Здружението на слепите лица од Кочани по повод   патрониот празник на градот Кочани Петровден  12 Јули , по пети пат ја одржа традиционалната средба на која беше организиран шаховски турнир со претставници од здруженијата на слепите лица  од  повеќе градови на Р.Македонија. Средбата се одржа на 06.07.2019 год. во Кочани.

Поканети  и присутни на средбата беа претседателот на Националниот сојуз на слепите Жарко Селковски ,претседателот на  Спортската федерација на слепите Коце Димов  како и членови и  секретари  од  здруженијата ч ленки на   НССРМ.  На средбата   беа   поканети  и претставници    од  организацијата на слепите лица од   Република   Бугарија   со кои имаме  повеќегодишна погранична соработка.

Настанот беше проследен од телевизиските медиуми на локалната телевизија за која  гостите дадоа изјави исполнети со имресии за настанот .

[Best_Wordpress_Gallery id=”338″ gal_title=”Kochani24″]