Прв републички квиз натпревар за слепи

1Под покровителство на Националниот сојуз на слепите на Македонија, Здружението на слепите лица на Општина Велес, во рамките на одбележувањето на јубилејот 70 години од формирањето на сојузот, на 16.11.2016 година, во салата „Бели мугри“ во Велес, за прв пат организира квиз натпревар во кој учествуваше екипа на слепи лица.

Mеѓународен шаховски турнир во Скопје

1За Здружението на слепи и лица со оштетен вид Скопје 13 Ноември е многу значајна дата,поради тоа  што користиме можност и нашите членови со организирањето на меѓународниот шаховски турнир да се вклучат во одбележувањето на ова историска дата. Чествувањето на празникот 13 Ноември, денот на ослободувањето на градот Скопје и за нашите членови претставува чест, уште повеќе што пред учесници од други држави ја изразуваме нашата сентименталност, поврзаност со нашиот гради што, со ваква голема  активност се приклучуваме кон прославата на 13  Ноември.Меѓународниот шаховски турнир 13 Ноември  е зацртан и во програмата на градот Скопје како активност преку која се одбележува големиот ден 13 Ноември.

Тематска средба во Кочани

1

Здружение на слепите лица  Кочани  следејќи ги своите програмски цели на разни начини ги подобрува и планира сите животни преокупации на слепите лица . Овој пат тоа е    организирање на   работилница на тема ,, ИСХРАНА И ЗДРАВЈЕ,, која се одржа на ден 13.11.2016 год. во клубските простории на Мобилност Кочани. На   работилницата  беа присутни  членови од општините  Кочани ,Виница,  Берово  и  Делчево. Предавач на работилницата беше    Примариус   Д - р Иван Коцев од Кочани. Тој во своето излагање истакна дека  храната е најстарата врска помеѓу  човекот и природата.

Повеќе артикли...