Одбележување на 15-ти Октомври во Гевгелија

1Здружението на слепи лица Гевгелија на ден 14-10-2016година одржа Јавна трибина по повод 15-ти Октомври Меѓународниот ден на Белиот стап-симбол на слепиот човек, во име на 70годишниот Јубилеј на  Националниот Сојуз на слепи и слабовидни лица на РМ.

Во преполната сала со членови од здржението и преставник од  Центарот за социјална работа Гевгелија , преставници од Здружението на ЛТИ Мобилност Гевгелија  и локалниот медиум ТВ НОВА ги запознавме со нашето досегашно работење со порака од здружението до јавноста и надлежните органи во нашата Општина.

Одбележување на 15-ти Октомври во Кавадарци

7 brЗдруженијето на слепи лица на град Кавадарци поповод 15 Октонври ден на Белијот стап кој е признад од целијот свет е водич на Слепите и слабовидните лица во нивнијот живот .

Здруженијето на слепи лица на кавадарци организираше свечена седница на која беја присутни членови на здруженијето и јавни личности и јавни медијуми од општина кавадарци преседателот даде интервју за медијумите и ги покани сите заентресирани личности да дојдат на спортскиот натпревар кој се организира секоја година со екипите на Скопје Битола Прилеп и Кавадарци  како домаќини

Траки-водичи за слепите лица во експозитурата „Расадник“

24 kbПо повод Меѓународниот ден на Белиот стап-Симболот на слепиот човек-признат од Организацијата на Обединетите Нации  15 Oктомври 2016 година , Комерцијална банка АД Скопје, во својата експозитура „Расадник“ во Општина Кисела Вода, постави траки-водичи за слепи лица. Со овие траки лицата со делумно и со целосно оштетен вид ќе можат побрзо и целосно самостојно да ги завршуваат своите обврски во експозитурата „Расадник“.

Повеќе артикли...