Соработка на Битолското здружение со Бугарскиот конзул

Соработка на Битолското здружение со Бугарскиот конзулНа 3ти Март 2016 година, Претседателот и Секретарот на Здружението на слепи лица Битола на покана на нашиот долгогодишен пријател и почесен член на Здружението  Бугарскиот конзул во Битола, присуствуваја на забавата во чест на  одбележувањето на Националниот празник на Република Бугарија која се одржа во ресторан „Премиер“- Битола.

Крводарителска акција во Тетово

Крводарителска акција во ТетовоПо повод 17-ти Март - денот на крводарителите, Здружението на слепи лица - Тетово во соработка со Црвениот крст во Тетово и одделението за трансфузиологија, организиравме крводарителска акција, беше организирано во одделението на трансфузиологија и од нашите членови имаше двајца пријавено доброволно за дарување на крв кои претходно беа прегледани од лекар заради нивната здравствена состојба. Се надевам дека ќе продолжи нашата соработка, бидејќи оваа година прв пат ја започнавме оваа акција и ја започнавме со два члена, се надеваме дека и нашата крв која доброволно ја даруваме ќе помогне таму каде што е потребно, бидејќи тоа е и наша цел.

Обука за работа на компјутер во Тетово

Обука за работа на компјутери во ТетовоВо Здружението на слепи лица - Тетово според предвидената годишна програма за 2016 година, два пати неделно во нашата просторија организираме обука на компјутер со специјална звучна програма за членови од Здружението кои имаат желба да научат, кои во иднина ќе имаат потреба од тоа. Ќе продолжиме и понатака со истите едукативни активности, а овој месец започнавме и со обука како слепите лица треба правилно да ги користат апаратите во домаќинството и да подготвуваат.

Повеќе артикли...