ПРОГРАМА ЗА РАБОТА ЗА 2017 ГОДИНА

Категорија Документи

ПРОГРАМА

ЗА

РАБОТА НА

НАЦИОНАЛЕН СОЈУЗ НА СЛЕПИТЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ЗА 2017 ГОДИНА


Националниот сојуз на слепите на Република Македонија како национална инвалидска организација која делува на целата територија на Републиката како национална, непартиска, инвалидска, хуманитарна  организација согласно Законот за инвалидските организации (Сл.Весник на РМ бр.89/2008 ) и соглансо измените и диполнувањата на истиот (Св.Весник на РМ бр.59/2012 и 23/2013) во своето  7(седум) децениско постоење согласно досегашното плодно и богато  искуство, програмските цели, програмските задачи како и активностите согласно програмата за работа на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија и активностите изадачите на неговите органи и тела во согласност со Уставот на Република Македонија како највисок конститутивен правен акт, Законот за здруженија на граѓани и фондации на Република Македонија како и посебниот закон за инвалидските организации на Република Македонија за кој претходно веќе погоре споменавме, останатите позитивни важечки прописи, Статутот на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија бр.01-70 од 28.02.2011 година како највисок акт на управување и раководење со националата организација Национален сојуз на слепите на Република Македонија ќе се засноваат на досегашните потврдени вредности, постигнати резултати, и позитивни искуства.

ВОВЕД

Националниот сојуз на слепите на Република Македонија е формиран уште далечната 1946 година под името Сојуз на слепите на Република Македонија, а во 2008 година согласно важечките позитивни законски прописи во Република Македонија повеќе од 70 години активно дејствува на Национално и меѓународно ниво како национална организација за застапување на правата, интересите, проблемите и обврските на слепите лица, како социохуманитарна, невладина и непрофитна,непартиска  организација.Од самиот свој почеток води целосна грижа за своите членови-слепите лица (лица кои на подоброто око со корективно стакло гледаат најмногу до 10 проценти.).Низ својата долга и плодна историја, па се до ден денешен, Националниот сојуз на слепите на Република Македонија во голема мера придонесува за:

  • Откривањето,упатувањето на школување, описменување на Брајово(Релјефно)писмо, рехабилитација, вработуавње, приспособување на работните места;

  • Обезбедуавње на тилфо-технички помагала за самостоен живот и работа на слепите лица, помагала кои им служат на слепите лица и со чија помош во некоја мера го надополнуваат изгубениот вид и го поедноставуваат секојдневниот живот, работа и ориентација во просторот и средината во која живеат;
  • Превенција на слепилото;
  • Законска регулатива за правата и бенефициите на слепите лица како права и бенефиции согласно важечките законски прописи како и предлагање на нови законски прописи во однос на бенефиции при вработување, школување, паричен надоместок за помош и нега од друго лица, паричен надоместок за слепило, итн.
  • Развој на нивната духовна и телесна култура (Во овој дел спаѓа производството и дистрибуцијата на книги и друга стручна литература на Брајово (Релјефно) писмо, како и на книги и друга стручна литература во Звучна техника и во дигитална форма, повеќенаменски списанија кои опфаќаат теми од областа на култура, спорт, образование, информации,антропологија,медицина и слично,понатаму музички литературен и радио аматеризам, спорт, шах и рекреација за слепи лица, како и радиоемисија комплетно редактирана од страна на НССРМ );

Националниот сојуз на слепите на Република Македонија како национална инвалидска организација е членка на Европскиот сојуз на слепите лица (EBU), Светскиот сојуз на слепите (WBU), на Балканскиот консултативен комитет (BCC) како и на Националниот совет на инвалидските организации на Македонија (НСИОМ).

Националниот сојуз на слепите на Република Македонија е основач и единствен сопственик на Заштитно друштво за промет и услуги "ВИЗИЈА-ДЕРМЕНЏИЕВ" ДООЕЛ СКОПЈЕ.Друштвото е основано во 2014 година во месец септември со цел поддршка и  вработување на слепите и слабовидни лица-членови на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија како помош и поддршка во нивното самостојно живеење и нивна можност за вработување.

Националниот сојуз на слепите на Република Македонија претставува чадор-организација во која членуваат 17 општински и меѓуопштински здруженија на слепи лица-членки на НССРМ  во кои членуваат слепи и слабовидни лица кои на подоброто око со корективно стакло гледаат најмногу до 10 проценти.Вкупниот број на слепи и слабовидни лица на територијата на Република Македонија членови на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија е околу 2500 членови.

Здруженијата на слепи лица членки на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија се:Скопје, Тетово, Кичево, Струга, Охрид, Битола, Прилеп, Македонски Брод, Велес, Штип, Кочани, Свети Николе, Кавадарци, Гевгелија, Струмица, Неготино и Куманово.

Организационата структура на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија е составена од:

СОБРАНИЕ

НА НАЦИОНАЛЕН СОЈУЗ НА СЛЕПИТЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

 ↓

           ИЗВРШЕН ОДБОР

НА НАЦИОНАЛЕН СОЈУЗ НА СЛЕПИТЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

(ПРЕТСЕДАТЕЛ И ПОТПРЕТСЕДАТЕЛ)

 ↓                                           ↓

Работни тела(Комисии)           СТРУЧНА СЛУЖБА НА НССРМ

Соработници на НССРМ                                        Волонтери на НССРМ

Работењето и одлучувањето на органите и телата на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија со вршат на еден демократски, транспарентен начин, притоа уважувајќи ги принципите на рамноправност, взаемност, солидарност, хуманост и недискриминација по било кој основ.

