Банери

Категорија Статични артикли

Влада на Република Македонија

Влада на Република Македонија

 

МТСП ЛОГО

Министерство за труд и социјална политика

 

Министерство за култура на РМ

Министерство за култура на РМ

Донирај

Категорија Статични артикли

За реализација на проекти за олеснување на животот на слепите лица во Македонија, потребна ни е Вашата помош. Нашата организација е отворена за соработка со помагатели кои во своето работење покажуваат и општествена одговорност.

Однапред им се заблагодаруваме на сите оние кои на било каков начин ќе и’ помогнат на нашата организација, а со самото тоа и на слепите лица во Македонија.

Вашата помош може да биде во материјални добра и финансиски средства наменети за конкретни активности.

За помош во материјални добра, Ве молиме да не’ контактирате на нашиот е-маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите., на телефон: 02 3 246-537.

Донација во вид на финансиски средства може да остварите на следната жиро сметка:

Национален сојуз на слепите на Република Македонија 

Банка депонент: 300 000 000 474 269 

ЕДБ: 403 098 425 1700 
 
и донаторска сметка: 
 
300 000 003 794 385
Комерцијална банка АД Скопје

 

Брајови книги

Категорија Статични артикли

Список на Брајови книги:

Книги во Брајова библиотека „Ратко Пајдаков“ - Велес:

1. „Бели мугри“ - Кочо Рацин

2. „Црно семе“ - Ташко Георгиевски

3. „Диво месо“ - Горан Стефановски

4. „Египетска сонувалка“ - Божин Павловски

5. „Големата вода“ - Живко Чинго

6. „Опишувач“ - Ермис Лафазановски

7. „Завевање“ - Матеја Матевски

8. „Папокот на светот“ - Венко Андоновски

9. „Камена перница“ - Ристо Јачев

10. „Пиреј“ - Петре М. Андреевски

11. „Солунските атентатори“ - Јован Бошковски

12. „Три секунди“ - Игор Крајчев

13. „Печалбари“ - Антон Панов

14. „Пустина“ - Ѓорѓи Абаџиев

15. „Бегалка“ - Васил Иљоски

16. „Чорбаџи Теодос“ - Васил Иљоски

17. „Парите се отепувачка“ - Ристо Крле

18. „Песни“ - Коле Неделковски

19. „Белиот светец“ - Ристо Ѓ. Јачев

20. „Македонска крвава свадба“ - Војдан Чернодрински

21. „Табакерата“ - Ѓорѓи Абаџиев

22. „Буре барут“ - Дејан Дуковски

23. „Итар Пејо“ - Стале Попов

24. „Маслинови гранчиња“ - Глигор Поповски

25. „Орхан“ - Неџати Зекирија

26. „Шеќерна приказна“ - Славко Јаневски

27. „Сердарот“ - Григор Прличев

28. „Силјан Штркот“ - Марко Цепенков

29. „Избор“ - Јоаким Крчовски

30. „ММЕ - кој прв почна“ - Дејан Дуковски

31. „Така било пишано“ - Сашко Насев

32. „Млади синови“ - Васил Иљоски

33. „Антица“ - Ристо Крле

34. „Грев или шприцер“ - Сашко Насев

 

Книгите Ви ги доставуваме бесплатно по пошта на Вашата адреса со обврска за враќање.

Телефон за контакт: 043 / 227 414

При оштетување на книгата, истата ќе Ви биде наплатена по пазарна цена.

Органи и тела

Категорија Статични артикли

Извршен одбор

bezslika Жарко Селковски - претседател
Николина Витанова

Николина Витанова - потпредседател

Зоран Новичиќ Зоран Новичиќ
Киро Димитриовски Кире Димитриовски
Мирко Трајчевски Мирко Трајчевски
Сашко Костадиновски Сашко Костадиновски
bezslika Ѓорѓи Хамбов
bezslika Зејно Бајрами
Наде Ристеска Наде Ристеска

Стручна служба:

bezslika Секретар: Стерја Димов

Надзорен Одбор:

  1. Миле Атанасовски
  2. Лазе Трајков
  3. Трајче Димов

Комисија за економско-социјални прашања и вработување:

  1. Кољо Пецанов
  2. Емини Исљам
  3. Благој Трпчев
  4. Горан Миленковски
  5. Панче Алексовски

Статутарно-правна комисија:

  1. Ѓоко Василевски
  2. Ирена Бојмајлиева
  3. Владимир Тркаљанов

Комисија за култура и образование:

  1. Петар Велковиќ
  2. Гоце Матески
  3. Кире Тегов

Комисија за меѓународна соработка:

  1. Лиман Лимани
  2. Ибрахим Исмаиловски
  3. Кире Велјановски

Комисија за општествена активност на жените:

  1. Ружица Михајловска
  2. Мирсада Бакиќ
  3. Сашка Дојчиновска

Комисија за научно технички развој:

  1. Атанас Ристов
  2. Глигор Радески
  3. Благој Мишевски

Комисија за спорт, шах и рекреација:

  1. Хамди Џемаили
  2. Видан Митрески
  3. Бобан Краљевски
  4. Верди Спасовски

Редакциски одбор:

  1. Васка Тасева - Тренова
  2. Наталија Маневска
  3. Стеве Апостолоски

За нас

Категорија Статични артикли

Лого на НССРМ

Националниот сојуз на слепите на Република Македонија е формиран во далечната 1946 година под називот Сојуз на слепите на Република Македонија и оттогаш до денес дејствува како национална, невладина, непартиска, непрофитна и хуманитарна организација од посебно општествено значење во Републиката.

