидни лица.Ова е прв ваков центар за возрасни лица во земјата и истиот е значаен напредок во сотварување на правата на слепите и слабовидните лица.

Во месец април 2016 година Националниот сојуз на слепите на Република Македонија во соработка со општина Неготино и градоначалникот на општина Неготино г-дин Ванчо Апостолов за здружението на слепи лица на општина Неготино свечено се отворија новите простории на здружението кои се наоѓаат во старата зграда на Подрачната канцеларија на Фондот за здравствено осигурување во општина Неготино.

            НССРМ е во постојана и интензивна соработка со институциите на системот во однос на давање предлози и сугестии за изменување на Правилникот за медицински помагала во кој би се вметнале и неопходните тифло-технички помагала за слепи лица.

Во однос на подобар пристап до непосредната физичка околина НССРМ постојано соработува со Министерството за труд и социјална политика и Министерството за транспорт и врски со кои како дел од работна група се работи на Правилник во кој ќе се одредат минималните стандарди за тактилни патеки, како и звучна сигнализација во лифтовите на јавните и станбените згради која би кажувала на кој кат застанува лифтот, дали се движи горе/доле и слично притоа почитувајќи ги високите европски стандарди и нормативи.Напоменуваме дека пракса во Европските земји е распределба на тифло-технички помагала преку Правилник за медицински и други помагала.

Во рамките на нашата плодна и успешна соработка со Министерството за труд и социјална политика на Република Македонија потенцираме дека согласно одлука на Владата на Република Македонија за распределба на средства од игри на среќа и забавни игри за 2016 година обезбедени беа средства наменски за набавка на тифло-технички помагала за слепи лица во износ од 500.000 денари.

Како почеток на промотивната кампања за одбележувањето на 70 годиншнината од основањто на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија, 7 децении Мисија, визија, традиција, 7 децении Визија за Светлина, 7 децении Светлина на патот на слепите лица, 7 децении-Симбол на постојаниот стремеж и непребол за достоинствен живот, 7 децении-Ништо за нас-без нас, 7 децении-Темел на современата македонска држава, затоа што ретко која од институциите во државата може да се пофали со така голем јубилеј, бидејќи Националниот сојуз на слепите на Република Македонија е една од најстарите институции во државата.

Националниот сојуз на слепите на Република Македонија во соработка со Црвениот крст на општина Центар и Институтот за трансфузиона медицина на Република Македонија на 01.03.2016 година успешно спроведоа традиционална крводарителска акција под мотото Пријателите на слепите за заедницата на која беа собрани повеќе од 30 единици крв.На традиционалната крводарителска акција на хуманите граѓани им беа доделени благодарници за искажаната хуманост, солидарност и љубов кон човекот.

Целта на акцијата беше поттик на слепите и слабовидните лица како активни чинители во општеството да и тие самите дадат нешто за општеството односно му возвратат со најскапоцената течност.

Во повеќе градови ширум Републиката НССРМ во соработка со локалните здруженија на слепи лица-членки на НССРМ организираше забави на кои на гостите им беа врзувани очите со очила за спиење со цел бар малку да почуствуваат живот во темнина.Забавите беа насловени под називот 10 минути заедно  во светот на темнината.Истите се одржаа со богата културно-забавна програма во рамките на 70 годишниот јубилеј на НССРМ-70 години Визија за Светлина.

Националниот сојуз на слепите на Република Македонија постојано е отворен за соработка со сите институции на системот, органи, установи, јавни претпријатија, локални самоуправи, невладиниот сектор, бизнис заедницата, помагатели, спонзори, донатори, со сите оние кои сакаат да помогнат и да го подобрат животот на слепите и слабовидните лица во Република Македонија, бидејќи наша единствена цел е што подобра утрешница на сите слепите и слабовидни лица во Република Макеоднија, како и борба за што подостоинствен и посамостоен живот.

Националниот сојуз на слепите на Република Македонија во месец декември 2016 година традиционално ја одржа манифестацијата музички смотри за слепи и слабовидни лица, инструменталисти и вокални солисти од натпреварувачки карактер, на која манифестација по објавениот конкурс пристигнаа повеќе од 35 композиции од коис е избраа 14 да настапат во натпреварувачкиот дел и еден изведувач во ревијалниот дел на концертот.За најдобрите три изведувачи според гласовите на публиката следуваа награди.Музичките смотри се значајна културна манифестација на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија која особено го развива богатото културно творештво на слепите и слабовидните лица, како поле на кое истите можат да бидат рамноправни со сечулните лица.

МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА

Во рамките на нашата плодна и богата меѓународна соработка во текот на изминатата 2016 година Националниот сојуз на слепите на Република Македонија зеде активно учество на повеќе активности од меѓународен карактер како регионални концерти, советувања од најразличен тип, тркалезни маси, конференции, музички средби, спортски средби, размена на културен план и слично.

Дел од меѓународните активности ги има организирано Националниот сојуз на слепите на Република Македонија, а на дел има земено активно учество како гостин или партнер на меѓународни проекти.

