Помош во домашни услови во Кавадарци

1Старите и изнемоштени лица и лицата со посебни потреби од Кавадарци повторно ќе добиваат помош во секојдневните обврски од времено ангажирани лица од општината. Шест мина кои се пријавиле на конкурсот денеска добија решенијата за работно ангажирање во период од шест месеци. Тие ќе имаат задача да пружат елементарна помош и грижа за стари, изнемоштени и лица со оштетен вид на кои им е неопходна поддршка при набавка на лекарства и други намирници, набавка и достава на храна, задничко дружење со лицата корисници на проектот. Ќе бидат услужени 24 крајни корисници, односно секое ангажирано лице ќе биде задолжено со 4 корисници, од овој месец се до март наредната година.

Здружението на слепи - Скопје во посета на „Македонско етно село“- Нерези

10Дел од активот на жените од Здружението  на слепи и лица со оштетен вид- Скопје,во претпразнично расположение, по повот 8-ми Септември, денот на независноста на Македонија го посетија етно комплексот “Македонско село“.Новата туристичка атракција, лоцирана во близина на манастирот “Св Пантелејмон“ под падините на Водно, не водушеви.Сите, ние кој ја знаеме и ја цениме Македонската архитектура ,но поради новите стилови на градба малку сме ја подзабравиле, за кратко време и на едно место,можевме да се потсетиме и да уживаме во Македонската традиција архитектура и култура.

Еднодневен излет во Скопје - Здр. на слепи - Неготино

НеготиноЧленовите на Здружението на слепи лица на град Неготино на ден 26.08.2016г.(петок) беа на еднодневна екскурзија  до Езерото Матка, Милениумскиот Крст и прошетка низ градот Скопје. Прошетката беше успешно реализирана  членови на Здружението на слепи лица на град Неготино беа воодушевени од убавините на Матка и Милениумскиот Крст.

Оваа еднодневна екскурзија беше организирана од страна на самите членови на Здружението. 

Повеќе артикли...