Одбележување на 8-ми Март во Охрид

046Здружението на слепи лица Охрид по повод Денот на жената 8-ми Март организира средба на нашите членки. На оваа средба беше организирано предавање од областа на медицината. Потоа беше организирана прослава во ресторан со свечен ручек. На слепите жени кои се членки на Здружението на слепи - Охрид им беа доделени подароци по повод празникот.

Одбележување на 8-ми Март во Тетово

1 1По повод 8-ми Март – празник на жената, во просториите на Здружението на слепи лица – Тетово, беше одбележан овој ден. Во соработка со комисијата за жени, во дел од нашите активности беше и оваа која ја одбележивме на скромен начин со коктел и подароци за нашите жени. Целта не беше само да го одбележиме тој ден, туку и разговаравме и за повеќе теми кои во иднина сакаме да ги реализираме во соработка со другите здруженија и организации. Празникот на жаената го поминавме незаборавно и се надеваме дека во иднина ќе продолжиме да го одбележуваме.

Одржана манифестација „Кршење на лепче со паричка“

DSC01315Комисијата за активност на жените во Здружението на слепи и лица со оштетен вид  Скопје и годинава ја организираше манифестацијата „Кршење на лепче со паричка“. По повод Стара Нова година на ден 13-ти Јануари, како почеток на сите активности, сите жени кој вообичаено се собираат на дружење секој четврток во месецот, но овој пат во поголем број се собраа и ја прославија Стара Нова година.

Повеќе артикли...