Овде би сакале да напоменеме дека преку овие меѓународни средби претставниците на НССРМ разменуваат искуства и мислење како и имаат непосреден увид во состојбата на слепите лица во земјите од опкружувањето, но и од светот и пренесување на позитивните практики во нашата земја.

Изминатата 2016 година значително да се забележи е продолжувањето на соработката со Сојузот на слепите на Албанија и Сојузот на слепите на Црна Гора по завршувањето на проектот "Мрежа за застапеност на слепите лица на Западен Балкан" согласно потпишаниот Меморандум за соработка и Акционен план  дејствување, понатаму Сојузот на слепите на Србија, Сојузот на слепите на Бугарија, Косово,Хрватска, Босна и Херцеговина, Европскиот сојуз на слепите, Светскиот сојуз на слепите, Балканскиот консултативен комитет,итн, но и воспоставување на соработка со Сојузот на слепите на Германија, Велика Британија, Русија, Турција, итн...

Претставници на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија шахисти зедоа активно учество на Меѓуанродниот шаховски турнир кој се одржа во организација на Националната спортска федерација на слепите и слабовидните на Република Србија и Сојузот на слепите на Република Србија.Шаховскиот турнир се одржа во периодот од 25.03.2016 година до 27.03.2016 година во Младеновац, Република Србија.Нашите шахисти освоија награда на горенаведениот шаховски турнир.Особено е значајно учеството на нашите шахисти и спортисти на вакви престижни меѓународни натпреварувања се со цел да се увиде до каде се се резултатите.

Претставници на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија зедоа активно учество и го освоија третото место на Балканијадата во Шах за слепи и визуленохендикепирани лица која традиционално ја организира Градската организација на сојузот на слепите на Софија, Република Бугарија.Истата се одржа во периодот од 14.04.2016 година до 17.04.2016 година и на истата нашата делегација го освои третото место во конкуренција на повеќе од 15 држави.

Претставници на Сојузот на слепите на Република Црна Гора и на градската организација на слепите на Подгорица, Црна Гора беа во официјална посета на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија и на Црногорската амбасада во Република Македонија.

Средбата се одржа во периодот од 21.05.2016 година до 24.05.2016 година.Делегацијата ги посета Музејот на македонската борба за државност и самостојност, Спомен куќата на Мајка Тереза, Црквата Свети Спас, старата турска чаршија како и централното градско подрачје на главниот град.Делегацијата во рамките на своето патување го посети и градот Охрид.

Националниот сојуз на слепите на Република Македонија во соработка со Националната спортска федерација на слепите на Македонија во периодот од 27.05.2016 година до 29.05.2016 година беше домаќин на Меѓународен гол-бал турнир за слепи и слабовидни лица во Македонија, Крива Паланка.

На овој меѓународен гол-бал турнир за слепи и слабовидни лица кој се организираше во Македонија во општина Крива Паланка и каде НССРМ е по втро апт домаќин се одржа во рамките на одбележувањето на големиот 70 годишен јубилеј на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија.На истиот учество зедоа гол-бал екипи од следниве држави:Република Бугарија,Република Косово, Република Србија, Република Албанија,Федерација Босна и Херцеговина,Република Црна Гора и секако на домаќинот Република Македонија.

Претставници на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија во текот на месец јуни 2016 година зедоа активно учество на Меѓународен шаховски турнир во Ниш, Република Србија на кој освоија награди.

Претставници на највисокото раковдство на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија беа гости на Славата Спасовден која ја организира и прославува како свој патрон Градската организација на слепите на град Белград, Република Србија.

Како што веќе погоре споменавме во извештајот Националниот сојуз на слепите на Република Македонија како домаќин на Шаховската олимпијада за слепи и визуелно хендикепирани лица која ќе се одржи во општина Охрид, Република Македонија во периодот од 18.06.2017 година до 29.06.2017 година во периодот од 20.07.2016 година до 21.07.2016 година беше домаќин на меѓународна делегација од ИБЦА Шаховската федерација во хотел Метропол, Охрид која делегација се состоеше од директорот на ИБЦА Меѓуанродната шаховска федерација, Меѓуанроден судија во Шах, како и претставник на Параолимпискиот комитет, а се со цел инспекција ан хотелот за што подобра организација на Меѓуанродната шаховска олимпијада за слепи и визуелно хендикепирани лица која ни претстои и која е настан од огромно значење за промоција на државата.

Националниот сојуз на слепите на Република Македонија во периодот од 22.09.2016 година до 25.09.2016 година беше домаќин на меѓунаронди делегации составени од највисоките раководства на Сојузите на слепите на поедини држави и тоа:Република Албанија, Република Бугарија, Република Србија иРепублика Косово.

Делегациите составени од највисоките раководства на сојузите на слепите на горенаведените држави имаа организирана тура и разглед на градот Скопје на денот на нивното пристигнување поточно на 22.09.2016 година каде меѓудругото го посетија Музејот на Вмро, Спомен куќата на Мајка Тереза, Скопското Кале, Старата турска чаршија, итн.

