Националниот сојуз на слепи на Република Северна Македонија во периодот од 13.08.2020 до 16.08.2020 година го организираше и спроведе домашниот женски семинар за 2020 година.Со оваа активност  Националниот сојуз на слепи на Република Северна Македонија   се приклучува на Владата на Република Северна Македонија во заложбите за поддршка на домашниот туризам.На домашниот женски семинар беа запазени сите протоколи и мерки донесени од страна на Владата на Република Северна Македонија а препорачани од Комисијата за заразни болести се со цел превенција и спречуавње на ширење на Ковид 19 Вирусот.За учесниците беа обезбедени протоколи на учество, заштитни маски и средства за дезинфекција.Редовно и навремено се обавуваа сите заштитни мерки и почитуваа сите протоколи.Оваа година на семинарот веќе традиционално на учесничките им беа мерени вредности како крвен притисок и шеќер во крвта, се со цел обрнување внимание на нивната здравствена состојба, контрола и превенција како и подигнуавње на свеста за состојбата во која се наоѓаат ако знаеме дека на лицата со оштетен вид пристапот до здравствени услуги им е отежнат поради не секогаш имање можност за придружник при истите.

На семинарот имаше присутно и медицинско обезбедуавње за целото времетраење на настанот.
Заинтересираните лица со оштетен вид кои не знаат да пливаат имаа и активна пливачка школа со инструкторка за пливање.Согласно сите прописи имаше присутен и спасител на вода.
Домашниот женски семинар е традиционална програмска активност на  Националниот сојуз на слепи на Република Северна Македонија за која поддршка дава Министерството за труд и социјална политика на Република Северна Македонија.Истата активност е во рамките на прогрмаските надлежности на Сојузот за  здравствено-социјалната заштита на лицата со оштетен вид и социјализација.
11a
« 1 of 12 »