Национален сојуз на слепи на Република Северна Македонија (НССРСМ) Ве поканува да земете учество на изборот на есеи кои ќе земат учество на 14то Светско Брајово натпреварување.

Националниот конкурс за избор на Брајови есеи се одржува во организација на Нациоанлен сојуз на слепи на Република Северна Македонија (НССРСМ) и има за цел промоција на употребата на Брајовото (Релјефно) писмо како клуч на успехот на лицата со оштетен вид, клуч за пристап до информации и нивна социјална инклузија.
НССРСМ предлага различни теми на кои учесниците може да доставуваат есеи, а се со цел посеопфатна примена и истакнување на важноста на Брајовото писмо од различни агли.
Листата на теми која ја предлагаме не е конечна, учесниците можат да изберат да пишуваат и на друга тема во однос на користењето на Брајовото (Релјефно) писмо односно темата мора да биде поврзана со Брајовото писмо.
  • Улогата на Брајовото писмо во идно учество на лицата со оштетен вид во политичкиот, економскиот, културниот, образованиот, социјалниот и семејниот живот
  • Брајовото писмо во ерата на технологијата
  • Користејќи го Брајовото писмо на сите возрасти
  • Брајовото писмо и гласањето
  • Животот со Брајовото писмо-ги поттикнуваме професорите, писателите, авторите, учениците, сите кои го користат Брајовото писмо на било кој начин или кои сакаат да го користат, да пишуваат за улогата на Брајовото писмо
  • Поддржуваме фактички опис на потенцијална иновација, продукти и идеи за промоција на Брајовото писмо низ цела Европа
  • Неверојатни стории за Брајовото писмо
  • Иднината на Брајовото писмо
  • Предизвици и потешкотии од користењето на Брајовото писмо во споредба со говорните синтетизатори и аудио книги и документи
  • Брајовото и музиката
  • Брајовото и пристап до туризмот
  • Игра низ Брајово писмо
  • Тајниот јазик на Брајовото писмо

Охрабруваме да пишувате и на други теми по повод Брајовото писмо.Авторите се охрабрени да во нивните есеи дадат свој личен допринос, лична имагинативна интерпретација, да бидат креативни, да користат формати од различен тип преку кои би кажале една животна сторија, како писмо, поема, интервју.

Конкурсот за избор на есеи за Брајовото писмо нема возрасно ограничување. Есеите треба да бидат доставени до
НАЦИОНАЛЕН СОЈУЗ НА СЛЕПИ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
преку емаил на :  mknssrm@gmail.com
или во друга дигитална форма како цд, усб, итн…
Есеите можат да содржат од 600-1000 зборови.Но и повеќе доколку е потребно. Зборовите се дадени како ориентир.
На почетокот од ЕСЕИТЕ треба да е наведено задолжително:
ИМЕ И ПРЕЗИМЕ
РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
ЗА НАЦИОНАЛЕН СОЈУЗ НА СЛЕПИ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
БРОЈ НА ЗБОРОВИ
Националниот сојуз на слепите на Република Северна Македонија не сноси одговорност за заштита на автоското и сродните права на авторот. Штом испратени авторското право над есеите се префрлаат на Национален сојуз на слепи на Република Северна Македонија.НССРСМ може да ги заштити или лиценцира овие права.Авторите му даваат изричита согласност на НССРСМ да го користи нивното име и есеите во публикувани материјали на сојузот.(електронски книги, аудио книги, Брајови книги, книги на црн тисок или друг формат).
НССРСМ е носител на авторското право и негов заштитувач.
Бројот на испратени есеи по лице не е ограничен.Есеи можат да испраќаат покрај слепи и слабовидни лица, видни лица, граѓани на РСМ, професори, соработници, итн…Конкурсот е од отворен тип.
Сите есеи ќе бидат објавувани парцијално во зависност од можностите во аудио списанието како и во Брајовото списание на НССРСМ.НССРСМ го задржува правото да направи ЗБИРКА НА ЕСЕИ 2020.НССРСМ може да организира и вечер на читање на есеите.Најдобрите 5 есеи ќе бидат соодветно и наградени.Истите 5 есеи покрај националната награда ќе бидат испратени и на светски натпревар од Ваков тип.Наградниот фонд на Светскиот натпревар е согласно пропозициите на Европскиот сојуз на слепите, Браил Маиничи од Јапонија, и ОНКУО Корпорацијата.