Предизвици, потреби и услови на професијата физиотерапевт кај лицата со оштетен вид во земјите од Западен Балкан

logoПроектот: Предизвици, потреби и услови на професијата физиотерапевт кај лицата со оштетен вид во земјите од Западен Балкан е финансиран во рамките на Фондот на солидарноста на Европскиот сојуз на слепите-чија полноправна членка е и организацијата носител на проектот Национален сојуз на слепите на Република Македонија и организациите партнери на проектот:Сојузите на слепите на Република Албанија,Бугарија-Регионална организација Софија,Црна Гора, Србија и Република Српска.

Проектот е финансиран со грант на Фондот на солидарноста на Европскиот сојуз на слепите, а кофинансиран од носителот на проектот и сите партнер организации во проектот.

Голбал во Неготино

4Како секоја година така и оваа Градоначалникот на Општина Неготино г-нот Тони Делков и Советот на Општина Неготино по повод 8 ми Ноември денот на Ослободувањето на град  Неготино по нивна покана Здружението на слепи лица на град Неготино организира турнир во игрите на ГОЛБАЛ кој  се одржа  на ден 07.11.2018г.(среда) со почеток од 10,00 часот во салата на Средното Општинско Училиште ,,Св. Кирил и Методиј,, каде што учествуваа екипите на Неготино како домаќин,Струмица ,Кавадарци и Кочани.Како почестен гостин беше и Претседателот на НССРМ

 г- нот Жарко Селковски. На овој турнир беа доделени дипломи од страна на претставник од Општина Неготино,а исто така и им беше организиран свечен ручек каде што играчите на ГОЛБАЛОТ продолжија да се дружат односно ги споделуваа меѓусебните  заеднички мисли.

Мал фудбал за слепи во Прилеп

3Мал фудбал во организација на Здружението на слепи лица на општина Прилеп со финансиска поддршка на Националниот сојуз ан слепите на Република Македонија, а по повод 11-ти Октомври - Ден на народното востание.

На натпреваруавњето настапија екипи од Струмица, Скопје, Тетово, Кичево  и Прилеп.
Исто така се одржа и меѓународен шаховски турнир. 

Повеќе артикли...