Петровденски средби во Кочани

2Традиционално по трет пат на 10.07.2016 година Здружението на слепите лица од Кочани го  одбележа патрониот празник на град Кочани Петровден  со организирање на спортски натпревари во голбал и шах . На натпреварите  учествуваа  вкупно  54 члена од здруженијата на слепи лица  на Кочани ,  Скопје ,Струмица  Штип  и Благоев град од Република Бугарија.  Воедно присуствуваа и преседателите на Националниот сојуз на слепите на Р.Македонија ,Националната спортска федерација на слепи  , претседателот од  Регионалната организација на слепите на  Благоев град од  Република Бугарија и претседателот на  ,,Пирин спорт 2013 година,, од Р. Бугарија.

Јавен повик за рефундирање на средства за набавка на патнички автомобил

mtsp logoЈАВЕН ПОВИК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА БАРАЊЕ ПО  ОДНОС НА ПРОГРАМАТА ЗА РЕФУНДИРАЊЕ НА СРЕДСТВА ПЛАТЕНИ КАКО ЦАРИНСКИ ДАВАЧКИ, ДАНОК НА ДОДАДЕНА ВРЕДНОСТ И АКЦИЗА ЗА НАБАВКА НА ПАТНИЧКИ АВТОМОБИЛ ЗА ЛИЦА СО НАЈМАЛКУ 80% ИНВАЛИДНОСТ НА ДОЛНИТЕ ЕКСТРЕМИТЕТИ, ЛИЦА СО УМЕРЕНА, ТЕШКА И ДЛАБОКА ИНТЕЛЕКТУАЛНА ПОПРЕЧЕНОСТ, ЗА ПОТПОЛНО СЛЕПИ ЛИЦА СО ПРИДРУЖНИК И ЗА ПОТПОЛНО ГЛУВИ ЛИЦА ЗА 2016 ГОДИНА

Министерството за труд и социјална политика согласно Програмата за изменување на  програмата за  рефундирање на средства платени како царински давачки, данок на додадена вредност и акциза за набавка на патнички автомобил за лица со најмалку 80% инвалидност на долните екстремитети, лица со умерена, тешка и длабока интелектуална попреченост, за потполно слепи лица со придружник и за потполно глуви лица за 2016 година (Службен весник на Република Македонија бр.6/16 и Службен весник на Република Македонија бр.120/16) објавува јавен повик за поднесување на барање за рефундирање на средства платени како царински давачки, данок на додадена вредност и акциза за набавка на патнички автомобил.

Советник за потребите на лицата со оштетен вид

3Националниот сојуз на слепите на Република Македонија во соработка со Црвениот крст на град Скопје и донаторот компанијата Роше Македонија во рамките на проектот СПОДЕЛИ СВЕТЛИНА  издадоа Советник за потребите на лицата со оштетен вид во Република Македонија.

Советникот за потребите на лицата со оштетен вид во Република Македонија е испечатен на македонски јазик и на Брајово писмо за потребите на слепите и слабовидни лица од целата територија на државата.
Истиот претставува еден систематизиран текст за потребите на лицата со оштетен вид во Република Македонија и ги опфаќа сферите од областа на здравството, социјалната заштита, образованието,итн.

Повеќе артикли...