             Националниот сојуз на слепите на Република Македонија низ своето долгогодишно искуство и плодна и активна работа на полето на заштитата и унапредувањето на правата на слепите лица на целата територија на Република Македонија низ својата работа се води од паролата "НИШТО ЗА НАС-БЕЗ НАС"и при својата работа во промовирање на нашите конкретни активности и цели и конкретно преземени акции се насочува кон директна корист на неговите крајни корисници-слепи лица, своите членови како и низ изградуавњето на пристап и приод со кој се потенцираат способностите, слободата ан избор и еднаквите права и бенефиции притоа активно барајќи пошироката човекова околина да се приспособува кон слепите лица.

            Националниот сојуз на слепите на Република Македонија преку своите секојдневни кампањи преку својата радиоемисија "Панта реи" на Македонското радио, како и преку своите печатени и електронски списанија но и преку мас медиумите постојано го поттикнува општеството се со една единствена цел општеството да го подобри својот однос кон слепите лица првенствено и да им помогне односно да им овозможи на слепите лица и тие како и останатите граѓани на ова општество да ја преземат целосната одговорност како активно членови на ова опоштество.

           Националниот сојуз на слепите на Република Македонија создава услови за целосно оспособување и интегрирање на своите членови-слепите лица во општествената заедница притоа апелирајќи на рамноправна положба на слепите лица со останатите граѓани на Република Македонија.

  Низ своето веќе  7 децениско постоење работејќи и поаѓајќи единствено од својата основна цел и мисија како и во изминатите 70 години така и до ден денешен, досега за анимирање, активирање и организирање на слепите лица од една страна, како и на сите заинтересирани лица и на целокупната општествена заедница од друга страна за давање на една сестрана помош и за квалитетно подигање на начинот на живот и делуавње и размислување на секое слепо лице одделно, како и за нивно активно и комплетно вклучување во пошироката општествена заедница.Националниот сојуз на слепите на Република Македонија како и досега така и во наредниот период во идната 2017 година своите активности ќе ги насочува и ќе ги остварува единствено согласно својата програма за работа и согласно своите начини на делување.

          Во рамките на својата програма за работа на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија се изведуваат редовни и традиционални активности на НССРМ.Нивното извршување по тематски области се смета за основна и приоритетна задача на НССРМ.

ЦЕЛИ НА ПООДДЕЛНИ ПРОГРАМИ НА НССРМ СЕ:

  • Промоција на проблематиката на слепите лица во општеството
  • Помош на слепите лица при образование
  • Информирање и издавање на списанија, учебници,учебни помагала, публикации, стручна литература и слично
  • Меѓународна соработка и меѓународни активности за слепи лица
  • Организирање на спорт,шах и рекреација на слепи лица
  • Обезбедување на тифло-технички помагала на слепите лица
  • Програма за помош на подоцна ослепените лица

РАСТ И РАЗВОЈ НА НАЦИОНАЛНИОТ СОЈУЗ НА СЛЕПИТЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И НЕГОВИТЕ ЧЛЕНКИ-ЗДРУЖЕНИЈАТА НА СЛЕПИ ЛИЦА

              Наша постојана обврска е грижата за откривање, анимирање и вклучување во членството на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија на сите оние кои сакаат со својата активност и способност активно да го потпомогнат работењето на НССРМ како и активна помош на оваа категорија на граѓани.

