Слепите жени од Битола во посета на Националниот парк Пелистер

Посета на ПелистерАктивот на жени членки на Здружението на слепи лица Битола согласно програмските активности за 2016 година на 29.05.2016 година ја реализира предвидената еднодневна екскурзија со посета на Националниот парк Пелистер. Вредните членки на нашето Здружение со своите вештини кои ги покажаја на денот на Велигденската трпеза која традиционално ја организираат во нашето Здружение ги потикнаа Унијата на жени на Вмро Дпмне-Битола и жените членки на еколошкото Задружение „Еко жена“ од Битола, да им донираат скромни финасиски средства со чија помош успеја да ја  организираат оваа дружба, каде жените на Здружението се дружеа меѓусебно целиот ден, дишеа чист воздух на убавиот Пелистер, а дружбата ја заокружија со заедничко кафе и убав ручек во прекрасниот хотел-ресторан „Молика“.

Слепите од Бугарија, гости во Битола

2На ден 23.05.2016 година Здружението на слепи лица Битола го посетија ученици од училиштето за слепи лица од соседна Р.Бугарија. Претседателот и Секретарот на Здружението на слепи лица Битола ги дочекаа гостите и најпрво ги посетија просториите на Здружението на слепи лица Битола, каде претседателот ги запозна со историјата на Битолското здружение, и му подари по едно звучно ЦД-под наслов „Вечна Битола“, како и по една брошура во која се опишани најпознатите и највпечатливите делови од нашиот прекрасен град.

Голбал - првото коло (четворо меч)

2Голбалот кај слепите лица од машката популација важи, за “најважна споредна” работа како, фудбалот воопшто кај мажите.Затоа пред  10 -тина години,покрај редовните регионални,пријателски и Републчкиот натпревар во голбал се востанови и играта четворо меч,  во кој учествуваат по една екипа од четири здруженија на слепи ,членки на НССРМ.На 22.05.2016 год се одигра првиот круг на четворо мечот за ова година на кој домаќин беше Здружението на слепи и лица со оштетен вид Скопје.

Повеќе артикли...