Одржана дисеминациска сесија - Кочани

1Во рамките на Програмските активности на Здружението на слепи лица Кочани ,а со цел да се запознаат членовите за Историјатот на Црвениот крст ,Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина ,структурата ,амблемот и Меѓународното хуманитарно право на 17 Јуни 2018 година  на локалитетот  викан   ,, Даб,, крај с. Бели  се организираше работилница со подршка   на општинската организација  на Црвен крст Кочани. На работилницата присуствува 60 членови на здружението од општините Кочани,Виница Берово и Делчево. Предавач на темата беше обучен дисеминатор  Иле Матеничарски  долгогодишен активист во општинската организација на Црвен крст од Кочани.

Во Скопје одржан четворомеч во голбал

1Точно според прдвидента динамика од глобалната програма,  за одржување на спортските активности, на Здружението  на  слепи и лица со оштетен вид-Скопје, на ден 20.05.2018 година, се одржа четворо мечот  во голбал.Домаќинот на четворо мечот, Скопската  екипа по втор пат се пофали со условите во кој се играше голбалот,бидејќи од минатата година  ги надминавме проблемите со изнаоѓање на спортска сала,и по одобрувањето на салата и опремата од градот Скопје ,салата во училиштето “Михајло Пупин“ стана центар за собирање на сите наши членови рекреативци, за сите видви на спорт кој ги практикуваат членовите од Здружението.

Пријателски шаховски турнир

1Здружението на слепи лица на град Неготино на ден 14.05.2018г. одржа пријателски шаховски турнир на слепи и слабовидни  лица -мажи и жени. На турнирот земаа учество екипите од Неготино како домаќин,Кавадарци и Прилеп. Шаховскиот турнир се одржа во просториите на Здружението на слепи лица на град Неготино кој го отвори Градоначалникот на Општина Демир Капија г-нот Лазар Петров кој кажа дека му е чест и задоволство што е присутен на овој шаховски турнир и дека се надева дека овој шаховски турнир ќе продолжи и понатаму. Тој исто така истакна дека се што е во негова надлежност ќе му помага на Здружението и членовите во него.

Повеќе артикли...