Промоција на четири Брајови книги во Велес

Промоција на Брајови книги во ВелесВо рамките на одбележувањето на 3-ти Декември – Меѓународниот ден на лицата со инвалидност, Брајовата библиотека „Ратко Пајдаков“, која работи во склоп на Здружението на слепите лица на Општина Велес, на 07.12.2015 година, во склоп на манифестацијата „Велес – град на културата“, ги промовираше новите четири книги од македонски автори на Брајово писмо.

Одбележување на 3-ти Декември во Охрид

3-ти Декември во ОхридВо домот за култура „Григор Прличев“ во Охрид преку музички настапи и тетарски изведби во рамки на настанот „Инклузивна Уметност“ лицата со инвалидност од Охрид и Струга вечерва испратија порака за нивна поголема вклученост и рамноправност во рамки на општеството и секојдневниот живот.

Кавадарци - Активности по повод 3-ти Декември

Шаховки турнир во КавадарциЗдружението на слепи лица на град Кавадарци по покана Сојузот за спорт и рекреација на инвалиди на Кавадарци зема учество на шаховскиот турнир кој по трет пат се одржува во нашата Општина. Покрај натпреварувачите, на турнирот беа присутни и советници од Советот на Општина Кавадарци како и претставници на локалната самоуправа.

Овој шаховски турнир се организира по повод 3-ти Декември - Меѓународниот ден на лицата со инвалидност.