Вториот ден од нивниот престој во главниот град делегациите го посетија Државното училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид "Димитар Влахов" во Кисела Вода, деловниот објект на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија, итн.

Третиот ден од претојот на делегациите во Република Македонија се одржа меѓуанроден концерт во Охрид, во домот на културата на кој настапија и претставници на горенаведените сојузи.Меѓудругото на концертот свој настап имаа и домаќините КУД "Билјана" при Здружение на слепи и лица со оштетен вид на град Скопје-членка на НССРМ  и КУД "Караѓуле" при Здружение на слепи лица на општина Битола-членка на НССРМ.

Последниот ден од нивниот престој делегациите имаа организирано тура со брод до Свети Наум и разглед на општина Охрид и околината.

Во периодот од 07.10.2016 година до 09.10.2016 година делегација на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија зеде активно учество на меѓународен шаховски турнир за слепи и слабовидни лица организиран од општинското здружение на слепи Косовска Митровица, Република Косово.На ова натпреваруавње зедоа учество 20 интернационални шахисти, а нашиот претставник кој беше во тим од 4 члена македонска делегација освои второ место.

Во периодот од 12.10.2016 година до 14.10.2016 година делегација на Националниот сојуз на  слепите на Република Македонија беше гостин на одбележувањето на 70 годишниот јубилеј на Сојузот на слепите на Република Србија.Настанот се одржа во Сава Центарот во Белград, Република Србија.

Националниот сојуз на слепите на Република Македонија во периодот од 28.10.2016 година до 30.10.2016 година беше домаќин на делегација од Градската организација на Сојузот на слепите на Софија, Република Бугарија на културна размена.

Делегацијата беше составена од највисокот раководство на Градската организација на Сојзуот на слепите на Софија, највисокот раководство на Сојузот на слепите на Република Бугарија, раководството на Училиштето за слепи, раководството на Фабриката за слепи, Рехабилитациониот центар за слепи кои извршија посета на културно историските знаменитости на градот Скопје, општина Охрид и општина Тетово.

Меѓудругото делегацијата оствари и поблиски работни средби со Здруженијата на слепи лица од Охрид, Тетово и Скопје се со цел продлабочуавње на досегашната успешна и плодна соработка.

Делегација на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија во текот на месец ноември 2016 година беше гостин на шаховски натпревар во Република Србија организиран од тамошниот Сојуз на слепите во траење од два дена.

Во текот на месец ноември 2016 година екипата во голбол на македонската репрезентација зеде учество на гол-бал меѓународно натпреварување кое се одржа во Република Србија во траење од два дена.

На 05.12.2016 година делегација на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија беше гостин на еднодневна работна средба во Благоевград, Република Бугарија.

Значајно да се напомене е дека покрај Националниот сојуз на слепите на Република Македонија кој има меморандум за соработка со Сојузите на слепите на повеќе држави и здруженијата на слепи лица-членки на НССРМ имаат потпишано свои меморандуми за соработка или пак се збратимени со други меѓународни општински и меѓуопштински здруженија на слепи лица-членки на сојузи на слепи на други држави.

КУЛТУРА,СПОРТ И РЕКРЕАЦИЈА

Националниот сојуз на слепите на Република Македонија уште од своето основање во далечната 1946 година па се до ден денешен во своето  7 децениско постоење  активно се грижи за унапредуавње на начинот на информирање на слепите и слабовидните лица како лица со најтешка категорија на инвалидитет како што претходно веќе погоре споменавме.

Националниот сојуз на слепите на Република Македонија во периодот од 1946-2016 година, 70 години активно се грижи за што подобар живот на секое слепо и слабовидно лице на територијата на Република Македонија.

Како една од најстарите институции во државата и како најстара од сите национални инвалидски организации Националниот сојуз на слепите на Република Македонија има оформено мрежа од 17 општински и меѓуопштински здруженија на слепи лица-членки на НССРМ каде со соодветен стручен и обучен професионален кадар им се пружа грижа и заштита на правата на слепите и слабовидните лица од целата територија на државата.

Основна и примарна задача и цел на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија е навремено, ажурно, непристрасно, информирање на слепите и слабовидни лица за активностите кои ги презема Националниот сојуз на слепите на Република Македонија, како и за активностите на поширок државен и меѓународен план.

Националниот сојуз на слепите на Република Македонија издава, печати и комплетно редактира свои повеќенаменски списанија кои излегуваат на месечна основа.Изданијата на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија се своевидни гласила за слепите лица кои Националниот сојуз на слепите на Република Македонија ги изработува на ним достапни техники.

Националниот сојуз на слепите на Република Македонија изработува, печати и комплетно редактира две повеќенаменски списанија изработени на Брајова(Релјефна) техника и на Звучна (говорна) техника.

Меѓу другото стручната служба на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија комплетно се грижи за уредувачката политика на радио емисијата која се емитува на Македонското радио еднаш седмично односно 4(четири) пати во текот на месецот.

