Здружението на слепи лица на град Неготино со финансиски средства од Градоначалникот на Општина Неготино организира еднодневна прошетка  низ убавините на Западна Македонија, Националниот Парк Маврово и Изворите на реката Вардар Вруток.

Членовите се собраа на организираното место каде што се тргна  весело  кон убавините на Западна Македонија. По патот имавме и попатни паузи каде што се чувствуваше планинскиот воздух  и убавините на густите шуми.

Најпрво стигнавме во пределот на Националниот Парк Маврово,прошетавме низ густите шуми каде што вдишувавме свеж и убав воздух ,а потоа го разгледавме и вештачкото Езеро Маврово покрај браната и делот покрај  Маврови  Анови. Воодушевени од глетката ја продолживме нашата релација кон Изворите на реката Вардар ,,Вруток,,.

Таму кога пристигнавме имаше што да се забележи, кој со допир ги почувствуваа прекрасните извори а некои со мирисот осетија дека се на прекрасно место. Направивме неколку слики на кои ќе ни останат за успомен од убавините на природата на нашата Македонија.

Во овој предел направивме и поголема пауза каде што членовите ручаа во убавите ресторани што ги има наоколу.

И така воодушевени , задоволни,весели,инспирирани од прекрасните убавини се вративме во Неготино.

[Best_Wordpress_Gallery id=”336″ gal_title=”Negotino24″]