Прослава на Стара Нова година во Скопје

Во здружението на слепи и лица со оштетен вид -Скопје на денот за стара нова година 13 Јануари,се одржа прослава на која присуствуваа повеќе членки од Здружението со нивни придружници.Се поголем број членки учествуваат на ова прослава,што зборува за сплотеноста на членовите,што токму овој ден одлучуват да бидат заедно и да си ги честитат дотогаш изминатите и претсојни празници.Годинава, старата кума Стефановска Барбара,со пригодно припремена трпеза и многу убави изречени мисли и изреки,духовно надградувајки не и посочувајки на тоа колку е битно,дружењето и меѓусебната подршка,го предате кумството на придружник од наша членка која по втор пат во 2020 година е подготвена и ќе биде среќната кума.Како што наложува традицијата на трпезата најпрвин се скрши лепчето,а по поздравот од претседателката Кентровска Душанка, понатамусо музика,игра и песни со убаво расположение се испрати новата година по Јулијанскиот календар за да се пречека новата во која се посакува добро здравје и среќа на секој поединец.Годинава за забавнот дел беше задолжен нашиот член Арсовски Стојче од КУД “Билјана“ кој и поединачно ги знае музичките желби на присутните наши членови,па така расположенито растеше во текот на целата прослава.Годинава ,нашата прслава беше пренесена и на ТВ Сител,при што и оние што физички не присуствуваа за момент беа заедно со нас.

Истиот ден пред почетокот на прославата имавме дружење и со најмладите.Дечињата на кој “Дедо Мраз “годинава им донесе многу новогодишни пакетчиња добија уште по едно од кошаркарскиот клуб на Перо Антиќ.Најглемата нивна радост беше што се сликаа со нив,со членови дел од клубот,воодушевувајки се на нивната висина и физички раст.

Да веруваме дека ваквите средби ќе бидат позачестени и дека при таква средба некој од нашите членови ке открие некој скриен талент во себе.