По Покана од Општина Неготино и Директорот на Музејот на град Неготино членови од Здружението на слепи лица на град Неготино и дел од децата со ментален хендикеп ,,Порака,,земаа учество во изработка на ракотворби по повод Св.Трифун денот на виното.

Членовите украсуваа шишиња вино кое беа спонзорство од В.В,,Повардарие,,Неготино и чаши кои беа изработувани со коноп, слики од грозје и од иконите Св.Трифун,машнички и украсна чипка.

Работилницата беше во просториите на Музејот на град Неготино каде што имаше доста посетители.Изработените ракотворби беа изложени на штанд на продажба на плоштадот на град  Неготино  по повод  прославата на Св.Трифун  каде што беше посетена и од Премиерот Зоран Заев и Градоначалникот на град Неготино Тони Делков кои купија од нашите ракотворби.

Членовите кои беа учесници на овие ракотворби беа многу среќни исполнети со радости бидејќи беа дел од оваа прослава  и се надеваат на понатамошна соработка  со Општина Неготино .

[Best_Wordpress_Gallery id=”230″ gal_title=”Negotino12″]