Здружението на слепите лица од Кочани го одбележа - 15 Октомври Меѓународниот ден на слепите лица
Здружението на слепите лица од Кочани и годинава активно учествуваше во одбележување на 15 Октомври Меѓународниот ден на слепите лица.На предлог и донесената одлуката на Извршниот одбор на здружението од Кочани одбележувањето се одржа на самиот ден во Благоев град со зедничка средба на членовите од Реѓионалната организација на слепите лица од Благоев град НР Бугарија.
Од здружението од Кочани на Меѓународна средбата присуствуваа 20 члена. После поздравните говори на претседателите , претседателот на Сојузот на слепите на округот на Благоев град НР Бугарија господинот Борислав Лазаров пред присутните ѓи афирмираше преземаните активности на сојузот ставаќи акцент на проектите кои треба да се во тек, поставување на тактилни патеки во центарот на градот.