На 08.05.2016 година се одржа Скопскиот маратон, на кој за прв пат учествуваа и членови од Здружението  на слепи и лица со оштетен вид Скопје.Идејата за учество на Скопскиот маратон се роди во  минатата година, кога малку срамежливо и скептично  пријавивме екипа но за жал маратонот не се одржа. Се вели дека “во мислата е силата”, им остана  временски простор мисловно и психички да се подготват ,и годинава некој и кондиционо спремни да се пријават на хуманитарната трка од 5 километри,трка за рекреативци од масовен карактер.Учествуваа 5 наши членови, на различна старосна возраст,односно од 18 па до 68 години.

Највозрасна мегу нив беше Михаловска Ружа , учествуваше претседателката на Здружението  Петровска Благица,  Мишевски Зоран, Халим Самир и Црновршанин  Харис. Сите учесници ,трката ја поминаа во предвиденото регуларно време,но за најголема пофалба се Михаловска Ружа,која и покрај старосната возраст стигна до целта без проблем  и Мишвски Зоран кој трката ја помина со својот ” верен придружник “белото стапче. Заедно со нив, како придружници трчаа и Коцева Алтана -Секретар во Здружението  на слепи и лица со оштетен вид Скопје и Димов Стерја генерален секретар во НССРМ. Слепиот човек,како и другите е човек,кој од останатите се разликува само по тоа што не гледа,останатите способности освен видот му остануваат исти.Сакавме пред јавноста да го промовираме активниот потенцијал, кај слепиот човек и колку    се можат останатите сетила да  надоместат. Веруваме дека ги охрабривме посебно помладите членови и дека идната година ке се пријават повеќе учесници на Скопски маратон.Тоа го потенциравме и во емисијата “Добро утро Македонијо” на Телма Телевизија ,на која бвме поканети и зборувавме за трката,а дел од минутите  во емисијата претседателката ,Петровска  Благица и секретарот  на здружението Коцева  Алтана ги искористија  за промовирање на други активности од членовите на Здружението.

[Best_Wordpress_Gallery id=”83″ gal_title=”Skopje5″]