  • Ќе се настојува за системско решавање на статусот на слепите лица во Република Македонија
  • Активно ќе се следи општествената активност на разни здруженија, фондации, институции и организации со исти или слични цели, како во земјава, така и во меѓународните односи, се со цел за прибирање на искуства, како и досегашните преземени низа заеднички акции во борбата за остварување на нашите цели.Нашиот труд и макотрпна работа мора единствено да се фокусира во создавање на современ,модерен и пред се духовно богат Национален сојуз на слепите на Република Македонија во кој обострано ќе бидат задоволни и крајните корисници на права-слепите лица како и нашите вработени.
  • Ќе продолжиме со настојуавњата и обидите за вклучување на образовани и активни слепи лица и придобиавње на наша страна на водечките културни, научни и политички личности и институции во земјава со цел за поквалитетно остварување на нашите основни цели, задачи и активности
  • Создавање на услови за работно оспособување и вработување на слепите лица
  • Поттикнување и координирање на активности за остварување на правата и бенефициите на слепите лица и создавање на услови за поуспешно задоволување на општите, заедничките, посебните и специфичните потреби и усогласување на заедничките и личните интереси на слепите граѓани на Република Македонија
  • Следење на научно-технолошките достигнувања, обезбедување на тифло-технички помагала за слепи лица како и на различна специјална опрема, уреди, инструменти, апарат  за домаќинство, и други разноразни технички средства за потребите на слепите лица.Во овој домен спаѓа набавка на персонални компјутери, говорни програми за слепи лица вградливи во персонални компјутери и во мобилната технологија, набавка на дигитализирани звучни апарати од областа на медицината како апарати за мерење на шеќер во крвта, за мерење на крвен притисок, за топломери за мерење на телесна температура, кујнски лонци и ваги во домаќинството, браеви и звучни часовници за слепи лица, термометри браеви како и мн мн други помагала.
  • Создавање на услови за задоволување на потребите на слепите лица во областа на културата и информирањето.
  • Организирање на спортско-шаховски и рекреативни активности
  • Активно учество и вклучување во креирањето на богати социјални програми како и во креирањето на инвалидската политика во земјава
  • Активно учество во креирањето и донесувањето на законските прописи и останатите акти кои содржат прашања од интерес за слепите лица
  • НССРМ организира најразлични активности за слепите лица се со цел развивање на нивните лични афинитети.Овие активности се приспособени на нивните способности и можности
  • НССРМ активно настојува и своето делување го насочува кон остварување на плодна соработка и развивање на веќе воспоставената сорабтока со државните органи и институции на системот, организации, здруженија на слепите лица и институции на слепите лица, останатите сродни инвалидски организации како и останатите невладини  организации и асоцијации,фондации, меѓународни организации и асоцијации, приватниот бизнис сектор,итн.
  • Единствена база на податоци која содржи податоци за нивниот инвалидитет, старосната структура, социо-економската положба, образование, вработување, школување, семејна анамнеза на болести, семејно стебло итн.Само врз основа на веродостојни податоци може да се искажат реалните барања за регулирање на нивниот статус и регулирање на соодветните форми на социјални права и социјална заштита во целина како и регулирање на нивните права согласно позитивните важечки законски прописи

ПРОМОЦИЈА НА ПРОБЛЕМАТИКАТА НА СЛЕПИТЕ ЛИЦА ВО ОПШТЕСТВЕНАТА ЗАЕДНИЦА

            Во рамките на овој дел од Програмата за работа на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија за 2017 година како и во досегашното искуство и практика системски и подробно ќе се работи на:

            ГЛОБАЛНИ ЦЕЛИ

А)Пронаоѓање на субјекти за соработка и за поддршка на програмските цели и задачи согласно годишната програма за работа на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија

Б)Организирање на конференции за печат, прес-конференции, јавни манифестации и други промотивни активности

В)Воспоставување и одржување на веќе воспоставените контакти со државните органи и институции на системот, организации,асоцијации, фондации и други субјекти од кои Националниот сојуз на слепите на Република Македонија очекува конкретна помош и поддршка

Г)Лобирање и присутност во јавност постојано потсетувајќи ја истата за проблемите со кои се соочуваат слепите лица на територијата на Република Македонија во секојдневието а особено лобирање кај политичките субјекти како чинители на законските прописи во државата, нивните застапници во Собранието на Република Македонија, членовите на Владата на Република Македонија, Советите на Локалната Самоуправа, Градоначалниците на општините во Република Македонија и Градоначалникот на град Скопје и општините во градот Скопје се со цел што подобро и поуспешно остваруавње на зацртаните програмски задачи и цели на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија

Д)Постојана грижа за објективно, непристрасно и вистинско известуавње на јавноста за проблемите, потребите и за реалната состојба во која се наоѓаат слепите лица и за нивната положба во Република Македонија

Ѓ)Создавање на позитивна клима во општеството заради разбирање и прифаќање на проблематиката на слепите лица како дел од целокупната општествена заедница и како дел од целокупната социјална политика во државата и општеството

Е)Поттикнување и самостојно организирање на најразлични промотивни активности како изложби, концерти, претстави, публикации вклучувајќи го притоа и координирањето на промотивните активности на своите здруженија на слепи лица-членки на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија заради пообјективно претставување и презентирање во јавноста на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија како една целина.

Ж)Ќе продолжиме со нашите постојани настојувања за остварување на сеуште нерешените горливи проблеми на слепите лица во земјава и за сеуште нерешените барања на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија а особено во областа на зголемување на паричниот надоместок за помош и нега од друго лице, зголемуавње на паричниот надоместок за додаток за слепило, ќе настојуваме истите да бидат изразени во одреден процент од процечната плата како би можеле да ги следат зголемувањата на животните трошоци согласно официјалната статистика, за измени и дополнуавње на Законот за социјална заштита, За измени на Законот за вработување на инвалидни лица, како и други законски измени во позитивните закони  со цел хармонизација и усогласуавње на македонското законодавство кон она на Европската Унија како заедница кон која стремиме.За оваа цел ќе користиме исклучиво демократски средства и форми на делуавње.

