Здружението на слепи лица Гевгелија на ден 14-10-2016година одржа Јавна трибина по повод 15-ти Октомври Меѓународниот ден на Белиот стап-симбол на слепиот човек, во име на 70годишниот Јубилеј на  Националниот Сојуз на слепи и слабовидни лица на РМ.

Во преполната сала со членови од здржението и преставник од  Центарот за социјална работа Гевгелија , преставници од Здружението на ЛТИ Мобилност Гевгелија  и локалниот медиум ТВ НОВА ги запознавме со нашето досегашно работење со порака од здружението до јавноста и надлежните органи во нашата Општина.

Јавната трибина ја одржавме на тема;

70 ГОДИНИ ПОСТОЕЊЕ, ШТО НАПРАВИВМЕ, ПРЕДИЗВИК НА ИДНИНАТА?

70 години Мисија и Визија за светлина, 70 години традиција, работа и симбол на постојан стремеж за достоинствен живот и рамноправна положба во општеството.

Рамноправност во образованието, здравството, вработувањето за посамостоен и понезависен живот, социјална сигурност и независност, семеен живот и интигритет, култура, рекреација и спорт да се живее без дискриминација во сите свери од општествениот живот.

Што направивме заедно со НССЛ на РМ кој  работи како единствен леѓитимен преставник на сите слепи и слабовидни лица од целата  територија на државата.

Можеме да се пофалиме од досегашното  работење на нашето Здружение на слепи , тргнавме по современиот  живот што налага, чекориме бавно но сигурно без одстапување од нашите барања.

-се ангажиравме во рано откривање на слепите и слабовидни лица.

-вклучување на слепите и слабовидните деца во училишни установи основно , средно и факултетско образование и во тој дел помагаме;

– се преземани активности кампањи за зголемување на свеста на населението за слепите лица , нивните  права и потреби;

– совети за слепите лица и нивните семејства во остварувањето на законските права на социјална, економска здравствена и друга заштита, развивање на самодоверба и придружни услуги при набавка на разни  специфични тифло и други технички помагала неопходни за зголемување на независноста во нивниот секојдневен живот;

-во соработка со НССЛ на РМ се залагаме за користење на Брајовата азбука изданија на Брајово (релефно) писмо, во  звучна техника како електронски текст;

-Во соработка со НССЛ на РМ, покренуваме граѓански иницијативи за измена и дополнување на постојните законски прописи и донесување на нови закони со цел за поквалитетни решенија во однос на правата на слепите лица;

-организираме и спроведуваме спортски активности и манифестации во зависност од потребите и можностите на членовите да се занимаваат со определени спортови.

Здружението на слепи Гевгелија настапи на оваа трибина со порака до јавноста и надлежните на општинаната.

Чекориме бавно по предизвикот на иднината без одстапување од нашите барања.

Ние не бараме посебни права. Ние не бараме привилегии, Ние бараме само дани се овозможат сите оние компензациони права кои се цивилизацијска придобивка на модерниот и развиен свет, прокламирани со многубројни меѓународни документи, а пред се  со Конвенцијата за правата на лицата со инвалидност на организацијата на Обединетите нации, ратификувана и потпишана и од Република Македонија.

Подготвени сме со заеднички сили да ја надминеме и секоја најмала бариера.

Нека нашиот град биде  без бариери за слепите лица.

Нека Република Македонија биде земја без бариери за слепите лица.

[Best_Wordpress_Gallery id=”133″ gal_title=”Gevgelija2″]