Пријателски шаховски турнир

1Здружението на слепи лица на град Неготино на ден 14.05.2018г. одржа пријателски шаховски турнир на слепи и слабовидни  лица -мажи и жени. На турнирот земаа учество екипите од Неготино како домаќин,Кавадарци и Прилеп. Шаховскиот турнир се одржа во просториите на Здружението на слепи лица на град Неготино кој го отвори Градоначалникот на Општина Демир Капија г-нот Лазар Петров кој кажа дека му е чест и задоволство што е присутен на овој шаховски турнир и дека се надева дека овој шаховски турнир ќе продолжи и понатаму. Тој исто така истакна дека се што е во негова надлежност ќе му помага на Здружението и членовите во него.

Здружение на слепите лица Кочани во посета на изложба

4По покана на Општинската организација на Црвен крст Кочани ,Здружението на слепите  лица Кочани во состав од повеќе членови присуствуваше на  одбележувањето на Неделата на Црвен крст на  Република Македонија  ( 08-15  Мај ) на изложба на фотографии со активности од основањето на Општинската организација на Црвен крст Кочани до денес како и кратка презентација  за Црвениот крст. Презентацијата  и изложбата на фотографиите  ја презентираа активисти на Црвениот крст, кои оставија позитивни впечатоци  на членовите посители на изложбата. Настанот се одржа на 14.05.2018 година во Градската библиотека Искра во Кочани.

Второодделенци од Велес се запознаа со Брајовото писмо

4Четврта година по ред, Здружението на слепите лица на Општина Велес организира час во основните училишта во градот на кој учениците од второ одделение, кои штотуку ја изучиле азбуката, се запознаваат со постоењето и примената на Брајовото писмо. Целта на овој проект е подигнување на јавната свест за подобро прифаќање на слепите лица во општеството.

На часот учениците се запознаа со историјата за потребата и настанокот на Брајовото писмо и неговиот творец – Луј Брај. Исто така, имаа можност да видат и допрат Брајова книга, како и преку игра, со дидактичките материјали кои ги обезбедуваме, самостојно да ги впишат своите имиња со Брајово писмо.

Повеќе артикли...