Прирачникот има за цел да им помогне на македонските граѓански организации кои работат со лицата со попреченост да се справат со некои од предизвиците со кои се соочуваат секојдневно: отсуството на квалитетно известување за лицата со попреченост; перцепцијата за лицата со попреченост кои честопати се оптоварени со негативни стереотипи и предрасуди; и недостатокот на практични насоки за тоа како да се справат со тие предизвици.

Прирачникот е дел од двегодишниот проект „Попреченоста е само прашање на перцепција“, што заедно го спроведуваат Институтот за медиуми и различности од Лондон (МДИ), Македонскиот институт за медиуми (МИМ) и Националниот совет на инвалидски организации на Македонија (НСИОМ), а е финансиран од Европската Унија.