Националниот сојуз на слепите на Република Македонија согласно Програмата за работа за 2019 година во периодот од 12.08.2019 година до 17.08.2019 година во соработка со Сојузот на слепите на Република Бугарија Регионална организација во Софија организираше за 50 припаднички на понежниот пол Меѓународни бањско климатски рекреативни средби односно Меѓународен семинар за жени. Истиот се одржа во туристичкото летувалиште на слепите од Република Бугарија, Обзор.На истиот покрај присуството на 50 слепи и слабовидни лица од Македонија учество зедоа и 50 слепи и слабовидни лица од Софиското здружение на слепите.

На семинарот се одржаа работилници за РХ центар односно програми за слепи. На истиот семинар согласно позитивните законски прописи присутни беа и две медицински лица кои им мереа крвен притисок и шеќер во крвта на учесниците.
Меѓу другото учесниците имаа ексклузивна можност да го посетата РХ Ценатрот на Регионалната организација на слепите од Софија и да се запознаат со работата и програмите во истиот кои опслужуваат 1400 корисници секој месец постојано.
Во рамките на посетата на РХ Центарот за учесниците беше организиран и заеднички разглед на градот Софија и културно историските споменици во градот, како Платата на Тодор Живков која сега е музеј, паркот, централната улица, Парламентот, Претседателската палата, судската палата, цркви, итн…
Во рамките на семинарот имаше и организиран разглед на градот Варна на стариот дел од градот како и на градот Несебар.

[Best_Wordpress_Gallery id=”346″ gal_title=”nssrm18″]