НАЦИОНАЛЕН СОЈУЗ НА СЛЕПИ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА  заедно со МИРОСЛАВ ДРАГАНОВ , авторот на книгата „На своја кожа продолжи со насмевка“ – ниво 1.0.,НА 28.02.2020 година токму на 32-от роденден на авторот Мирослав Драганов во просториите на Домот на хуманитарните организации на Македонија  ја промовираа  аудио верзијата на неговата книга „На своја кожа продолжи со насмевка“ – ниво 1.0. која е наменета за слепите и слабовидни лица од целата територија на Република Северна Македонија.

Пристапната аудио книга е изработена во рамките на кампањата ГЛАД ЗА ЧИТАЊЕ и претставува формат достапен за лицата со оштетен вид согласно Договорот од Маракеш кој на слепите лица го дава основното човеково право ПРАВОТО ДА ЧИТААТ.

Промоцијата на аудио книгата се одржи во петокот, 28.02.2020 година (токму на роденденот на авторот) со почеток од 12:00 часот во сала 5 – Дом на хуманитарните организации на Македонија “Даре Џамбаз ” (Ул.11ти Октомври бр.42 А Скопје)  во Скопје.

Посебна благодараност упатуваме до сите оние кои суштински придонесоа ова прекрасно дело да биде достапно и за слепите и слабовидни лица и тоа:

Национален сојуз на слепи на Република Северна Македонија (организатор, иницијатор на идејата, логистика, трошоци во поглед на аудио изданието)

Лајонс Клуб „Камен Мост“ (здружение кое ги покри основните трошоци)

New Media(маркетинг агенција која ја обезбеди опремата, просториите за снимање и целокупната монтажа)

Лаура Крлиу, пејачка (во улога на рецезентка)

Емине Халил, актерка (во улога на интерпретаторка на женските ликови во книгата)

Никола Здравковиќ, новинар (во улога на интерпретатор на машките ликови во книгата)

Мирослав Драганов,автор, мотивациски говорник и тренер (во својата автентична улога – наратотор на својот дел од книгата)

Книгата „На своја кожа продолжи со насмевка“ – ниво 1.0. беше издадена пред точно една година од издавачката куќа Матица Македонска при што авторот ја организираше најпосетената промоција во историјата на издавачката куќа. Во текот на една година Мирослав Драганов направи рекордни 11 промоции на книгата во текот на 2019 година и тоа во: Скопје, Штип, Битола, Охрид, Берлин, Куманово, Струмица, Кавадарци, Гевгелија, Велес и Делчево. Импресиите од читателите се многубројни, емотивни и искрени, слики од читателите пристигнуваа од целиот свет, од Аљаска до Виетнам и од Шкотска до Маврициус, а бројот на продадени примероци се наближува кон 1000.

Ова се само дел од причините поради кои ни е особено драго што ова извонредно дело добива и своја аудио верзија наменета само за слепите лица.

Пред драгоценото присуство на бројни слепи и слабовидни лица, но и пријатели на сојузот ова дело беше промовирано во несекојдневна промоција преку работилница и запознавање.

На првата онлајн аудио библиотека-веб платформата на НССРСМ  може да се најде дел: вовед и дел од рецензентката како изавдоци од книгата на Мирослав Драганов во аудио формат.Книгата како комплетно аудио дело е достапно во библиотеката за слепи при НССРСМ.

Заинтересираните читатели од сечулната популација

книгата може да ја најдат во Матица македонска (на Булеварот и во Ексклузив).
А дополнително во Скопје и во Книжарница Или Или (до Дом на Градежници), а во другите градови во:
Охрид – Книжарница „Просвета“
Ресен – Книжарница „Сим Комерц“
Битола – Книжарница „Урбаниум“
Прилеп – Книжарница „Викели“
Гевгелија – Книжарница „Ние Пром“
Струмица – Книжарница „Сим Компани ТА“
Штип – Книжарница „Арт“
Куманово – Книжарница „Херби“

Со почит,

Ваши

Национален сојз на слепи на Република Северна Македонија  и авторот Мирослав Драганов