Новогодишни пакетчиња од градоначалникот на Општина Велес

Новогодишни пакетчињаНајголемо задоволство е кога на детските лица ќе се види насмевка, кога во детското срце ќе се види среќа. Како и секоја година, така и оваа, градоначалникот на Општина Велес г-дин Славчо Чадиев, во просториите на Здружението на слепите лица на Општина Велес, на дечињата на нашите членови им подари новогодишни пакетчиња и на сите присутни им посака среќна Нова година со искрени желби за добро здравје и успех. Во името на членовите, секретарот на Здружението му се заблагодари на градоначалникот и истакна дека поддршката од градоначалникот многупати е потврдена.

Во Охрид ќе се прават патеки за слепи лица

Патека за слепи во ОхридВо Охрид ќе се прават патеки за слепи лица. Овој проект ќе го реализира Министерството за труд и социјална политика  во соработка со Сојузот  на слепи на РМ. Покрај во Охрид вакви патеки веќе се прават во Скопје, а ќе се направат и во Битола. Проектот чини околу 30 000 евра. Во Охрид вакви патеки планирано е да се постават до сите институвии во градов како и по кејот на езерото. Славчо Џајкоски, секретарот на Здружението на слепи лица од Охрид вели дека ваквата иницијатива е одлична бидејќи слепите лица и лицата со оштетен вид најчесто доколку сакаат да се движат низ градов тоа го прават со придружба.

Повеќе артикли...