Велигденска активност во Неготино

1Во пресрет на големиот празник Велигден, дел од членовите на Здружението на слепи лица на град Неготино одлучија да направат активност, односно да фарбат велигденски јајца. Членовите беа презадоволни бидејќи и тие се дел од оваа активност да и тие направат убави Велигденски јајца.

Со нивните вредни раце направија да оваа активност биде успешна, исполнета со многу љубов, здравје, среќа, радост и одлучија и понатаму да продолжи оваа Велигденска традиција.

ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ, НАВИСТИНА ВОСКРЕСЕ!

Спортски натпревари во Охрид

101Здружението на слепи лица Охрид реализираќи ги своите програмски активности за 2017 година, во текот на месец Март организира спорски натпревар во Општинското средно училиште ЕМУЦ “Св. Наум Охридски“ Охрид.

Натпреварот се одржа помеѓу членовите на Здружението на слепи - Охрид и учениците од ова училиште. На овој натпревар се играше домино и шах. 

Целта на овој натпревар беше пред учениците и професорите на ова училиште да ги промовираме способностите и можностите на нашите членови на полето на спортот, како рамноправни спортисти со останатите граѓани на нашето општество.

Мартовска активност на жените од Здружението на слепи од Скопје

DSC01425По минатогодишното деби на манифестацијата „Вешта жена“, нашето Здружението со претставничката Кентровска Душанка годинава повторно учествуваше на оваа манифестација со тенденција учеството да прерасне во традиција, со што ќе им се даде можност и на останатите жени-членки, да не’ претставуваат во наредните години. Со ваквите јавни настапи здружението ги промовира нашите членки како рамноравни и вредни жени со сите свои позитивни особини и способности како мајки, сопруги и домаќинки кои се грижат за своето семејство исто како и останатите жени.