По 17 години Здружението на слепи од Неготино во нови простории

Нови простории за Здружението на слепи - НеготиноНад 60 членови на Здружението на слепи лица од Неготино по чекање од цели 17 години, на располагање има нови и опремени простории  со што им се создадени неопходните услови за нормално и редовно фунционирање и извршување на предвидените активности од  програма за работа. На пригодна свеченост (во поранешните простории на Фондот за здравство) градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов на претседателот на Здружението Тони Караев и секретарот Даниела Петрова им го предаде клучот од новите простории. Инаку, овој настан е во рамките на одбележувањето на 70-годишнината од основањето на Националниот сојуз на слепи на Република Македонија чиј претседател Жарко Селковски упати јавна благодарност до градоначалникот Апостолов за одличната соработка што ја имаат и поддршката што од негова страна ја ужива локалното Здружение на слепи лица, додавајќи дека Неготино е една од општините со која Националниот Сојуз има најдобра соработка во Македонија.

Општински натпревар во шах - Скопје

Општински натпревар во шах - СкопјеПоследниот викенд од месец  Март,Здружението  на слепи и лица со оштетн вид  Скопје ,го одржа гратското првенство во шах.Со ова првенство во шах започнуваат спортските игри ,во Здружението за 2016 година, планирани од комисијата за спорт и рекреација при Здружението  на слепи и лица со оштетен вид Скопје. Првенството се одржа посебно во машка и женска конкуренција. Радува фактот што годинава имавме едн нов член,од помладата популација за која постојано инсистираме ,и на различни начини ги убедуваме  како Здружение да ги влучиме во било  која спортска и друга активност на Здружението.

7 децении постоење - Здружение на слепи Битола

7 децении постоење - Здружение на слепи - БитолаВо рамките на своето 7 децениско постоење, во 2016 година кога го славиме големиот 70 годишен јубилеј на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија, истовремено Здружението на слепи лица Битлола можи да се пофали исто така со своето 7 децениско постоење, имено на 04-ти Ноември 1946 година се основа Дом на слепи лица со седиште во Битола, со што практично и административно тоа се почетоците и основањето на Здружението на слепи лица Битола кои токму според историските записи и акти коинцидираат со денот на градот Битола.

Повеќе артикли...