Балкански Консултативен Комитет

logoНационалниот сојуз на слепите на Република Македонија претставува национална инвалидска организација, непартиска, непрофитна, доброволна, организација од особено општествено значење.

Националниот сојуз на слепите на Република Македонија преку своите 17 општински и меѓуопштински здруженија на слепи лица се грижи за 2550 слепи и слабовидни лица почнувајќи уште од нивно откривање преку центрите за социјална работа, упатување на школување, помош при образование, стипендирање, изработка на книги и стручна литература на Брајово писмо, на Звучна техника ним  достапна, преку помош при вработување, адаптација на работното место, културно-социјален живот, описменување на Брајово писмо, осамостојување за самостоен живот и слично.

Излет на охридското здружение во Албанија

2Здружението на слепи лица Охрид реализирајќи ги свите програмски активности на ден 12.06.2016 година организира излет со своите членови.

Излетот се изведе во соседна Република Албанија односно беа посетени градовите Поградец и Корча.

Излетот се организира на тој начин што прво се посети Музејот во Заливот на коските во Градиште, а потоа продолживме за Поградец Албанија каде беше организиран доручек и пауза за кафе, а потоа се продолжи во Корча каде што се посети Православната црква и Музејот на град Корча.

Во попладневните часови се вративме во Македонија и го посетивме Манастирскиот комплекс “СВ. Наум“ каде и ручавме во ресторанот Острово.

Честитки од претседателката Петровска за Рамазан Бајрам

2Составот на членството во Здружението на слепи и лица со оштетен вид Скопје, е мултиетнички и тој се разликува како по старосната структура, по вероисповета, образованито, материјалниот  статуст, културата,  начинот на живеење и други различности, кој здружението ги почитува, и настојува,  членовите соодветно да ги вклучи во активностите на годишните програми.