Националниот сојуз на слепи на Република Северна  Македонија на ден 10.10.2020 година објавува Конкурс за избор на музички композиции за манифестацијата Музички смотри на НССРСМ за 2020 година.
Право на учество имаат слепи и слабовидни лица-членови на здруженијата на слепи лица-членки на НССРСМ.
Конкурсот е отворен заклучно со 30.10.2020 година.
Композициите (демоснимки) да се достават на адреса
Ул.11 ти Октомври бр.42 А Скопје
ДХО Даре Џамбаз Скопје
ЗА НССРСМ
со назнака
за конкурс за избор на музички композиции за манифестацијата музички смотри 2020 година
Композициите да се испратат на аудио цд, аудио касета, усб доколку се испраќаат по пошта и задолжително да содржат Име и презиме на изведувачот, телефон за контакт, назив на композицијата и тоналитет во кој се пее истата.
Композициите може да се испраќаат и преку емаил на маилот на НССРСМ mknssrm@gmail.com
Секој кандидат може да испрати колку песни сака(бројот на песни по кандидат  не е ограничен).
Избраните кандидати ќе се натпреваруваат во три категории:
 вокални изведби-солисти
инструменталисти
дуети
Нема ограничување во жанрот за избор на композиции за изведувачите.Дозволени се сите жанрови народно, забаво, новокомпонирани, странски итн…
 На манифестација музички смотри 2020  во Скопје ќе се придржуваат до сите протоколи и мерки за заштита од Корона вирусот.Истата ќе се одржи кон крајот на месец ноември или почетокот на декемви за што ќе бидете дополнително известени согласно ситуацијата со бројот на заразени од Корона вирусот.
Оваа година поради заштита и превенција од ширење на Корона вирусот во концертната сала нема да биде дозволен влез за публика односно музичките смотри ќе се одвиваат зад затворени врати без публика.
Токму од тие причини нема да има награди од публиката по пат на гласање туку исклучиво награди од стручна и професионална надворешна жири комисија (академски музичари).
Согласно сите протоколи во салата ќе бдиат присутни само изведувачите, оркестарот и стручното (трочлено) жири.
Композициите може да се испраќаат на аудио цд, аудио касета, усб, или пак преку маил на овој маил како што веќе претходно погоре напоменавме.
За најдобрите изведувачи во сите категории во зависност од бројот на пријавени ќе има прво, второ и трето место парична награда и диплома, плакета.
Очекуваме што повеќе композиции.Особено охрабрете ги Вашите членови да се пријават.Максимално ќе бидат испочитувани сите протоколи за заштита од Корона Вирусот со маски и средства за дезинфекција и без публика.
Музичките смотри како и секоја година ќе добијат свое ДВД издание со видео материјал и слики па секој од изведувачите ќе добие по еден оригинал од ова издание.
Во преговори сме со Националната телевизија за снимање и емитување на истите.