Наша круцијална активност и активност од посебно значење е издавачката и информативна дејност при НССРМ како што претходно веќе погоре напоменавме.Оваа активност е особено сензитивна поради нејзината специфика и специфичната и особено сложена техника на изработка за што потсетуваме дека ова техника за да се развива и усовршува мора да постои заедно со системот на јавното информирање, а никако надвор од него и надвор од тековите на поширокото општество.

Издавачката и информативна дејност има особено значење за задоволувањето на потребите на слепите лица.

Националниот сојуз на слепите на Република Македонија во изминатата 2016 година остварибројни  средби со повеќе приватни компании и институции како нивните официјални интернет страни би биле изработени во техника достапна за слепите лица.

Националниот сојуз на слепите на Република Македонија во однос на ова прашање веќе подолг период работи заедно со Комисијата за слободен пристап до информации од јавен карактер.

Во однос на ова прашање претставници на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија со претставници на Комисијата за слободен пристап до информации од јавен карактер заедно работат на законски норми за достапност на веб содржините на интернет сајтовите на сите институции во државата на формати достапни за говорен синтетизатор за слепи и слабовидни лица.Станува збор з аповеќе од 1600 интернет сајтови кои се само официјалн сајтови на институциите, со можност понатаму да се направат достапни сите сајтови во Република Македонија во рмаките на проектот за веб пристапност.

По повод ова прашање НССРМ со земјите од региопнот како Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора покрена иницијативна за регионален проект по однос на достапноста на интернет содржините и другите пишани содржини на формати достапни до слепите и слабовидните лица.

Значајно да се напомене е дека оваа година, НССРМ издаде значителен број на аудио книги.Така НССРМ како што веќе претходно напоменавме во соработка Министерството за труд и оцијална политика на Република Македонија во текот на календарската 2016 година издаде нови повеќе од 100 наслови на аудио книги.Аудио книгите се достапни на првата онлајн аудио библиотека во земјата односно интернет страната на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија www.nssrm.org.mk

Истите меѓудругото се достапни и во формат на аудио цд во Народнта и Униеврзитетска библиотека Свети Климент Охридски во Скопје и во деловните простории на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија.

Националниот сојуз на слепите на Република Македонија презема значајни активности во информирањето на своите членови за актуелни теми, настани, култура, спорт, шах, рекреација, здравје и слично преку издавање на месечна основа на Звучното списание "Панорама"кое излегува еднаш месечно и кое се дистрибуира низ целата територија на државата, но и надвор од истата.Истото е достапно и на првата онлајн аудио библиотека во земјата.

Значајна поддршка во издавачката дејност претставува и Браевата Библиотека "Ратко Пајдаков" која функционира во рамките на Здружението на слепи лица на општина Велес-членка на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија.Истата библиотека покрај издавањето на аудио книги и книги на Брајова (Релјефна) техника на месечна основа го издава и списанието-информатор за активностите, значајните случувања од обалста на културата, спортот и актуленостите кое претставува звучно списание "Зрак".Звучното списание "Зрак" се дистрибуира до заинтересираните слепи и слабовидни лица, но истото е достапно и за пошироката јавноста на првата онлајн аудио библиотека за слепи и слабовидни лица во делот на звучни списанија-насловени "Зрак" на www.nssrm.org.mk

Изминатата 2016 година по повод големиот 70 годишен јубилеј на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија Здружението на слепи лица на општина Велес во соработка со Брајовата библиотека Ратко Пајдаков изработија аудио издание специјално за големиот 70 годишен јубилеј на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија како аудио монографија.

Во соработка со Локалната библиотека „Гоце Делчев“ – Велес, која е единствена локална библиотека која има отворено катче за слепи читатели во Македонија, а со поддршка на Министерството за култура на Македонија, изминатата година, во тонското студио во  здружението на слепи лица на општина Велес , снимивме и три аудио книги кои беа промовирани пред читателската публика. Овие книги, заедно со едицијата на аудио книги од Министерството за труд и социјална политика на Македонија, се поставени на веб страната на Националниот сојуз на слепите на Македонија www.nssrm.org.mk за бесплатно онлајн преслушување, односно читањеедмично имаме околу 2.500 преслушувања на овие книги.

Изминатата година издадовме претежно лектирна литература која е потребна во образовниот процес на слепите ученици во Училиштето за слепи деца и младинци „Димитар Влахов“. Само еден наслов го посветивме на повозрасната публика, а тоа е Брајовата книга „Буре барут“ од Дејан Дуковски.  Аудио книгите: „Гоце Делчев“ од Ванчо Николески, „Странецот“ од Албер Ками и „Судбината на човекот“ од Михаил Шолохов, како и Брајовите книги: „Итар Пејо“ од Стале Попов, „Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски, „Орхан“ од Неџати Зекирија, „Средарот“ од Григор Прличев и „Шеќерна приказна“ од Славко Јаневски, ги подаруваме на училиштето за слепи деца и младинци „Димитар Влахов“ од Скопје.