З)Ќе продолжиме со осовременуавање на Програмата за работа на организацијата и дејствувањето на НССРМ со што ќе се подобри нашата ефикасност и ефективност.За оваа цел ќе ја зголемуваме и подигнеме на повисоко ниво соработката со европските институции на слепите лица како и со стручните и јавните установи во Република Македонија како што се Институтот за дефектологија при Филозофскиот факултут при Универзитетот Свети Кирил и Методиј во Скопје, со Државното училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид Димитар Влахов од Скопје

ЗАКОНОДАВНА ДЕЈНОСТ

           

  • На надлежните државни органи и институции и Министерства да имс е предлагаат законски решенија по кои би се унапредило правото на паричен надоместок за помош и нега од друго лице како и додатокот за слепило а воодено вработувањето на слепите лица.Во зависност од одвивањето на постапката активно да се учествува со предлози за измена и дополнуавње на несоодветни одредби во постојаните закони или пак во нацртите на законите кои се донесуваат.
  • И натаму ќе настојуваме да се предлага донесување ан законски одредби со кои ќе се унапреди институтот на на бенефиции и поволности во меѓународниот патнички како и авио сообраќај.
  • Да се настојува да се оствари поповолен статус на слепите во судските постапки и при користење на нотарските услуги.
  • Да се следат сите промени во законите и подзаконските акти, посебно на подрачјето на социјалната заштита, инвалидско-пензиското осигурување, царинското и даночното законодавство.

ЈАВНОСТ ВО РАБОТАТА

Една од главните цели и основно начело и принцип на работа со која како во досегашната практика така и отсега во 2017 година ќе се наметнеме на општествената јавност за остварување на нашата цел со која ќе ги оправдаме и ќе ги афирмираме нашите акции и ќе ги анимираме сите расположливе материјални и човечки ресурси за остварување на нашите цели и задачи.

Нашето медиумско претставување преку печатените и електронските медиуми вродува со плод.Ова претставување на гласот на слепите лица за поддршка и помош и унапредување на законските права се остварува преку нашиот интернет сајт, преку Браевото и Звучното списание чиј издавач е Националниот сојуз на слепите на Република Македонија како и преку нашата радио емисија на Македонското радио но и преку останатите јавни и приватни медиуми интернет страни, печатени гласила, дневни неделни и месечни списанија и весници, културни информатори и слично.Преку ова гласот и пораката за слепилото допира до пошироката македонска јавност но и до светската јавност надвор од границите на нашата држава.Пособно внимание и акцент на јавноста ставаме на добивање и поврат на претходно загубените законскии права на слепите лица како и подигнување на животниот стандард на слепите лица за што посамостоен живот, соодветно вработување, образование и вклучување во целост во секојдневните општествени текови на модерното живеење.

СОЛИДАРНОСТ И ВЗАЕМНОСТ

Националниот сојуз на слепите на Република Македонија има за задача да им дава целокупна морална и друг вид на поддршка на слепите лица и нивните семејства-членови на НССРМ.

СВЕТЛИНАТА Е ВО НАС-СВЕТЛИНАТА Е МЕЃУНАС

Најшироката и најдолготрајната акција и цел на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија е прекинување на своевидното доброволно прогонство и вадење на слепите лциа надвор од своите домови, за да го вкусат вистинскиот живот, за да ја почуствуваат виделината на денот, и нивно охрабруавње и оспособување да гоз аземат своето место под сонцето своето место во општеството кое отсекогаш им припаѓало.

НЕПРЕЧЕНО ТВОРЕШТВО

            НССРМ постојано помага, подджува и извршува активности кон поттпикнуавње и реализирање на севкупните творечки потенцијални на своите членови-слепите лица и во тој поглед афирмација на нивното културно-уметничко творештво за кое постои плодно тло.Овие активности се одвиваат преку двете Културно-уметнички друштва на слепите лица Билјана од Скопје и Караѓуле од Битола.Напоменуваме дека овие друштва се меѓу единствените друштва на слепите лица на Балканот.

            Националниот сојуз на слепите на Република Македонија преку своите две културно-уметнички друштва и тоа КУД "Билјана" при Здружение на слепи и лица со оштетен вид на град Скопје како и КУД "Караѓуле" при Здружение на слепи лица на општина Битола-членки на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија го помага непреченото уметничко творештво на слепите и слабовидни лица од целатат територија на државата.При овие друштва се организираат различни концерти, поетски вечери, музички смотри, фолклорни анасамбли, музичко-сценски проекции, во нив членуваат слепи инструменталисти и вокални солисти.

КУД "Караѓуле" при Здружението на слепи лица на општина Битола-членка на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија традиционално како ис екоја година и во наредна година планирано е да настапи на Битолското културно лето Фестивалот БИТ ФЕСТ.

РАБОТА НА СЛЕПОТО ЛИЦЕ

            НССРМ се труди низ една перманентна и непрекината акција која е системски осмислена да обезбеди услови за вработување и работно ангажирање на нашите членови.за оваа цел водиме силни контакти и соработка со фирмите кои вработуваат слепи лица како и со останатиот дел со бизнис секторот, воедно постојано се залагаме за што поголемо вработување на слепите лица во јавниот сектор и органите и институциите на државната управа.

            Наша првенствена цел е да им се објасни користа и привилегиите, добрите позитивни страни на организациите кога имаат можност да вработат слепо лице.Сметаме дека ан еден неформален и директен начин притоа запазувајќи ја правната страна и сериозноста на работата ќе овозможиме бизнис секторот повеќе да се ангажира при вработување на слепите лица.

            -Ќе покренуваме иницијативи за приоритетно вработување на работни места кои се сметаат за соодветни за нивните способности и за капацитетот на работа на конкретното слепо лице, но не според неговата инвалидност.

            -Ќе покренуваме законски измени за што поеднаков пристап и за што поеднакви услови за вработуавње на инвалидни лица осносно за создавање на услови за подеднакво вработуавње на слепите лица од ист и од различен вид и степен на инвалидитет како во заштитните претпријатија така и во отворените занимања и во јавните и државните институции.

