Одбележување на денот на Белиот стап во Кочани

2015 10 15 12.15.25На 15 Октомври 2015 година во просториите на Здружението на слепите лица во  Кочани, по повод  одбележување на Меѓународниот ден на белиот стап – симболот на слепиот човек беше организирано и успешно изведена  работилница на тема Вработување на слепите лица под заштитни услови, Правата  за слепите лица од  здравство и  социјална  заштита.

Одбележување на денот на Белиот стап во Неготино

Одбележување на Белиот стап во НеготиноДенешниот значаен ден на слепиот човек 15-ти Октомври, Здружението на слепи лица на град Неготино свечено го одбележа со требина на кои беа  поканети повеќе гости, а од нив присуствуваа градоначалникот на Општина Неготино, претставник од Агенцијата за вработување, претставник од Центарот за Социјални работи, претставници од Евангелска Црква – Неготино како и секретарот од Општинскиот Црвен Крст и членови на Здружението на слепи лица на град Неготино.

Славењето на 15-ти Октомври како Меѓународен ден на белиот стап службено започнало во 1964година.

15-ти Октомври, Меѓународен ден на Белиот стап - Симболот на слепите човек

Бел стап - симбол на слепиот човекСтапот како симбол на слепилото постоел уште во древниот живот на народите. Луѓето без вид го користеле како корисно помагало за снаоѓање и движење во просторот. Таа стварност му е позната секому. Но, сега од година во година постојано се зголемува автомобилскиот сообраќај во градовите и селата, на патиштата во целиот свет. Тој факт подразбира многу опасности при самостојното движење на луѓето без вид. Се зголемиле барањата за сегашната улога на стапот, па тој мора да ја преоформи својата суштина во јасно говорлив симбол.