Националниот сојуз на слепите на Република Македонија е организација пионир во воведувањето на новини, и во борењето за остварување на законски права и можности.Националниот сојуз на слепите на Република Македонија во изминатата 2016 година, воведе нов тренд на аудио изданија односно онлајн аудио библиотека за слепи и слабовидни лица која е достапна на официјалната интернет страна на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија www.nssrm.org.mk

Ова за Националниот сојуз на слепите на Република Македонија е огромен проект кој едноставно нема временско траење, затоа што истиот е безвременски, затоа што потребата од читање, наобразување и едукација и информирање е неминовна во современиот свет.

Сите аудио наслови се достапни во верзија на слушање односно истите согласно авторските права се заштитени од преснимуавње, симнување, копирање и слично.

Националниот сојуз на слепите на Република Македонија уште еднаш се залага да Република Македонија го ратификува и потпише Меѓународниот Маракеш Договор склучен во Мароко во 2013 година кој дава можност да сите материјали кои се публикувани издавачите задолжително да ги направат достапни за слепите лица и да им ги отстапат за нивни потреби.Односно како што согласно Законот за издавачка дејност издавачите се задолжени за доставуавње на задолжителен примерок од своите изданија, во овој случај издавачите ќе треба да ги отстапат публикуваните материјали во техники достапни за слепите и слабовидните лица односно аудио материјали, звучна техника, брајова (релјефна ) техника, електронска верзија и слично.

Кампањата за оваа активност се одвива под мотото "Право да читам".Затоа што секој има право на читање.Се поголем број ан земји го ратификуваат Меѓуанродниот Маракеш договор, слепите и слабовидните лица во Република Македонија сеуште чекаат на тоа.

Најголема поддршка на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија како чадор организација во однос на издавачката дејност доаѓа токму од Здружението на слепи лица на општина Велес-членка на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија односно од Браевата Библиотека "Ратко Пајдаков" која функционира во рмаките на ова здружение.

Националниот сојуз на слепите на Република Македонија во рамките на својата зидавачка дејност во соработка со Спомен куќата на Мајка Тереза го изработи музејскиот каталог на овој дом на Брајово писмо и истиот беше промовиран од страна на Минстерката за култура на Република Македонија Д-р.Елизабета Канчевска-Милевска во просториите на спомен куќата.

Ова е втор каталог од ваков тип во земјата по оно првиот кој го издаде Музејот на Македонската борба пред 4 години.За плодната соработка со Музејот на Македонска борба говори и фактот што изминатата 2016 година заеднички изработивме проект за достапност ан содржините во музејот на техники достапни за слепите лица, потоа изменување на просторот во музејот со тактилни патеки и слично чија реализација се очекува во најскоро време.

Здруженијата на слепи лица-членки на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија вкупно 17 општински и меѓуопштински на целата територија на Републиката во зависност од програмските активности најмалку еднаш годишно организираат еднодневни културно-образовани, едукативни екскурзии за своето членство.Екскурзиите зависно од програмските активности здруженијата на слепи лица ги организираат како еднодневни и дводневни во сите туристички центри во земјата.

Најчесто здруженијата на слепи лица на овие екскурзии од едукативен карактер ги псоетуваат сите културно-историски знаменитости од тој туристички локалитет.

Слепите и слабовидни лица преку Здруженијата на слепи лица во кои тие членуваат изминатата година на локално ниво беа во посета на кино, локалните театри, на спортски манифестации како фудбал, на концерти, на фестивал за што им беа обезбедени влезници од нивните матични здруженија.

На особено задоволство на слепите и слабовидни лица истите имаа можност да присуствуваат организирано на концерти на познати музички имиња од земјата и регионот.

Сите материјали како информативни брошури, летоци,флаери кои Националниот сојуз на слепите на Република Македонија ги изработува за свои потреби им се дистрибуираат по општинските и меѓуопштинските здруженија на слепи лица како би биле подостапни и на локално ниво за граѓаните од внатрешноста на државата.

За активноста на Брајовата библиотека "Ратко Пајдаков" која функционира при Здружението на слепи лица на општина Велес-членка на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија за соработка со Локалната библиотека Гоце Делчев од Велес говори и фактот за Брајово катче во истата библиотека која го користат слепи и слабовидни лица од општина Велес.Работата на Брајовата библиотека во најголема мера го помога описменуавњето на Брајовото писмо преку издавање и поддршка на материјали изработени на Брајова техника.Во рамките на своите редовни активности се издава списанието "ЗРАК" кое е звучно списание наменето за слепи и слабовидни лица од целата република која библиотека функционира како регионален центар за источна Македонија.

Исто така значајно за напоменуавње во однос на промоција на слепилото во општеството се одржаните јавни часови за промоција на Брајовото (Релјефно )писмо кои ги одржува Здружението на слепи лица на општина Велес во соработка со основните училиштата во општина Велес.

