Одбележување на 3-ти Декември

3-ти Декември - Меѓународен ден на лицата со инвалидностНационалниот сојуз на слепите на Република Македонија зема активно учество во одбележувањето на 3-ти Декември – Меѓународниот ден на лицата со инвалидност.

Оваа година Националниот совет на инвалидските организации, чија членка е и Националниот сојуз на слепите на Република Македонија, организираше трибина на тема: „Инклузијата е важна: Пристап и зајакнување на сите способности на секое лице со инвалидност“. Истата се одржа во Домот на хуманитарни организации на Македонија – „Даре Џамбаз“.

Промоција на четири Брајови книги во Велес

Промоција на Брајови книги во ВелесВо рамките на одбележувањето на 3-ти Декември – Меѓународниот ден на лицата со инвалидност, Брајовата библиотека „Ратко Пајдаков“, која работи во склоп на Здружението на слепите лица на Општина Велес, на 07.12.2015 година, во склоп на манифестацијата „Велес – град на културата“, ги промовираше новите четири книги од македонски автори на Брајово писмо.

Одбележување на 3-ти Декември во Охрид

3-ти Декември во ОхридВо домот за култура „Григор Прличев“ во Охрид преку музички настапи и тетарски изведби во рамки на настанот „Инклузивна Уметност“ лицата со инвалидност од Охрид и Струга вечерва испратија порака за нивна поголема вклученост и рамноправност во рамки на општеството и секојдневниот живот.