Прошетка до Пехчевските водопади и Виничко кале

2Членовите на Здружението на слепи лица на град Неготино беа на еднодневна  прошетка до Пехчевските водопади и Виничкото Кале.

Воодушевени од свежиот воздух и прекрасната панорама членовите презадоволни со нови доживувања неможеа да се воодушеват од убавините на Р.Македонија.Овој ден беше од најубавите денови на членовите бидејќи имаа можност да се дружат и забавуваат истите,бидејќи чувството им беше прекрасно исполнето со љубов, радост .

Бајрамска трпеза во Битола

1По повод муслиманскиот празник Бајрам, Здружението на слепи лица - Битола традиционално и оваа година организираше Бајрамска трпеза во просториите на Здружението каде што членовите од муслиманска вероисповест приготвија баклава и останати традиционални јадења препознатливи за овој празник. Здружението на слепи лица е организација во која членуваат лица од различна вероисповед на кои најважно од се’ им е добрата дружба и добриот муабет кој го имаат помеѓу себе, тие секоја година во чест на овој голем муслимански празник организираат ваква трпеза со која се дружат и ги потврдуваат меѓусебните добри односи.

Честитки до членовите на Здружението за Рамазан Бајрам

DSC01792Структурата на членството од Здружението на слепи и лица со оштетен  вид Скопје е различна од многу аспекти и почитувајки го овој факт, Здружението практикува во сите активности да бидат опфатени лица со различности и потенцијали кој соодветствуваат на дадената активност. Тоа го почитуваме и кога членовите непосредно не се вклучени  во одредена активност, а се однесува за дадена група на членови. Живееме во мултиетничка држава, и сосема природно е и составот на членовите да биде таков. Тоа допринесува за учење на соживот, запознавање на повеќе култури и верувања, и меѓусебно надополнување и толерирање.

Повеќе артикли...