Изминатиот викент,во Здружението на слепи и лица со оштетен  вид  Скопје, се одржа гратското првенсто во шах.Квалификациите во шах ,се секогаш прва спортска активност поради тоа, што од ова првенство се врши селекција за понатамошните шаховски трунири кој почнувaат да се организират од Здруженијата на слепи,членки на НССРМ.Учесници на турнирот беа членови од Здружението,влубеници во ова игра,и долгогодишни шахисти.Во последните години за жал,не можеме со никакви методи да ги стимулираме помладите членови кој навистина како и другите од помладата генерација,барат забава преку интернет игри и времето го поминуваат повеќе на социјалните мрежи.

Не помага многу, ниту отворената школа за шахисти на која можат да учат и унапредуваат сите наши членови,кој имат авинитети и сакат да играт шах.За поздравување се неколку членови кој како премин, од постарата популација  имат желба да ја задржат ова активност како најпозната за истоветување на слепите со сечулните лица.

 

На првенството се играше посебно  машки од женскиот турнир,според предходно утврдени правила според кој,првите 6 пласирани од машките учесници и првите 4 од женските учесници ќе учествуват на државното шаховскио првенство,првите тројца од машките и првопласираната од женските учеснички се стекнаа со правото за учество на меѓународни турнири,а како стимул за понатамошни учества на останатите шахисти кој не се меѓу пласираните останува наизменичното учество на турнири организирани од Здруженијата на слепи,и Здруженија од други инвалидски организации.

Турнирот се играше во фер и коректна атмосвера,сите учесници и организаторот беа задоволни како шаховскиот судија Кочовски Иван го водеше турнирот.

Секретар,

Коцева Алтана

[Best_Wordpress_Gallery id=”242″ gal_title=”Skopje28″]