Активности на Здружението на слепи - Скопје

Активности на Здружението на слепи - СкопјеПодатокот , дека жените имат се повеќе обврски ,а  помалку време за себе,за дружење и вежбање со што би го намалиле ризикот од разни заболувања, Здружението на слепи и лица со оштетен вид Скопје. го искористи како мотив  за учество на женската трка. Женската трка се организира како промотивна трка на  Скопски маратон,во организација на Сојуз на спортови, а под покровителство на град  Скопје. Се одржа на 10.04.2016 година на патека од 2 километра во гратски парк во Скопје.Од нашето Зружение учествуваа 7 жени,а мегу нив беше и Михајловска Ружа,како највозрасен тркач воопшто помеѓу сите учесници.Тоа покажува дека желбата понегогаш ги победува и билошките години.На трката и предходеше загревање со аеробик вежби, а членовите го искористија преубавото време, останаа на дружење и го проследија целосното прогласување на сите наградени во повеќе категории,со што се заокружи  Манифестацијата.

Тематска јавна дискусија во Велес

Тематска јавна дискусија во ВелесЗдружението на слепите лица на Општина Велес на 14.04.2016 година зема активно учество на јавната дискусија на тема „Правната заштита на лицата со попреченост во областа на работните односи, образованието, социјалната и здраствената заштита - Што граѓаните треба да знаат?“ организирана во соработка со Проектот на УСАИД за заштита на човековите права и Општина Велес.

На јавната дискусија покрај претседателката Јадранка Лазаровска, членот на Извршниот одбор – Благој Трпчев и секретарот – Тони Пајдаков, беа присутни и претставници на Советот на Општина Велес, Центарот за социјални работи – Велес, Агенцијата за вработување – Велес, претставници од повеќе инвалидски организации и невладиниот сектор.

Повелете да гледате со нас

Повелете да гледате со наВо рамките на своето 7 децениско постоење, во 2016 година кога го славиме големиот 70 годишен јубилеј на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија, истовремено Здружението на слепи лица Кавадарци можи да се пофали исто така со својите успешни Активности,

Формирањето и работењето на оваа организација придонесе слепите лица да се наметнат како активен субјект кој дава иницијативи врз основа на согледување на состојбите за развивање, надоградување и проширување на нивниот опсег на дејствување. Денес Здружението на слепи лица Кавадарци како од постарите организација за Слепи лица во Р.Македонија го промовира здружението и неговите членови во духот на мирот, разбирањето и потребите на слепите лица и лица со оштетен вид. 

Повеќе артикли...