            -Создавање на еднакви можности и услови за работа на нововработените слепи лица како и на веќе претходно вработените слепи лица со другите вработени во смисол на приспособување на работните услови преку набавка на соодветна опрема за работа во однос на уреди, алат за работа, прибор за работа, помагала итн.

            -Заради обезбедување на материјална основа за создавање на услови, а воедно и за поттикнување на претпријатија и работодавците за вработување на слепите лица, како и за поттикнуавње на самовработуавњето на слепите лица во свое сопствено основано трговско друштво кои пред вработуавњето биле пријавени како невработени лица да се создадат услови за обезбедуавње на дополнителни и поголем износ на финансиски средства.

ПОМОШ НА СЛЕПИТЕ ЛИЦА ПРИ ЕДУКАЦИЈА

            Централна институција во нашата програма е образованието и едукацијата н слепите лица.Наша главна мисија е што поголем број на што повисоко образовани членови-слепи лица.Затоа што што поголемо образование придонесува и за што помала маргиналицаија на слепите лица.За оваа цел се бориме макотрпно и немилосрдно за што поголемо достигање на образовно ниво на слепите лица.

            Олеснителна околност е вклучувањето на интернет и на модерната и широко достапна технологија се разбира со неопходна техничка поддршка, а пзонавањето на компјутерите и нивното секојдневно користење е олеснително средство кое ќе го олесни постигањето на нашата цел.Од огромно значење е модерниот начин на комуникација и можностите кои истото ги нуди како и вклученоста на слепите лица во глобалната интернет мрежа.

            -Постојано ангажирање во откривањето на слепи лица на територија на Републиката и нивно вклучување и интегрирање во програмите на НССРМ како и во рамките на сите степени на редовното образование и во Државното училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид Димитар Влахов во Скопје.

            -НССРМ преку своите општински и меѓуопштински здруженија на слепи лица активно ќе дава морална и материјална поддршка за вклучување нa слепите лица во образовниот процес и ќе го следи остварувањето на образовниот процес во специјалното училиште

            -Покренување на иницијативи за имени во Законите од сферата на образованието се со цел надминување на проблемот за опфаќање на слепите деца во предучилишната возраст

            -Обезбедување и овозможување на соодветни учебни помагала

            -Обезбедување на учебници, лектира, стручна литература и списанија за потребите на слепите на слепите ученици и студенти во основното,средното и високото образование на Брајово писмо и на звучна техника усогласени според стандардите и новите наставни програми.

            -Ќе работиме на добивање на литература во дигитална форма

            -Ќе им даваме и понатаму стручна помош на децата и родителите и наставниците за олеснуавње на процесот на образование

            -Покренување и обебедување на финансиска помош, стипендииза талентирани слепи лица

            -Помагање на слепите ученици во било кој степен на образование

            -Организирање на разнис тручни семинари, предавање, курсеви, советувања и слично заради нивна натамошна обука и наобразба

            -Поттикнуваме набавка на опрема за релјефно прикажување на сликовниот материјал.Оваа опрема би помогнала во илустрација и изработка на учебниците и на материјалите за учениците во редовните и во специјалното училиште, а особено во обука на масерите и на физиотерапевтите

            -Ќе ги помага слепите лица при набавка на потребните помагала неопходни во процесот на школување

            -Ќе настојуавме да го прошириме бројот на изданија на Брајова техника со печатење на различни дела од различни подрачја

            -Ќе преквалификуваме во соработка со релевантните институции слепи масери од различни занимања кои веќе подолго време чекаат вработување

            -Организирање на курсеви за Брајово писмо на лица кои подоцна гоз агубиле видот и не го познаваат ова писмо

            -Организирање на курсеви за ориентација во просторот

            -Организирање и помагање во одржување на курсеви за странски јазици и компјутери за слепи лица

            -Ќе го поттикнуваме образованието на слепите за специфични занимања и надвор од земјата

           

ЕДУКАЦИЈА ЗА РАБОТА И КОРИСТЕЊЕ НА СМЕТАЧ

Со оглед на фактот што бројните информации и воопшто комуникацијата можат да бидат достапни преку користење на компјутери и компјутерска техника приспособена за задоволување на потребите на слепите лица во тековната година:

  • Набавка и воведување на сметач како основно помагало кај одреден број на наши членови пред се ученици и студенти а секако и наставници, вработени и невработени членови
  • Организирање и помагање во одржуавње на курсеви за служење со компјутери и странски јазици
  • Изработка на општо наставна програма и нејзини постојано осовременување
  • Изработка на прирачници за учениците за курсеви и нивно печатење
  • Давање на стручна помош при набавка на други дидактички материјали
  • Да се изработи кратка брошура за достапност на помагалата и да се дистрибуира
  • Изработка на разни брошури за користење на тифло-техничките помагала

ОБУКИ ЗА ЖИВОТНИ ПОТРЕБИ И ПОДДРШКА САМОСТОЈНО ЖИВЕЕЊЕ

Националниот сојуз на слепите на Република Македонија за оваа година преку Дневниот центар за деца од предучилишна возраст со оштетен вид во Кисела Вода, Скопје и преку Реха Центарот особено ќе обрне внимание на поддршка и самостојно живеење на слепите и слабовидни лица од целатата територија на државата и тоа преку програми за:

-Обуки на Брајово (Релјефно) писмо

-Описменување

-Музичка едукација и наобразба

-Музичко воспитување

-Пуштање на најразлични музички звуци со цел подобро осознавање на истото

-Обуки за готварство

-Обуки за ориентација во просторот

-Обуки за работа со персонален компјутер како на национално така и поддршка на локалните организации односно општински и меѓуопштински здруженија на слепи лица-членки на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија за обезбедување на компјутерски лаборатории за обуки за работа со говорен синтетизатор на слепите лица со персонален компјутер.

