Најубавиот ден на жената

8-ми Март во ТетовоПо повод 8-ми Март, денот на сите жени, во просторијата на Здружението на слепи лица - Тетово, според годишната програма за активности за 2016 година и комисијата на жени, ние организиравме коктел по тој повод, и им подаривме по еден скромен подарок од нашето здружение, а исто така и разговаравме и за програмата и активности кои ќе бидат опфатени во иднина и воедно реализирани.

КАПКА КРВ – СПАСИ ЖИВОТ - Неготино

Крводарителска акција во НеготиноПо повод светскиот ден на крводарителството,а воедно и 70 години од постоењето на Националниот Сојуз на Слепи на Република Македонија, Здружението на слепи лица на град Неготино заедно со Црвен Крст на Општина Неготино,организираа крводарителска акција која се одржа на ден 17.03.2016г.(четврток)во големата Сала на Собранието на Општина Неготино. На оваа акција присуствуваа неколку наши членови,а исто така присуствуваа и нашите пријатели од Евангелска Црква кои секогаш се со нас - за нас. Претседателот на Здружението на слепи лица на град Неготино на секој посетител им подаруваше рекламен материјал,а воедно и им се заблагодари за посетеноста на оваа акција.

Активности на Здружението на слепи - Скопје

Крводарителска акцијаФебруарското, четврточно дружење на жените, членки од Здружението  на слепи и лица со оштетен вид, се одржа на 11.02.2016 година.Дружењето го збогатија и осум членки од Здружението ” Вешта жена”,кој дојдоа да се дружат и лично, да се заблагодарат на нашата учесничка во манифестацијата на “Вешта жена” воедно , да ги охрабрат и другите слепи жени на ваквите и слични учества.

Повеќе артикли...