              Така по повод 8ми март повеќето здруженија на слепи лица-членки на НССРМ за своите членки обезбедија пригодни подароци како и пригодна музичко забавна програма.

               Така Здружението на слепи и лица со оштетен вид на град Скопје-членка на НССРМ на 08.03.2016 година организираа и спроведоа свечена вечена од меѓународен  карактер на која присуствуваа и делегации од Република Србија, Лесковац.На истата се поделија значајни подароци како и имаше културно-забавна програма со слепи инструменталисти и вокални солисти.Истата се одржа во ресторанот Македонска куќа.

                По повод 27ми март меѓународниот ден на театарот Здружението на слепи и лица со оштетен вид на град Скопје-членка на НССРМ во повеќе наврати обезбеди билети за своите членови слепи и слабовидни лица од територијата на град Скопје.

По проектот СПОДЕЛИ СВЕТЛИНА импелментиран во соработка со Црвениот крст на град Скопје и компанијата РОШЕ, активностите помеѓу Националниот сојуз на слепите на Република Македонија и Црвениот крст на град Скопје во имплементација ан проекти продолжуваат.Имено моментално активно работиме на два засебни проекти во соработка со Штуловиот универзитет,  а финансирани од меѓуанродни партнери од кои во рамките на едниот проект се вработија три наши слепи членови што е огромен поттик за нас како организација, во рамките на кој проект планирано е да се држат обуки за брајово писмо, понатаму да се изработат повеќе дела на брајова техника, како и да с еотворат двенци центри за лица со оштетен вид.Првиот дневен центар во рамките на проектот свечено беше отворен во деловните простории на Црвениот краст на Република Македонија на 21.12.2016 година.Тоа е проект на УСАИД и ЛЦИФ за деца со пречки во видот.Свое обраќање на свеченото отварање имаа, Сузана Тунева Пауновска-секретар на Црвениот крст на град Скопје, Едвард Гонзалез-претставник на УСАИД, Шпетим Љатифи-директор на проектот, Николина Трајковска-претставник на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија, Слободан Вукиќевиќ-гувернер на Дистрикт 132 Македонија.

             Членовите на Здружението на слепи и лица со оштетен вид на град Скопје го посетија Македонскиот Народен Театар каде гледаа претстава од репертоарот на МНТ.Ова Здружение има богата и плодна соработка со театрите и културните институции од градот Скопје.

               Здружението на слепи лица на општина Кичево-членка на НССРМ традиционално и во 2016 година во периодот мај 2016 година организираше и спроведе традиционален меѓународен шаховски турнир во Кичево на кој покрај домашни учество зедоа и шахисти од соседните земји од регионот.

                Здружението на слепи лица на општина Тетово-членка на НССРМ во изминатиот период мај 2016 година традиционално го организираше и спроведе меѓуанродниот шаховски турнир на кој учество покрај домашните зедоа и слепи и слабовидни шахисти од сите земји од регионот.Станува збор за натпреварување кое е традиционално и се одржува со години.

           Претставници на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија успешно пласирани на отвореното Шаховско првенство на Македонија за 2016 година организирано од Шаховската федерација на Македонија зедоа активно учесво на отвореното првенство кое се одржа во периодот на месец јули 2016  поединечно во хотел Дрим, Струга.Нашата екипа беше претставена од 6 најдобри слепи и слабовидни шахисти од целата територија на државата.

Додека претставници на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија во периодот на месец август 2016 година зедоа учество на екипното отворено првенство во Шах организирано од страна на Шаховската федерација на Република Македонија.Истото се одржа во Струга.

                        Традиционално секоја година така и изминатата 2016 година во емсец јули на 10.07.2016 година по повод големиот христијански празник Петровден Здружението ан слепи лица на општина Кочани-членка на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија одржа низа на еднодневни културно-спортски активности од меѓународен карактер.

            Здруженијата на слепи лица на град Скопје и општина Тетово поради составот на лицата со оштетен вид кој е мултиетнички и се разликува по старосната структура, по вероисповедта, образованието, материјалниот статус, културата, начинот на живеење и други различност кои сите ги почитуваме и настојуваме соодветно да бидат вклучени сите.Различностите се богатство за било каква форма на здружуавње, со нив се надополнуваме, учиме да с епочитуваме и да се толерираме, што доведува до подобар живот и благосостојба.Токму поради сето горенаведено секоја година така и изминатата 2016 година по повод големиот муслимански празник Рамазан Бајрам овие здруженија обезбедија пригодни апкети производи и пдоароци и посетија семејства од муслиманска вероисповед со слепи или слабовидни лица.

            Националниот сојуз на слепите на Република Македонија во соработка со Националната спортска федерација на слепите на Македонија во периодот од 16.09.2016 година до 19.09.2016 година во хотел Плажа, во Струга организираше и спроведе Полуфинале во Шах за мажи на Македонија за 2016 година поединечно првенство.

