Активот на жени членки на Здружението на слепи лица Битола согласно програмските активности за 2016 година на 29.05.2016 година ја реализира предвидената еднодневна екскурзија со посета на Националниот парк Пелистер. Вредните членки на нашето Здружение со своите вештини кои ги покажаја на денот на Велигденската трпеза која традиционално ја организираат во нашето Здружение ги потикнаа Унијата на жени на Вмро Дпмне-Битола и жените членки на еколошкото Задружение „Еко жена“ од Битола, да им донираат скромни финасиски средства со чија помош успеја да ја  организираат оваа дружба, каде жените на Здружението се дружеа меѓусебно целиот ден, дишеа чист воздух на убавиот Пелистер, а дружбата ја заокружија со заедничко кафе и убав ручек во прекрасниот хотел-ресторан „Молика“.

[Best_Wordpress_Gallery id=”91″ gal_title=”Bitola7″]