РАЗВОЈ НА ОРГАНИЗАЦИЈАТА


 Како и секоја година така и во 201
7 година ќе се одржат од 4-6 седници на извршниот одбор на НССРМ на кои на еден подробен начин се расправа за целокупната проблематика на слепите лица на целата територија на Републиката.Меѓудругото Собранието на НССРМ кое е составено од претставници од сите општински и меѓуопштински здруженија на  слепи лица како највисок орган на управуавње и раководење со НССРМ ќе заседава по потреба но најмалку еднаш годишно на кое се разгледуваат и усвојуваат извештаите и програмските документи за работа утврдени со Статутот на НССРМ број 01-70 од 28.02.2011 година.

Во текот на нашиот развој во значителна мера ќе се набавуваат најразлични тифло-технички помагала за слепи лица, а заради вработување, развој на спортско-рекреативни активности, шах, културни и други содржини ќе се организира во текот на годината средба на сите општински и меѓуопштински претседатели на здруженија на слепи лица како и на вработени секретари со НССРМ.Исто така претставници ќе земат активно учество и во разните семинари и советување организирани од страна на НССРМ и други меѓународни и домашни орагнизации и институции.Ќе се реализираат и научно-рекреативни и едукативни екскурзии за слепи лица.

Интензивно ќе се работи на употребата на Белиот стап и негова промоција како сообраќаен заштитен знак и како еден од предусловите за независно живеење.

Постојано ќе се работи на унапредуавње на социјално-здравствената заштита на слепите лица.

НАБАВКА НА ТИФЛО-ТЕХНИЧКИ ПОМАГАЛА ЗА СЛЕПИ ЛИЦА


         Имајќи ја во предвид нивната специфична положба и нивните потреби неопходно е организирање на редовно обезбедување и снабдување со тифло-технички помагала.

          Тифло-техничките помагала како сметачи и компјутерска техника за слепи лица, Брајов ред, касетофони, диктафони,репродуктери, Помагала за пишување и училишен прибор, Лупи, Бел Стап, Брајови и Звучни саати, Говорни помагала како кујнски ваги, топломер,апарат за мерење на крвен притисок, апарат за мерење ан шеќер во крвта, како и Термометар, Лонци и други помагала имаат висока употребна вредност во секојдневниот живот на слепите лица.Тие делумно го компензираат изгубениот вид.

           Побарувачката за истите е постојана и е обемна а имајќи го во предвид фактот дека истите не се произведуваат во нашата земја и поради фактот што се однесуваат за лимитирана група на луѓе се исклучително скапи за набавка, а нашите материјални можностисе скромни ние се бориме за вметнување во законска рамка на набавката на овие помагала за слепи лица кои би биле бесплатни како што е случај со земјите од Европската Унија.

КУЛТУРНА,ИЗДАВАЧКО-ИНФОРМАТИВНА И БИБЛИОТЕЧНА ДЕЈНОСТ

Задоволуавањето на културните потреби на слепите лица и во наредниот период како и досега ќе се вршат по пат на организирање на различни музички,театарски, литературни приредби и смотри.Овие активности придонесуваат за социјализација на слепите лица во општествената заедница и нивна општа и целосна еманципација и афирмација.

Затоа е неопходно донесување на Национална програма за културата на РМ во која свое место ќе најдат и специфичните активности на НССРМ во оваа област.

Во однос на библиотечната и литературна дејност неопходно е да се создава фонд на литературни дела и други приспособени дела за потребите на слепите читатели во за нив достапни техники како Брајова техника, снимање на аудио касети, на цд и други носачи на звук.

НССРМ во наредниот период ќе остварува поголемо влијание во поглед на креирањето на издавачката политика и усвојување на издавачките планови и создавање на услови сите дела да им бидат достапни на сите членови на НССРМ.

Исто така НССРМ настојува измени во законот за библиотечна дејност со кој се бориме за решавање на статусот на библиотеката за слепи лица да добие статус на независна самостојна установа како воземјите од опкружувањето.

