Прослава по повод 3-ти Декември - Светскиот ден на инвалидите

4Оваа година по повод трети Декември светскиот ден на инвалидите Здружението на слепи лица на град Неготино го одбележа овој светски ден со членовите со една мала закуска и коктел на кој што до членовите се обрати Претседателот на Здружението Тони Караев со мал говор. Исто така тој ги информира членовите за измените во законот за социјална заштита на инвалидните лица и ги замоли да бидат единствени да нема поделба помеѓу нив.

Исто така по повод 3 ти Декември  Здружението на слепи лица на град Неготино беше посетено од страна на пратеничката во Собранието на Република Македонија г-ѓа Павлинка Честојанова на кое беа изложени незадоволствата од страна на членовите по предлогот за новиот закон за социјална заштита на овие лица.

Во Велес промовирано аудио издание на Рациновите „Бели мугри“

2Во чест на Коста Солев Рацин и неговата безвремена поезија, Здружението на слепите лица на Општина Велес и Локалната библиотека „Гоце Делчев“ - Велес на 28 ноември годинава промовираа аудио издание на збирката „Бели мугри“.

Како што истакна во своето обраќање Игор Крајчев, директор на локалната библиотека „Гоце Делчев“, промоцијата на исклучително значајното аудио издание на „Бели мугри“ не случајно се поклопува со 79 годишнината од објавувањето на „Бели мугри“. Ова издание за првпат овозможува слепите лица во целост да имаат пристап до Рациновата збирка, рече Крајчев.

Во присуство на градоначалникот Аце Коцевски, претставници на Друштвото на писателите на Македонија и македонскиот ПЕН Центар, на промоцијата за значењето на Рациновите „Бели Мугри“ говореше Проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска.

Меѓународна конференција Предизвици, потреби и услови на професијата физиотерапевт кај лицата со оштетен вид во Земјите од Западен Балкан

1Националниот сојуз на слепите на Република Македонија во изминатиот викенд од 23.11.2018 година до 25.11.2018 година во соработка со своите партнер организации Сојузите на слепи од Р.Српска, Србија, Бугарија-Регионална организација-Софија, Црна Гора и Албанија како и финансиерот на проектот Европскиот сојуз на слепите-чија полноправна членка се наведените организации органиираше и спроведе Меѓународна конференција Предизвици, потреби и услови на професијата физиотерапевт кај лицата со оштетен вид во Земјите од Западен Балкан.

Повеќе артикли...