Традиционалната соработка меѓу Општинската организација на Црвениот крст – Кочани и Здружението на слепи лица од Кочани продолжува и натаму. На 14 Maj 2017 година во место Јакимово – Виничко,  беше организирана еднодневна едукативна работилница по прва помош со показна вежба за членовите на здружението. На работилницата присуствуваа вкупно 40 членови  од здружението од наjразлична возраст. Екипата по прва помош составена од подмлаткари  активисти на Црвениот крст – Кочани, пред членовите ги демонстрираа техниките за давање на прва помош на случаи со повреди. Целта на оваа активност беше дека секој треба да знае како да спаси живот. На показната вежба членовите интерактивно беа вклучени во демонстрирање на техниките за давање на првата помош. Тоа придонесе за зголемување на нивните вештини и подигање на самодовербата да си помогнат себе си и на другите во случај на потреба.

[Best_Wordpress_Gallery id=”179″ gal_title=”Kochani10″]