  • Системско и планско поттикнување на занимавањето со музика и со книжевност.За оваа цел ќе бдиат организирани музички смотри со учество на КУД-А, вокални солисти и инструменталисти слепи лица.
  • Ќе бидат распишувани конкурси за стимулирање на творештвото на слепите лица за литературни и поетски творби
  • Организирање на литературен натпревар во поезија и проза
  • Организирање на натпревари во брзо читање на Брајово писмо
  • Анимирање на членството преку организирани псоети на театар,музеи,кино,концерти,фестивали и други културни манифестации.
  • Поттикнување на работата и помагање на КУД "Билјана" и КУД "Караѓуле" и формирање на музички,драмски, литературни и други секции во другите здруженија на слепи лица.
  • Учество на меѓународни смотри,фестивали како и организирање на самостојни концерти во земјата и во странство
  • Помагање при издавање на прозни и поетски литературни дела на нашите членови
  • Организирање на услови за отварање на читални за слепи лица
  • Организирање на изложби на ракотворби изработени од наши членки
  • Организирање на курсеви за радиоаматери

   Националниот сојуз на слепите на Република Македонија ја врши својата издавачка  дејност во Брајова и Звучна техника како неминовна потреба за задоволување на специфичните едукативни, културни и информативни потреби на своите членови слепите лица.Издавачката дејност има огромно значење во објективно,навремено,транспарентно и квалитетно информирање и наобразба на достапен начин за слепите лица.Информирањето и оваа година како и досега традиционално НССРМ планира да го врши преку издавањето на 2 Брајови и Звучни списанија во кои ќе бидат третирани одредени општествени и културни прашања од интерес на слепите лица со цел постигнување на поголем степен на нивна социјална интеракција

-12 броја од Брајовото списание "НАШ ЗБОР"

-4 броја од Брајовото списание за Шах и спорт

-печатење на брајово писмо и во звучна техника на белетристика,литература,лектири,учебници и друга стручна литература

-12 броја на Звучното списание "ПАНОРАМА"

-6 броја на Звучното списание за култура и уметност

Меѓудругото заради информирање на своите членови а и на пошироката македонска јавност воопшто за работата и позначајните настани во НССРМ ќе се користат пишаните и електронски медиуми како и медиумските средства за јавно информирање преку радио емисијата "ПАНТА РЕИ " а особено со настојување да националните радиодифузери овозможуваат поголема синхронизација на странската продукција.

ПОМОШ НА ПОДОЦНА ОСЛЕПЕНИТЕ


Станува збор за новоослепени лица преку контакти со центрите за социјална работа и релевантните здравствени установи и нивно вклучување во програмите за обука за стекнување нови знаење и вештини што би требало да им овозможат поквалитетно и самостојно живеење, а што ќе се спроведат низ контактите со релевантните институции.

СОРАБОТКА СО ДРЖАВНИТЕ ОРГАНИ И ДРУГИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ

Соработката како и досега ќе се одвива со ресорните Министерства и со Владата на Република Македонија, здравство,финансии,труд и социјална политика, за транспорт и врски, образование и наука, култура, спорт, како и со други меѓународни и домашни хуманитарни организации и здруженија на лица со инвалидност.

Националниот сојуз на слепите на Република Македонија покрај тоа што соработува со сите органи на власта на државно или национално ниво, преку своите 17-општински и меѓуопштински здруженија на слепи  лица соработува и со локалните општини низ државата како и со локалните бизнис заедници.

Меѓународната соработка НССРМ ќе ја остварува во рамките на своите надлежности.

РЕКРЕАЦИЈА

Рекреацијата игра огромна улога во животот на слепите лица.Овие активности придонесуваат за нивно физичко и ментално здравје како и за нивна општа афирмација и социјализација.Во наредната 2017 година се планира одржување на повеќе рекреативни активности.

Националниот сојуз на слепите на Република Македонија и во идната година ќе организира и спроведе Семинар за жени во Република Македонија и еден надвор од границите на државата.

Преку своите 17 општински и меѓуопштински здруженија на слепи лица-членки на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија се одржуваат на локално ниво 1-2 екскурзии или годишни излети за слепите и слабовидни лица од целата територија на државата.

ФИНАНСИРАЊЕ НА РАБОТАТА НА НССРМ

Средства за реализација на со  Програмата утврдени задачи и цели на НССРМ во прв ред ќе се обезбедат во согласност со годишната одлука на Владата на Република Македонија за распоредуавње на средства согласно Законот за игри на среќа на Република Македонија.

Програмата за работа на НССРМ за 2017 година е составена врз основа на реалните интереси и потребите на слепите лица и нивните здруженија на слепи лица земајќи ги притоа реалните можности за реализација на планираните активности од една страна и кадровскиот и човечкиот потенцијал од друга страна со кој НССРМ располага.

Оваа реализација е на постојано разгледување од страна на органите на управување на НССРМ.

МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА

Целта е соработка со сите институции во странство што имаат сродни интереси како и НССРМ или чии активности можат да бидат од корист на слепите лица во Република Македонија.Националниот сојуз на слепите на Република Македонија е единствен легитимен претставник на Република Македонија во Светскиот сојуз на слепите, Европскиот сојуз на слепите, Балканскиот консултативен комитет.

НССРМ во рамките на својата богата и плодна меѓународна соработка активно работи на проекти, размена на искуства и тифло-технички помагала, активно учество на разни симпозиуми,конференции,состаноци итн.

ПОСТОЈАНИ ЗАДАЧИ НА НАЦИОНАЛНИОТ СОЈУЗ НА СЛЕПИТЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Националниот сојуз на слепите на Република Македонија од своето основање во далечната 1946 година, преку својата работа, постоење и традиција повеќе од 70 години, до ден денешен е незаменлив фактор во задоволување на потребите и специфичните барања на слепите лица.

