Националниот сојуз на слепите на Република Македонија во рамките на своите програмски активности во РХ Ресурсниот центар во Скопје организираше и спроведе во соработка со Американскиот совет за меѓународно образование креативна вајарска работилница УМЕТНОСТА НА РАКАТА која се одржа во деловните простории на реха центарот во Скопје.

На истата заинтересираните учесници имаа можност да изработуваат глинени производи кои беа нивна инспирација под раководство на ликовен уметник и на вајар.
Рачните изработки по сушењето беа предадени на лакирање и истите беа изложени на коктел изложба во Јавна Соба во Скопје.
За учесниците на креативната работилница беа изготвени и доделени и сертификати за учество. Одлична можност за изразување на огромниот креативен потенцијал на слепите и слабовините лица.
На работилницата учество зедоа и видни лица волонтери кои изработуваа производи од глина со врзани очи за да го почуствуваат животот во темнина и поради рамноправност.

[Best_Wordpress_Gallery id=”350″ gal_title=”nssrm19″]