Мартовска активност на жените од Здружението на слепи од Скопје

DSC01425По минатогодишното деби на манифестацијата „Вешта жена“, нашето Здружението со претставничката Кентровска Душанка годинава повторно учествуваше на оваа манифестација со тенденција учеството да прерасне во традиција, со што ќе им се даде можност и на останатите жени-членки, да не’ претставуваат во наредните години. Со ваквите јавни настапи здружението ги промовира нашите членки како рамноравни и вредни жени со сите свои позитивни особини и способности како мајки, сопруги и домаќинки кои се грижат за своето семејство исто како и останатите жени.

Одбележување на 8-ми Март во Охрид

046Здружението на слепи лица Охрид по повод Денот на жената 8-ми Март организира средба на нашите членки. На оваа средба беше организирано предавање од областа на медицината. Потоа беше организирана прослава во ресторан со свечен ручек. На слепите жени кои се членки на Здружението на слепи - Охрид им беа доделени подароци по повод празникот.

Одбележување на 8-ми Март во Тетово

1 1По повод 8-ми Март – празник на жената, во просториите на Здружението на слепи лица – Тетово, беше одбележан овој ден. Во соработка со комисијата за жени, во дел од нашите активности беше и оваа која ја одбележивме на скромен начин со коктел и подароци за нашите жени. Целта не беше само да го одбележиме тој ден, туку и разговаравме и за повеќе теми кои во иднина сакаме да ги реализираме во соработка со другите здруженија и организации. Празникот на жаената го поминавме незаборавно и се надеваме дека во иднина ќе продолжиме да го одбележуваме.

Повеќе артикли...