Пред НССРМ постојано се наметнуават следните задачи:

  • Соработка со странски и домашни невладини,хуманитарни и културни организации, фондации,асоцијации, дипломатски и конзуларни претставништва, асоцијации на слепите од другите земји заради подобруавње на општествената и материјалната положба на слепите лица во РМ.
  • Набавка ан тифло-технички помагала и опрема специјално наменета за потребите на слепите лица со чија помош колку-толку ја надополнуваат инвалидноста и го олеснуваат извршуавњето на секојдневните активности и обврски.
  • Набавка на  опрема заради создавање на услови за постимулативно вработуавње на невработените слепи лица
  • Издавачка дејност во Брајова(Релјефна) и Звучна техника и во електронски формат заради објективно,навремено,непристрасно и квалитетно информирање на своите членови
  • Одбележување на Меѓународниот ден на Белиот Стап-Симболот на слепиот човек-15.Октомври-Признат од Организацијата на Обединетите нации
  • Одбележување на Меѓународниот ден на лицата со инвалидност-03.декември.

Оваа програма во себе содржи огромна работа и исполнувањето на истата не секогаш се одвива со леснотија.Но наш предизвик се задоволните слепи лица и исполнување на програмските задачи во целост.

Наша главна мисија е подобруавње на животниот стандард на слепите лица на целата територија на државата, поттикнување на нивното творештво, борба за нивно социјализирање во општеството, и остваруавње на соодветните рпава и бенефиции.

        НССРМ остварува континуирана соработка со Националниот совет на инвалидските организации на Македонија, Националното координативно телоз а еднакви права на лицата со инвалидност во Република Македонија, останатите инвалидски организации во земјава, Владата на РМ, Министерствата, со политичките партии, невладините организациина домашен и меѓународен план, дипломатските и конзуларните претставништва, донатори, бизнис секторот и сите доброчинители притоа мобилизирајќи ја нивната волја и позитивна енергија во насока на помош за решавање на специфичните проблеми во сите сфери на животот и работата, остваруавње на правата, бенифициите, образованието, вработувањето, културно-просветниот живот, информирањето, спортот и рекреацијата и друго за слепите лица да ги почувствуваат граѓанските вредности како и другите граѓани на нашата земја, во сите области на животот.

       Националниот сојуз на слепите на Република Македонија ќе ги поттикнува своите членки во соработка со други организации да иницираат, локалната самоуправа да придонесе по сите прашања и проблеми од интерес на членовите, потоа, поттикнување, организирање и усогласување на меѓусебната соработка на своите членки-здруженијата на слепи лица и слично.

     Програмата за работа на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија за 2017 година останува отворена за сите останати прашања кои во текот на годината ќе бидат иницирани и покренати од страна на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија и од своите здруженија на слепи лица-членки на НССРМ.

ШАХОВСКА ОЛИМПИЈАДА ЗА СЛЕПИ И СЛАБОВИДНИ ЛИЦА ВО ОХРИД, МАКЕДОНИЈА 2017 ГОДИНА

Националниот сојуз на слепите на Република Македонија во годината што следува е одбран за домаќин на Шаховската олимпијада за слепи и слабовидни лица која идната година ќе се одржи во Охрид, Македонија во месец јуни 2017 година.

Шаховската олимпијада за слепи и слабовидни лица се одржува на секои 4 години.Претходниот пат домаќин беше Индија, па Грција, а идната 2017 година по повод гоелмиот 70-годишен јубилеј, 70 години традиција, мисија, визија, постоење.70 години успешно чекориме заедно напред на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија кој јубилеј се прославува во 2016 година Меѓународниот комитет реши организацијата на Шаховската олимпијада за слепи и слабовидни лица да ја додели на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија.

За организација на така огромен  меѓуанроден настан кој секако во најголема мера допринесува за афирмација на македонската култура и на Република Македонија како држава во светски рамки значаен е доприност на сите општествени чинители како Шаховската федерација на Македонија, Владата на Република Македонија, Министерството за труд и социјална политика на Република Македонија, другите министерства, Агенцијата за млади и спорт на Република Македонија, Македонскиот олимписки комитет, Македонскиот параолимписки комитет, бизнис заедницата итн.

Шаховската олимпијада планирано е да се одржи во Охрид во периодот од  16.06.2017 година до 27.06.2017 година.

На истата како екипи и претставници на земји учеснички се натпреваруваат речиси сите екипи на држави членки на Организацијата на обединетите нации, односно претставници слепи и слабовидни лица од сите држави од светот, државни прваци во своите земји за титулата Светски олимпиец  во Шах.

Ова значајно меѓународно натпреварување можеме слободно да се пофалиме дека е прво од ваков ранг во државата.

Националниот сојуз на слепите на Република Македонија како една од најстарите институции во државата и во наредната 2017 година ќе се бори за изнаоѓање на нови позитивни законски прописи за проблематиката на слепилото како состојба, за унапредуавње на состојбата на слепилото во Република Македонија како и на следење на новите и модерни текови кога станува збор за тифлотехнички помагала и опрема неопходна за посамостоен и понезависен живот на слепите и слабовидните лица во Република Македонија.

ПРЕТСЕДАТЕЛ

Национален сојуз на слепите

На Република Македонија

СЕЛКОВСКИ ЖАРКО