            Во периодот од 20.09.2016 година до 26.09.2016 година се организираше и спроведе Државното поединечно првенство во Шах за мажи на Македонија за 2016 година во хотел Плажа, Струга.

            Во периодот од 20.09.2016 година до 22.09.2016 година Националниот сојуз на слепите на Република Македонија во соработка со Националната спортска федерација на слепите на Македонија организираше и спроведе Државно поединечно првенство во Шах за жени на Македонија за 2016 година.

            За најдобрите шахисти и шахистки следуваа награди.

            Станува збор за традиционална и редовна спортска активност на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија на кој земаат учество слепи и слабовидни шахисти и шахистки од целата територија на Република Македонија.

            На 24.09.2016 година Националниот сојуз на слепите на Република Македонија во Домот на Културата на општина Охрид, во соработка со КУД Караѓуле при Здружение на слепи лица на општина Битола, КУД Билјана при Здружение на слепи и лица со оштетен вид на град Скопје и Здружението на слепи лица на општина Охрид, во рамките на одбележуавњето на големиот 70 годишен јубилеј на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија, организираше и спроведе Меѓуанроден концерт на слепи музичари од регионот на кој покрја слепи и слабовидни музичари од домашната естрада, учество зедоа и слепи и слабовидни музичари од соседните земји меѓу кои Република Албанија, Република Косово, Република Србија, Република Црна Гора и Република Бугарија.

            Традиционалниот меѓуанроден концерт се рпенесуваше на локална телевизиска станица во општина Охрид.

            Во текот на месец октомври 2016 година Националниот сојуз на слепите на Република Македонија во траење од 2 дена го одржа традиционалниот семинар за жени на кој учество зедоа повеќе од 70 жени слепи и слабовидни од целата територија ан државата.Семинарот се одржа во хотел Арена Тетекс, Попова Шапка, тетово на кој признат експерт држеше предавања на тема од областа на медицинската рехабилитација кај шеќерната болест.На истиот семинар слепите и слабовидните жени изработуваа и ракотворби во чест на 70 годишниот јубилеј на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија за кои ракотворби за најдборите и највештите три следуваа и награди.

            Во перидот од 06.10.2016 година до 09.10.2016 година Националниот сојуз на слепите на Република Македонија во соработка со националната спортска федерација на слепите на Македонија го организираа и одржаа Државното првенство во гол-бал за слепи и слабовидни лица на Македонија за 2016 година во Неготино, во Спортската сала при СОУ Свети Кирил и Методиј.На државното првенство во гол-бал за слепи и слабовидни лица за Македонија за 2016 година пласирани беа 11 екипи кои играа во две групи.За првите три екипи следуваа награди.прво место беше екипата на Куманово, второ место беше екипата на Скопје 2 и трето емсто беше екипата од Државното училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид Димитар Влахов од Скопје.

            По повод 03.декември 2016 година  меѓународниот ден на лица со инвалидност традиционално КУД Билјана при Здружението на слепи и лица со оштетен вид на град Скопје организираше целовечерен хуманитарен концерт на слепи инструменталисти и вокални солисти во Домот на Армијата на Република Македонија.На концертот традиционално настапија и поснати уметници од домашната естрада.

            На 23.12.2016 година во концертната сала на Домот на хуманитарните организации на Македонија Даре Џамбаз во Скопје се одржаа традиционалните музички смотри на кој согласно зивршениот избор по конкурсот учество зедоа 14 слепи и слабовидни вокални солисти во натпреварувачкиот дел и една композиција во ревијалниот дел.

            За најдобрите три композиции следуваа награди од публика и награди од стручното жири составено од сипломирани професори по музичка теорија и педагогија.

Во 2016 година се одржа и Државното првенство во Атлетика за инвалиди на Македонија.Истото како традиционално натпреварување изминатата година се одржа во Охрид во траење од еден ден.Како дисциплини кои беа опфатени со натпреварот беа трчање на 100 метри, на 200 метри и на 400 метри, фрлање ѓуле, копје и диск.На истото земаа учетво повеќе категории на инвалидизирани и лица.Оваа активност традиционално Националниот сојуз на слепите на Република Македонија ја организира со Националната спортска федерација на слепите на Македонија.

Здружението на слепи и лица со оштетен вид на град Скопје традиционално и ова агодина по 44-ри пат го одржа Меѓународниот Шаховски турнир за слепи и слабовидни шахисти во соработка со Град Скопје.На истиот учество зедоа слепи и слабовидни шахисти и шахистки од целатат територија на државата како и надвор од неа.Истиот се одржа во периодот од 11-13.11.2016 година по повод ослободувањето на градот Скопје.

Сите овие активности меѓу кои и многу регионални првенства во гол-бол или пријателски натпревари како и во Шах се согласно програмата за работа на НССРМ и на здруженијата на слепи лица- членки на НССРМ.

По повод промоција на проблематиката на слепите лица во општеството оваа година се одржаа многубројни прес конференции како и изјави за печат.

