Последниот викенд од месец  Март,Здружението  на слепи и лица со оштетн вид  Скопје ,го одржа гратското првенство во шах.Со ова првенство во шах започнуваат спортските игри ,во Здружението за 2016 година, планирани од комисијата за спорт и рекреација при Здружението  на слепи и лица со оштетен вид Скопје. Првенството се одржа посебно во машка и женска конкуренција. Радува фактот што годинава имавме едн нов член,од помладата популација за која постојано инсистираме ,и на различни начини ги убедуваме  како Здружение да ги влучиме во било  која спортска и друга активност на Здружението.

Загрижува податокот дека се помалку членови се пријавуваат во активностите,и затоа учеството на Лазаревски Христијан како навестување за учество од помладите членови многу не израдува.Од гратското првенство се прави селекција за учество на шахистите во шаховските турнири во Здруженијата на слепи, членки на НССРМ,Здруженијата на други инвалидски организации , пласман за учество на републичкото полуфинале.и учество на мегународни шаховски турнири.На сите оние што си обезбедија пласман за понатамошните учества Здружението им посакува  победничка  среќа на турнирите.

[Best_Wordpress_Gallery id=”63″ gal_title=”Skopje4″]