Здружението на слепите лица Кочани ја одбележа првославната Нова година – Василица

1Членовите на Здружението на слепите лица  Кочани традиционално го одбележаа празникот Василица, односно првославната Нова година.Настанот кој вообичаено се закажува порано оваа година се одржа во клубот на Мобилност Кочани  на 13 Јануари. Околу 35 членови во сопствена режија  остварија пријатни моменти  со традиционалното кршење  лепче со паричка  по повод празникот  Свети Василиј Велики. Овие традиции се еден од столбовите  на дружењето  и остварувањето на програмските цели на Здружението , се јакнат меѓусебните односи ,се потенцира размена на мислења и идеии за подигање на капацитетот и слично.

Прослава на Василица

1Членовите од Здружението  на слепи и лица со оштетен вид од Скопје,кои во текот на целата 2017 година беа активни,помеѓу другото и со редовно содржајно дружење во првите четвртоци од месецот,и годинава ја прославија Стара Нова година.Салата при деловната зграда на Здруженито овој пат беше преполна со весели и насмеани лица, кој на 13 Јануари дојдоа да се дружат и во пресрет на 14 Јануари, кој според Јулијанскиот календар е први Јануари, и почеток на годината да си посакат успешна и среќна година.Се празнуваше и Василица ,се кажа по некоја досетка,анегдота и обичаи со кој се одбележува овој христијански празник.

Втор републички квиз натпревар за слепи

2Под покровителство на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија и Општина Велес, а во организација на Здружението на слепите лица на Општина Велес, на 25.11.2017 година (сабота), во салата „Бели мугри“ во Велес, се одржа „Вториот републички квиз натпревар за слепи“.

На квиз натпреварот земаа учество 9 екипи на Здруженијата на слепи од Македонија и тоа: Скопје 1, Скопје 2, Велес, Неготино, Куманово, Кочани, Штип, Струмица и Прилеп.

Повеќе артикли...