Исто така наши претставници земаа збор и на одбележувањето на 03.12.2015 година Светскиот ден на инвалидизирани лица организиран од страна на Националниот совет на инвалидските организации на Македонија чија членка е и Националниот сојуз на слепите на Република Македонија.

По повод новогодишните и божиќните празници како и секоја година така и изминатата 2016 година за најмалите членови на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија како и за децата на нашите членови преку општинските и меѓуопштинските здруженија на слепи лица се обезбедија пригодни новогодишни пакетчиња.

Во текот на целата календарска 2016 година во рамките на спортот и рекреацијата за членовите на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија се одвива и одржува еднаш седмично Курс по Шаховска игра во траење од една Шаховска игра од 2-3 часа.

Курсот се одвива во просториите на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија во Домот на хуманитарните организации Даре Џамбаз во Скопје.

Задолжен и ангажиран за курсот е тренерот по Шаховска игра-Шахист Дејан Динев кој заинетресираните слепи и слабовидни членови активно ги подготвува за претстојната Шаховска олимпијада за слепи и слабовидни во Македонија во 2017 година со цел истите да стекнат што подобри резултати на светско ниво.

Тренерот е член на  Шаховската Федерација на Македонија.

НССРМ постојано на одреден краток временски интервал вршеше посета на општинските здруженија на слепи лица со цел унапредување на нивната работа.

Оваа посета се одвиваа во рамките на програмските активности на НССРМ и на здруженијата членки на НССРМ и истата е тековна.

Остварувањето на поголем опсег на активности е условено со оставрените финансиски средства.

Мораме да напоменеме дека овој Извештај ги содржи позначајните активности на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија кои беа преземени во изминатата 2016 година.

Националниот сојуз на слепите на Република Македонија и понатаму ќе настојува да во фокусот на вниманието на пошироката општествена јавност бидат проблемите и потребите на слепите лица.Со сите сили ќе настојуваме да проблемите на слепите лица бидат во центарот на актуленостите на општествениот живот како и да се менува и развива свеста на јавноста за оваа категорија на граѓани, да го трасираме патот за што подостоинствен живот на слепите лица и за што поквалитетен и порамноправен пристап во општеството.

Менувањето на јавната свест, пратењето на светските трендови за правата на лицата со оштетен вид и нивната имплементација во наши услови на живеење, лобирање за измени и дополнувања на законската легислатива  во однос на подобрување на животот на лицата со оштетен вид есмислата напостоењето на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија.

Националниот сојуз на слепите на Република Македонија веќе 69 години активно се залага и постојано во континуитет го трасира патот за што подобро утре на слепиот човек.

Напоменуваме дека наша главна цел и мисија е општество без бариери за слепите лица, општество без предрасуди и стереотипи за слепите лица, општество во кое слепите лица ќе се почуствуваат како рамноправен дел од заедницата.

НССРМ смета дека паричните надоместоци за нега и помош од друго лице, слепило, се компензација на инвалидноста и нетреба да се врзуваат со личните примања и примањата во семејството. Лицата со оштетен вид  кои се приматели на овие надоместоци се ограничени во можноста за самостојно живеење, секојдневно се соочуваат со најразличен вид на бариери кои им ги поставило општеството и кои се пречки за нивна целосна инклузија и независно живеење.            

НССРМ во изминатата година се насочи кон огромно медиумско внимание кон себе и кон своите членки и постојана и во континуитет присутност во јавноста заради што подобро запознавање на јавноста со нашите активности но истовремено и заради развивање на јавната свест.

Нашите активности во јавноста одат под мотото НИШТО ЗА НАС-БЕЗ НАС и НИЕ СМЕ ТУКА МЕЃУ ВАС.Затоа што НССРМ е Светлина на патот на слепите лица во изминатите 69 години постоење.

Националниот сојуз на слепите на Република Македонија како институција која повеќе од 70 години активно делува на целата територија на Република Македонија постојанос е грижи за унапредуавње на животот и достоинството на своите членови-слепите и слабовидни лица на целата територија на Републиката.

Националниот сојуз на слепите на Република Македонија како чадор организација која брои 17 општински и меѓуопштински здруженија на слепи лица членки, за своите превентивни активности и превентивно делување пишува во извештаите кои поединечните здруженија ан слепи лица ги испраќаат до НССРМ, како и во извештаите кои Националниот сојуз на слепите на Република Македонија ги изготвува во текот на годината.

НССРМ активно ќе се залага за рамноправност и за што поголема вклученост на слепите лица во општеството како и нивно вработување и учество во општествениот живот, пристап до ресурси на знаења и информации, здравство, отстранување на архитектонските и бариери,спорт и рекреација и друго.

Националниот сојуз на слепите на Република Македонија и во наредниот период ќе работи на интересите на членството како и на анимирање на членството за земање на учество во активностите кои ги организира Националниот сојуз на слепите на Република Македонија.

ПРЕТСЕДАТЕЛ

НАЦИОНАЛЕН СОЈУЗ НА СЛЕПИТЕ

НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

СЕЛКОВСКИ ЖАРКО