Основна мисија на Сојузот е создавање на подобри услови за живот и работа на слепите лица ширум републиката, нивните здруженија и нивната подобра социјализација и интеграција во општествената заедница.

Сојузот на слепите е Чадор-организација која преку своите 18 здруженија на слепите лица брои повеќе од 2500 членови - слепи лица на територија на Република Македонија односно лица кои на подоброто око со корективно стакло гледаат најмногу 10 проценти.

Националниот Сојуз на слепите на Република Македонија е членка на:

- Националниот совет на инвалидски организации на Македонија

- Балканскиот консултативен комитет

- Европскиот сојуз на слепите

- Светскиот сојуз на слепите

Од своето основање до денес, Сојузот води целосна грижа за своите членови - слепите лица почнувајќи од откривањето, упатувањето на школување, описменуање на Брајово писмо, рехабилитација, вработување, приспособување на работни места, набавка на тифло-технички помагала и слично.

Основни цели и задачи на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија се:

- залагање за остварување и јакнење на правата на слепите лица во Република Македонија

- јакнење на економската и социјалната сигурност на слепите лица

- оспособување на слепите лица за вршење на основните активности за подобрување или компензација на загубената функција

- совети на слепите лица и нивните семејства

- унапредување на системот а образование, рехабилитација, работно оспособување, преквалификација и вработување на слепите лица

- придружни услуги при набавка на разни специфични тифлотехнички помагала и распределба на истите и други компензациони помагала неопходни за зголемување на независноста во секојдневниот живот и во остварувањето на правата на слепите лица

- предлага мерки за примена на стандарди и насоки за отстранување на пречките и обезбедување, а пристап на слепите лица во непосредната физичка околина како куќи, згради, јавен транспорт, јавни установи и други форми на транспорт

- развој на духовната и физичката култура на слепите лица преку обезбедување на пристап и достапност на слепите лица до информациите и комуникациите (производство на Брајови и звучни книги, повеќенаменски списанија, фоно и брајова библиотека за слепи лица, организира и создава услови за работа на споствени културно уметнички друштва, клубови и организира културно уметнички манифестации како и развивање и помагање на сите видови културно уметничко творештво на слепите лица развивајќи го музичкиот и радиоаматерскиот дух, спортот како шах, гол-бол, табла, итн. Организирајќи државо првенство во шах, атлетика и голбол и учество на меѓународни натпревари.

Јавноста во работењето на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија се остварува преку издавање сопствени списанија: Брајово списание НАШ ЗБОР, звучно списание ПАНОРАМА  и емитување на радио емисија ПАНТА РЕИ на Македонското радио.

- организирање стручни работилници, советувања, симпозиуми и конференции

- организирање кампањи за подигнување на свеста на населението за надминување на негативниот однос и предрасуди кои постојат за слепите лица предлага мерки и иницијативи за зголемување на социјалната заштита на слепите лица

- иницира решавање на материјалните здравствените, социјалните и другите прашања од значење за слепите лица

- поттикнува научно истражувачка работа и во зависност од своите можности спроведува научни и други проекти за подобрување на личниот семејниот и социо-културниот живот на слепите лица

- се залага за доследно спроведување на сите усвоени меѓународни акти кои се однесуваат за остарување на човековите и компензационите права на слепите лица

- покренува и поддржува граѓански иницијативи за измени и дополнување на постојаните законски прописи и донесување нови со цел за поквалитетни решенија во однос на правата на слепите лица и друго

- Националниот сојуз на слепите на Република Македонија соработува со други невладини организации од земјата и од странство, а особено со оние кои во своите програмски активности ги третираат прашањата и потребите на слепите лица

- Националниот сојуз на слепите на Република Македонија потесно соработува со Државното училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид Димитар Влахов - Скопје

Во својата повеќедецениска работа Националниот сојуз на слепите на Република Македонија има реализирано повеќе проекти финанисирани од програмата ФАРЕ-ЛИЕН, Француската федерација на слепите, Националната организација на слепите од Шпанија, МЦМС, ФИООМ, Католички служби за помош, ЦРС, Светската банка, ИТЗ, ОКСФАМ, Црвениот крст на Македонија, Хендикеп Интернационал, УСАИД, Фондација Т-Мобиле за Македонија, Лајонс Клубовите низ земјава и слично.

Националниот сојуз ан слепите на Република Македонија располага со сопствен деловен објект, соодветна опрема за работа, сопствени патничко и комби возило, Брајово печатница, едукативен компјутерски центар и тонско студио.

Финансирањето а тековните активности и програмски задачи се врши од средствата од игри на среќа преку Министерството за труд и социјална политика на Република Македонија.